Мартин$
Модератор
- Член од
- 2 март 2007
- Мислења
- 5.234
- Поени од реакции
- 148
29.09.2007. http://www.zoolum.com/interesting/index.php 15 годишниот Андреј Шчербаков од Пермската област на Урал направил лудост која водечките руски стручњаци не можат да ја објаснат. Од Перм до Москва прелетал во складиштето за тркалата и останал жив. Кога во Москва излегол од отворот каде се вовлекуваат тркалата полицаец го запрашал: "Од каде ти на пистава?", "Од авионот", одговорило детето и му ги покажало премрзнатите раце. Претходно Андреј се расправал неговиот татко и решил да избега од дома. Во фамилијата Шчербакови со пет деца, мајката работи во пилана, а таткото добил отказ во пекарата каде што работал заради пијанство. После расправијата со таткото Андреј избегал и преспал кај неговата баба. Од неа зел 1.500 рубљи (40 евра) и решил да го "види светот". Отишол на аеродромот во Перм, индустриски град на Урал, ја прескокнал оградата и дошол до авионот TU-154 на "Атлант Сојуз".
"Се приближив до авионот и се протнав низ отворот во кој се вовлекуваат тркалата. Брзо заспав бидејќи два дена претходно лутав. Сега сите ме прашуваат дали сум ја измислил приказната и зборуваат: Ти не би издржал на температура од минус 50 или 60 степени. Јас на ништо не се сеќавам", објаснува Андреј кој се пробудил во Москва, кога излегол од отворот, облечен во кожна јакна, фармерки и патики.
По Андреј во Москва дошла неговата мајка и го одвела дома. Рацете му се во завои, ама докторите кажуваат дека е добро што ги чуствува прстите, што е знак дека ќе се опорави.
"Готово е невозможно да се издржи два часа на висина од 10.000 метри на место кое не се грее и каде воздухот е многу редок", кажува др Александар Попов, раководител на одделението за екстермална медицинска помош при Центарот за давање помош при катастрофи.
Објаснува дека момчето теоретски можело да биде во кома зошто организмот се полека се ладел и се помалку добивал кислород. Но многу нискиот притисок морал да се одрази на мозочните ќелии на момчето.
На ист начин во 2001 година 24-годишен студент се обидел да побегне од Русија во Германија. Пилотот предупредил дека не се исправни десните тркала. Покасно техничарите во Франкфурт го откриле мртвото тело на рускиот студент.
:nikako: :nikako: :nikako: