Вчера играв COD во еден момент замрзна играта околу 3-4 секунди и се рестартираше компјутерот. Кога се уклучи резолуцијата беше 800x600 и не функционира графичката исто како да немам инсталирано драјвери. Пробав со реинсталирање на драјвери и System Restore Point, ама ништо. Исто така кога пробувам да отворам Nvidia Control Panel ми вика Application Stopped Working. Имал ли некој сличен проблем? Во device manager го покажува ова.
Доколку компјутерот е заглавен во послаба резолуција 640 x 480 или 800 x 600, тогаш проблемот може да лежи во драјверите кои можеби се неисправни.
Решение е инсталирање на најнови драјвери за графичката картица.
Но доколку ниту најнови драјвери не го решат проблемот, тогаш повеќе од сигурно е дека проблемот е хардверски, а не софтверски.
За почеток, можеш да ја извадиш графичката картица и да ја исчистиш од прашина, а откако ќе ја вратиш и ќе го вклучиш повторно компјутерот, провери дали кулерот работи без никакви пречки.
Доколку кулерот работи без никакви пречки на исчистена графичка картица, а компјутерот и понатаму е заглавен на послаба резолуција 640 x 480 или 800 x 600 со најнови драјвери, тогаш несомнено оксидирале пиновите на чипсетот и потребно е нивно менување.
Процесот на менување на пиновите на чипсетот се нарекува reballing и не е ни малку евтин, во К2 Лап Топ во Аеродром наплаќаат помеѓу 1.500 денари и 2.500 денари за менување на пиновите на чипсетот за графичка картица.
Има и друго многу поевтино решение, кај некои сервисери бесплатно, а тоа е загревање на чипсетот на графичката картица со воздушно лемило за да се синхронизираат меѓусебно, а таквиот процес се нарекува reflow, но не секогаш го решава проблемот. Понекогаш reflow го решава проблемот на краток временски период, поради што после отприлика 1 или 2 месеца повторно ќе се појави проблемот.
Од гледна точка на квалитет, reballing е долгорочно решение, поради што проблемот не би се појавил повторно, но само доколку reballing - от е извршен квалитетно. Од друга страна, reflow исто така може да биде долгорочно решение, но најчесто е краткотрајно решение, поради што проблемот повторно се појавува после некое време.
Од лично искуство со К2 Лап Топ во Аеродром не ги препорачувам ниту за reballing, ниту за reflow, бидејќи месец дена после reballing повторно се појави проблемот исто така на графичка картица од GeForce 8 серијата, поконкретно на графичка картица GeForce 8800 GT. Очигледно извршиле неквалитетен reballing и затоа проблемот повторно се појави после месец дена.
Во периодот од 2006 до 2009 година, се појавија бројни проблеми кај многу графички картици од GeForce 8 серијата, за што NVIDIA заработи бројни тужби и мораше да исплаќа огромни обештетувања.
Во 2013 година, Риверсофт - кои повеќе не постојат и не функционираат од летото 2014 - се обновија со професионална reworking станица за сервисирање на чипови и чипсети, но не беа баш евтини.
Поисплатливо ти е да купиш нова графичка картица за 60 евра или повеќе, отколку да даваш пари за reballing, но доколку си одлучен да ја сервисираш графичката картица, тогаш ќе мораш да најдеш сервисер кој врши квалитетен reballing, а да не е многу скап.
Можеш да ги провериш и кондензаторите, доколку се надуени, тогаш потребно е нивно менување, а тоа е многу поевтино во споредба со reballing - от, кој може воопшто и да не биде потребен доколку проблемот е во кондензаторите. Кондензаторите може да ги смени било кој сервисер со лемило кој се занимава со одлемување на неисправни делови и нивно заменување со лемење на нови исправни делови.