Проблеми предизвикани од топлината

  • Креатор на темата Креатор на темата ***king***
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.633
Поени од реакции
1.669
Локација
Тука негде наоколу
Доаѓа лето не е на одмет да се знае!


Проблеми предизвикани од топлината


D13050CCD2DA8943BEE3F110C58F5533.jpg
Осип од топлина, грчеви, исцрпеност и топлотен удар - што е тоа и како да се препознае?

Што се топлотни осипи?
Надразнување на кожата предизвикано од прекумерно потење при топло и влажно време. Најчесто се јавува кај деца и тоа на вратот, градите, препоните или лактите.
Како да постапите?
Избегнуваје директно изложување на сонце и користете проѕирна памучна облека. Не се препорачува нанесување на кремови против алергија, а зафатените места треба да се одржуваат суви и да се третираат со детска пудра.

Што се топлотни грчеви?
Болни грчеви во мускулите кои се јавуваат по напорна физичка работа и тоа најчесто на рацете, нозете или стомакот. Лицата кои повеќе се потат се почувствителни и полесно можат да добијат топлотни грчеви бидејќи преку потењето се губи сол, а токму намаленото ниво на сол во мускулите доведува до настанување на грчеви.
Како да постапите?
Престанете со сите активности и седнете во сенка. Пијте вода, природни сокови или спортски напивки. Не продолжувајте со физичката активност ниту неколку часа по грчевите бидејќи може да се развие исцрпеност или топлотен удар. Ако грчевите траат повеќе од 1 час, задолжително побарајте лекарска помош.

Што е топлотна исцрпеност?
Здравствени проблеми што можат да се јават и неколку дена по изложување на високи температури ако внесувањето на течности е недоволно. На неа се најчувствителни постарите лица, оние со повисок крвен притисок и оние кои се физички поактивни.
Како се препознава?
Симптомите кои предупредуваат за појава на ова нарушување се замор, слабост, вртоглавица, главоболка, мачнина и повраќање, отежнато потење, бледа, ладна и влажна кожа, забрзан слаб пулс, забрзано и површно дишење.
Како да постапите?
Пијте многу течности, одморајте, туширајте се со ладна вода. Од топлинската исцрпености може се развие топлински удар, па ако симптомите потраат подолго од еден час, побарајте помош од лекар.

Што е топлотен удар?
Најтешкото здравствено нарушување кое се јавува поради губење на контрола над температурата на телото и неспособноста за ладење по пат на потење. Температурата на телото расте и до 40 степени во период од 10-15 минути. Ако не се препознае на време, може да доведе до тешки оштетувања на организмот, па дури и до смрт.
Како се препознава?
Топлотниот удар се препознава по црвената, топла и сува кожа (без потење), силна главоболка, мачнина, вртоглавица, забрзан пулс, висока телесна температура, несвестица.
Како да постапите?
Лицето кое добило топлотен удар не смее директно да се изложува на сонце и треба постојано да се полева со ладна вода. Контролирајте ја телесната температура се додека не дојде до 38 степени, повикајте лекар и во никој случај не дозволувајте конзумирање на алкохол.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom