Пристигаат гигахерцни мобилни!

  • Креатор на темата Креатор на темата Extream
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 октомври 2008
Мислења
1.237
Поени од реакции
30
Веб-сајт
www.ekarta.com.mk
Дали телефоните ке ја надминат брзината од печетните PC pentium4

Toshiba го најави првиот smartphone базиран на гигахерцниот Qualcomm процесор Snapdragon. Телефонот со ознака TG01 користи Windows Mobile 6.1 оперативен систем, дебел е 9,9 милиметри и има 4,1-инчен екран осетлив на допир, со резолуција од 800 x 480, способен да прикаже 384 илјади бои. Тука е поддршката за 3G HSPA, Wi-Fi и GPS.

toshiba-TG01_2.jpg


Qualcomm процесорот Snapdragon е прв процесор базиран на јадра со ARM работен такт од 1 GHz, а подржува репродукција на содржина со висока резолуција (720 пиксели), 3Д графика, XGA екран, мобилна телевизија, и 12-мегапикселна камера. Од Qualcomm веќе најавуваат и двојадрен процесор кој ќе работи на такт од 1,5 GHz и ќе поддржува HSPA+, видео со full HD резолуција (1080 пиксели) и интегрирана графичко јадро изработено до AMD.

toshiba-TG01_5.jpg
 
Сега за сега се гушат на некои 400-500 MHz ама се надева дека ќе почне и сериско производство на комерцијалните телефони со посилни процесори.
 
имаше едно телефонче со 830мхз :/ не ми текиње на кој бренд беше дали хатеце дали самсунг :/ или мот.
 
Колку време му трае батеријата на телефонов?
Најголеми пречки во правењето на мобилни телефони со појак процесор се трошењето на електрична енергија и греењето. Поради мобилноста, тешко е и двете работи да се отстранат. Едноставно, поголема батерија го уништува целосно телефонот, а мора да признаете дека ваков кулер не му лежи
cpu_cooler_charts_2008_part_iii___e6300_e6400_box.jpg

Башка што мобилните телефони и немаат потреба од некој јак процесор. Основните задачи (разговор, слушање музика, менаџирање контакти...) можат сосема добро да ги извршат и на процесор со помала моќ од 200MHz.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom