Проблем со екранот на лаптоп

  • Креатор на темата Креатор на темата Arthokk Lionheart
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Пред некое време земав HDMI кабел за да го приклучам лаптопот со ТВ.Бидејќи ми фалеа драјвери за тоа симнав и морав да ја наместам резолуцијата.
Но иако се средив со драјверите,ми испадна друг проблем со екранот.
Имено,можам да гледам само на ТВ,а не на самиот лап топ,бидејќи екранот е премногу темен(не помага подесување на светлината на екранот,и не можам пак да гледам на лап топот и да е изваден кабелот од ТВ)
А на пример кога ќе го уклучам,за време на целиот star up и loading си покажува слика.Се додека не дојде да се појави десктопот тогаш веднаш се затемнува и речиси ништо не се гледа.
Ако знае некој што е проблемот и како да го решам,многу ќе ми помогне :)
 
Си пробал со Safe Mode да го стартуваш?
 
најверојатно изместени ти се подесувањата за слетлина/бои во драјверот за графичката. пробај стартувај го лаптопот во safemode.
 
Во сејф моуд,ок ми е екранот,ама резолуцијата ми е чудна и самиот десктоп.А и звукот ми прави проблем така.
 
1.Провери да не ти е исклучен екранот од лаптопот со некоја од fn функциите. Кај леново на F9 се исклучува екранот на лаптопот.
2.Провери во screen resolution ( win7 ) на кој екран ти дава слика. Одприлика слично е и на другите ОС.
3.Провери во сетинзи на графичката да не имаш промена на екран, светлина, еко мод или слично.
4. Избриши ги драјверите за графичката и инсталирај ги повторно.[DOUBLEPOST=1436134292][/DOUBLEPOST]
Во сејф моуд,ок ми е екранот,ама резолуцијата ми е чудна и самиот десктоп.А и звукот ми прави проблем така.
Во Safe mode работи без драјвери т.е. само со основните драјвери.
 
Најверојатно ќе треба да го носам,да го среди некој.Вака само во сејф моуд испаѓа да можам да работам на него..
 
Проби System Restore да му дадеш на датумот кога последен пат ти беше без проблем лаптопот. Би требало да ги врати старите драјвери.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom