[Предизвик] Сочуство во акција!

  • Креатор на темата Креатор на темата VasilK
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 ноември 2008
Мислења
22
Поени од реакции
6
Веб-сајт
www.dobro.com.mk
„Кој прима едно такво дете во Мое име, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Ме прима Мене, туку Оној, Кој Ме пратил.”
- Евангелие по Марко 9:37, Библијата


Здраво драги браќа и сестри!

Би сакал да споделам нешто со вас еден проект / акција за која дознав пред некоја недела: Compassion International

Целта е ослободување на децата од сиромаштија во име на Исус. Проектот е започнат во 50тите години (во Кореа) и моментално се поддржуват повеќе од 1 милион деца во 25те најсиромашни земји низ целиот свет. Замислата е воспоставување на долгорочна врска помеѓу едно дете од најсиромашните држави со еден човек од другата страна - луѓе како нас!

Тука може да видите и 2 од многу сведоштва на деца кои израснале како дел од овој проект:


И сега... некој би се замислил што имаме ние (граѓаните на Р. Македонија - особено христијаните) врска со овa? Како би можеле ние да помогнеме, а живееме во таква сиромашна држава? Ако ја посетите страната Global Rich List и ја внесете просечната македонска плата од 300евра месечно, ќе го добието ова:

MacedonianGlobalRichList.png

Значи, во целиот свет ние сме во 15тете проценти на најбогати луѓе... или сликовитo, ако сте во друштво со 10 луѓе од целиот свет, само 1 од тие 10 ќе се побогати од вас.


И сега, предизвикот до нас: браќата и сестрите во Исус - дали и што можеме ние да направиме во врска со ова? Дали би можеле и во пракса да го ставиме учењето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос? Ова е само една опција - има и многу други... а нормално, да не заборавиме и за луѓето во потреба од нашето маало, град и низ Македонија.


Поздрав и Божји благослов!
ВасилK
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom