Мистичен
Човек
Мисија и цели
Мисијата на проектот е 40 студенти од Македонија, преку патување, директно да се запознаат со демократските вредности, навики и култури на земјите од Европа, и да ги промовираат и доближат тие вредности во Македонија. Во исто време студентите ќе ја промовираат и Македонија во Европа.
Целите на проектот се:
Критериуми за избор
Основни критериуми, вклучени во формата за апликација, а врз основа на кои жирито треба да ја донесе својата одлука и да ја направи селекцијата се следните:
Ќе бидат направени две листи со вкупно 40+ студенти- студенти кои студираат природни и технички науки (20) и студенти кои студираат општествени науки и уметност (20).
Линк до сајтот на проектот каде што може да се симне апликацијата.

- Младата академска популација од Македонија да има можност да ги запознае земјите, градовите и културата во Европа, по сопствен избор;
- Тие да бидат мисионери, кои ќе шират културен дијалог и размена, а во исто време пред граѓаните на Европа ќе ја претстават Македонија;
- Декларативната ориентација кон Европа, засилена со кандидатскиот статус, повеќе да не биде само фраза, туку да помине во искуство на најдиректен начин, а од сето тоа корист да имаат носителите на иднината на земјава;
- Подигање на нивото на свесност помеѓу младите за важноста од успешно образование, кое во поширока смисла може да влијае на изместените вредности настанати како резултат на транзицијата. Оваа активност ќе ја интензивира промоцијата на образованието, како начин да се успее во животот;
- Интелектуалната и културната елита на земјава да биде збогатена со значаен број на млади луѓе, кои во својата средина компетентно ќе можат да ја претстават Европа и вредностите на Европската идеја;
- Ова директно да влијае на земјите, потписнички на Шенгенскиот договор за либерализирање на визниот режим за граѓаните на Македонија, посебно за студентите и младите;
Критериуми за избор
Основни критериуми, вклучени во формата за апликација, а врз основа на кои жирито треба да ја донесе својата одлука и да ја направи селекцијата се следните:
- Кандидати кои можат да патуваат во рамките на проектот се студенти од завршна година на студирање или апсолвенти (кандидатите ќе приложат соодветна оригинална потврда од факултетот на кој што студираат, со која што ќе го потврдат својот статус)
- Достигнувања на студентите:А. Просечна оценка за време на студирањето поголема од 8,5 (кандидатите ќе достават оригинална потврда за положени испити и за средна оценка, издадена од факултетот)
Б. Година на студирање (кандидатите ќе достават потврда од факултетот и индекс за годината на која се запишани на студии)
- Познавање на јазици- Англиски, Германски, Француски, Италијански (кандидатите ќе имаат можност да го надополнат своето познавање на јазици)