ЕВН Македонија, партнерот во мрежата на Економскиот факултет-Скопје, континуирано го поддржува професионалниот развој на млади и амбициозни луѓе. За таа цел го промовира проектот Trainees 2012 кој е дел од традицијата на компанијата за континуирано вложување во стручното и професионално усовршување на младите кадри. ЕВН Македонија со проектот Trainees 2012 нуди одлична можност за почеток и развој на кариера преку 1 годишна работа, ротација во повеќе организациски единици и специјализација на точно определена проблематика.
Услови за аплицирање за учество во програмата: • Апсолвенти или дипломирани (2009, 2010 година) на:
1) Електротехнички факултет – електро енергетика;
2) Економски факултет; Правен факултет – правни студии. • Познавање на англиски и/или германски јазик; • Познавање на Microsoft Office пакетот; • Желба за надоградување и продлабочување на стекнатото знаење; • Способност за решавање проблеми и развиени аналитички вештини. АПЛИЦИРАЈТЕ ВЕДНАШ!
Испратете Ваше CV – кратка биографија и мотивациско писмо најдоцна до18.11.2011 год. на e-mail: trainees2012@evn.mk
Сите кандидати кои ги исполнуваат критериумите имаат еднакви можности за избор. Изборот ќе се врши со претходно тестирање
и интервјуирање на кандидатите од страна на специјализирана консултантска компанија.
По завршување на едногодишната програма ЕВН Македонија нуди можност за редовно вработување на најуспешните учесници.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.