- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.187
- Поени од реакции
- 1.358
ЕВРО-АТЛАНСКИ ИНТЕГРАЦИИ
Европскиот парламент ја усвои Нацрт-резолуцијата за напредокот на Македонија во 2008 година (ДПЛ)
Скопје, 21 јануари (МИА) - Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент претпладнево, со 64 гласови „за“ и седум „против“, ја усвои Нацрт-резолуцијата за напредокот на Република Македонија во 2008 година, подготвена од известувачот Ерих Мејер, соопшти денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски.
Тој посочи дека се усвоени седум амандмани кои биле усогласени меѓу политичките групи.
- Европскиот парламент го поздрави националното и партиското единство за исполнување на критериумите за членство во ЕУ. Ова претставува посебно значаен заклучок затоа што Европскиот парламент го согледува и консолидирањето на политичкиот дијалог во Република Македонија, посочи Боцевски.
Тој рече дека Европарламентот го поздрави напредокот во дијалогот за визната либерализација и постигнувањето на земјата во поглед на барањето за симнување на визниот режим.
- Европскиот парламент ги забележа потешкотиите со кои се соочуваат граѓаните на Република Македонија поради непризнавањето на пасошите од страна на една земја членка. Парламентот ја повика Европската комисија што поскоро да препорача визна либерализација и укинување на визите. Го поздрави напредокот во примената на Спогодбата за либерализација и асоцијација, во Рамковниот договор и напредокот во поглед на постигнување на осумте одредници од ЕУ, истакна Боцевски.
Европскиот парламент, потенцира тој, изрази жалење што три години по стекнувањето на кандидатскиот статус земјата се уште ги нема отпочнато преговорите и оцени дека тоа е неодржлива ситуација со демотивирачки ефекти за земјата, нешто што Македонија активно го претставува како факт.
- Во таа смисла Европскиот парламент смета дека е пожелно на оваа ситуација да и се стави крај и бара Советот да го забрза процесот за донесување одлука за почеток на преговорите во текот на оваа година. Република Македонија со задоволство го поздравува овој чекор на Европскиот парламент, ја поздравува Резолуцијата на Европскиот парламент и очекуваме дека таа ќе биде усвоена на пленарното заседание и бараме и останатите инститиции на ЕУ да го следат овој пристап, додаде вицепремиерот Боцевски.
http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=125&lId=1