Не атмосферски притисок, нити пак крвен. Целам на притисокот под кој е изложен еден работник од неговиот претпоставен, мислам на притисокот кога времето ве гази а вие не сте ни на пола пат, притисокот кога студентот утредента има испит, а не го ни прочитал материјалот... тој вид на притисок?
Подобро ги завршувате обврските кога сте опуштени, или кога времето ве гази и сте под притисок. Како ја гледате оваа ситуација, позитивно или негативно влијае врз вашите пресуди?
Изволте.
Кога сум опуштена и го имам целото време на светот за извршување на некоја обврска, се доопуштам до крај со муабетот: Ај за еден саат, ај вечер, ај утре, ај петок, ај недела ...
Значи без оглед на се`, јас секогаш и се` завршувам под притисок. Колку и да имам време, секогаш во последните 2 минути завршувам тоа што треба. Идиот сум знам и многу се нервирам поради оваа моја карактеристика, ама неможам да се сменам иако сакам и се трудам.
А кога имам приситок без избор, помалку лошо ми делува. Знам сум немала време и можност ништо да средам порано, па тоа е тоа. Нема за што да се нервирам и каам и брзам да средам што треба.
Притисокот е добра работа, т.е. подобра во вториот мој случај. Додека помине, од стрес можам и да се разболам, но се` трае многу помалку.
Во првиот случај цело тоа време додека си одложувам сум многу и подолго вознемирена, па нормално дека ми влијае полошо.
Jas denovive sum pod pritisok od eden prijatel... Ama uspesno se spravuvam
И да, немојте со вакви несодржајни коментари, дека ем уништувате тема, ем ништо не кажувате.