Правата на жените -муслиманки

  • Креатор на темата Креатор на темата ADVISOR
  • Време на започнување Време на започнување

ADVISOR

barca & inter
Член од
4 јуни 2009
Мислења
799
Поени од реакции
16
Откако го ревидираше законот за брачно силување, авганистанскиот претседател Хамид Карзаи низ дупка во законот го протурка во форма на брачна проституција. Во превод - сопругот може да не и дава храна и пари на сопругата доколку таа му одбие разумно сексуално задоволство.

„Имаше некакви протести против законот и демонстрантите бараа некакви промени во законот“,вели една Авганистанка.

И додека жените млако го кренаа гласот против враќањето на талибанската репресија, за мажите исламскиот закон е и уставен и безгрешен.

„Законот што го направиле свештениците и почитуваните луѓе е во ред и добар за муслиманското општество. Општиот закон е исламски закон и тој што ќе впери прст во него ќе го впери против исламскиот закон. Според исламот, законот е коректен и добар“, смета Мулр Мохамед Сален, локален жител.

Така авганистанките паднаа како жртва на претседателските избори - Карзаи го донел законот за да го смири Шиитското малцинство и да ги купи неговите гласови. Иако парламентот ќе може да го преиспита и да го смени законот дури по изборите, од парчето хартија поважен е менталитетот.

„Не можеме да го смениме животот на авганистанската жена со парче хартија, без разлика дали тоа е уставот или шиитскиот закон за семејство. Тоа што треба да се смени е праксата во Авганистан“, изјави Шинкаи Карокел, пратеничка во авганистанскиот парламент.

Карзаи си ги обезбеди гласовите на шиитските мажи без да си повлијае на гласовите од жените - и тие ќе гласаат за него бидејќи мнозинството се необразовани, се срамат да тропнат на вратите од судовите, а и не се информирани дека им скроил таква судбина.


Religiskiot aspekt na ovaa vest :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom