Препорака за добра ИТ компанија/фирма во Скопје

Член од
29 октомври 2011
Мислења
14
Поени од реакции
0
Возраст
120
Кои се Вашите препораки за добра ИТ компанија/фирма во Скопје?
Под добра подразбирам следно:
1. Платите да се од 500 евра нагоре
2. Работното време да е дефинирано и да се плаќа прекувремената работа
3. Да нуди онолкаво растење во кариерата колку што сака поединецот - работник, без да инсистира на ништо, ниту пак да приговара доколку се спротивстави вработениот на дадената можност
4. Да има менаџмент кој е отворен кон вработениот и знае да ги чуе и има силна желба да размисли и соодветно да одговори и да излезе во пресрет на неговите потреби / предлози / прашања / спротивставувања...
5. Да има тим кој напредува и кој мотивира да се напредува и кој нуди поддршка и помош

Ова не се високи стандарди, само е барање на нормални услови за работа во ИТ, и тоа, очигледно, услови - не за некого кој сака да тепа време на работа, а ништо корисно да не прави, туку сака сериозно да работи, напредува и постигнува резултати

Во секој случај, споделете какви и да имате сознанија за ИТ бизнисите низ Скопје.

Мене лично би ме интересирало многу повеќе компанија/фирма во која се работи веб, но би сакал да чујам и за компании/фирми во кои се работи и друго од областа на ИТ (Ве молам, наведете што од овие се работи во фирмата која ќе ја посочите)

Благодарам!
 
^ Колкуу години имаш и дали воопшто знаеш нешто за ИТ компаниите и платите на тие што работат таму? билдање постови само -.-
 
Искрено,мислам дека нема да најдеш фирма која че плача 500+ евра месчно.:)
има има... само не си доволно информиран. Секако, самата финансиска надокнада не ја креира целата сатисфакција од работата, зар не?
--- надополнето: Oct 28, 2011 11:58 PM ---
^ Колкуу години имаш и дали воопшто знаеш нешто за ИТ компаниите и платите на тие што работат таму? билдање постови само -.-
За мене е прашањето?
 
Обично кога има отварања за работа од ИТ секторот објавуваат на http://it.com.mk/kariera/
А за условите што ги бараш не знам дали сите компании/фирми што се огласуваат таму ги нудат.
 
Обично кога има отварања за работа од ИТ секторот објавуваат на http://it.com.mk/kariera/
А за условите што ги бараш не знам дали сите компании/фирми што се огласуваат таму ги нудат.
ги знам тие на it.com.mk, ама не сум сигурен дека секое отворање на ново работно место во ИТ го има таму. Затоа сакав да зборнам со форумџиите на кајгана
 
Да погодам ти си или при крај на факултет или само што си завршил и бараш работа со која ќе си платен 500 евра па нагоре?
Мислам дај жити се, реалноста не е таква кај нас, освен ако немаш 7-8 години искуство во ИТ не очекувај плата од 500 евра па нагоре.
 
сосема погрешно.
1. не сум при крај на факултет (завршив пред повеќе од 5 години).
2. плата од 500 евра се добива и со 2-3 години искуство и квалитет во работењето и излегување во пресрет на потребите на компанијата/бизнисот (знам дека има такви случаи, ги познавам лично)

не е наивно прашањето што го поставив
 
хахахаха дечко што праиме со 2 години искуство и дај те молам кога ке отворам на форумов да не ме фркне глава од вкви постови па и у графички дизајн .Инаку се е во искуството колку повеке искуство толку поголема плата искуството ти го плаќаат кога ке згусне ти си тој што треба да ја спасува фирмата натебе се смета цела одговорност дека ти ке ја средиш работата што другите незнаат тоа го плакаат тоа се цени кај искуството .И да ти напоменам секако искуство не е у на тате фирмата сум седел 2 години и ја сум и.т друго ти за тие 5 години верувам дека не си стекнал доволно знаење затоа што се гледа веднаш во постов поз и мн сеќа ;)
Не дека сакам да те разубедам има 500 евра плата во one T-home , EVN , vip , vlada , ministersva , posta , banka , со мин. 5 години искуство и мин. 3 препораки неколку дипломо од крсеви како cisco ,microsowt, и мн труд вложен значи тие се 5 те години кои треба сето ова да го стекнеш за да бидеш профи и.т
 
Плата над 500 евра можеш да земеш ако работиш како сервисер (барем тие повеќе земаат плата за разлика од тие што продаваат само, но треба големо искуство да имаш). А да работиш како обичен продавач само, не ми се верува дека плаќаат толку многу. Иначе, ти имаш разбирање, барем некоја основа околу ИТ?
 
хахахаха дечко што праиме со 2 години искуство и дај те молам кога ке отворам на форумов да не ме фркне глава од вкви постови па и у графички дизајн .Инаку се е во искуството колку повеке искуство толку поголема плата искуството ти го плаќаат кога ке згусне ти си тој што треба да ја спасува фирмата натебе се смета цела одговорност дека ти ке ја средиш работата што другите незнаат тоа го плакаат тоа се цени кај искуството .И да ти напоменам секако искуство не е у на тате фирмата сум седел 2 години и ја сум и.т друго ти за тие 5 години верувам дека не си стекнал доволно знаење затоа што се гледа веднаш во постов поз и мн сеќа ;)
Не дека сакам да те разубедам има 500 евра плата во one T-home , EVN , vip , vlada , ministersva , posta , banka , со мин. 5 години искуство и мин. 3 препораки неколку дипломо од крсеви како cisco ,microsowt, и мн труд вложен значи тие се 5 те години кои треба сето ова да го стекнеш за да бидеш профи и.т

Wrong, дипломите не ти значат многу.Стана практика да се вреднува знаењето па наместо да ја погледне дипломата ке те седне пред компјутер и ке го провери знаењето.
Добро е да се имаат но не се задолжителни.
 
Сепак се филтер.
Така да мора да се имаат и дипломи и знаење.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom