Послабата или посилната страна?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
При жустра дискусија, доколку немам некој конечен став на темата, најчесто застанувам на страната на помалубројните. Тоа не е толку од желба да се помогне и одбрани послабиот, колку што е од пуста мака цел живот да се контрира. :icon_lol: Кога се гледа фудбал, секогаш навивам за клубот кој е најомразен меѓу друштвото во кое се наоѓам, повторно поради контрање, и заебанција, пошто знам дека напалените навивачи се нервираат, а мене ми е сеедно кој ќе победи. :icon_lol:

Иначе нормално е дека ќе застанам на страната на тој чии мислења се поклопуваат со моите, настрана од ваквите контрашки ситуации.
 
...ма неам појма..на онаа страна која мислим дека треба..на онаа која едноставно има исто мислење ко мене...на онаа страна која сум и потребна хахха..:toe:
 
јас сум СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА ПРАВДИНАТА,
ако реметат некој , секогаш сум на негова страна ,
 
Ако треба да избирам страна помеѓу две кои не се согласуваат, најчесто си ја избирам таа со чие мислење или став се сложувам. Велам најчесто, бидејќи не е секогаш така. Се случува некогаш да застанам на послабата страна, доколку е премногу притисната и веќе почнува и да се вреѓа и сл. Тогаш знам да застанам демек во одбрана, само за да не бидам уште една што ќе напаѓа немоќни луѓе.
На форумов ... доколку мојот став не е цврст и ми зависи од многу работи и ситуации, секако повторно ја фаќам послабата страна. Посебно ако се тоа помалку форумџии или еден и се грубо нападнати со провокации, вреѓања и омаловажувања. Т.е. кога ќе размислам во такви ситуации и цел став би сменала. Не ми е добро за очи да гледам послаби луѓе, без оглед што тоа не значи дека не се способни сами да си го одбранат своето мислење. Посебно кога се работи за ремет ... неможам да се приклучам на страна на реметачите, бидејќи секогаш ми е жал за поединецот кој го трпи тоа. Ако неможам да го одбранам некако, си преќутувам, но во никој случај не му наштетувам.
Кога гледам натпревар, посебно фудбал, доколку не игра мојот тим секогаш навивам за послабите. Ако победат, среќна сум исто како што сум среќна кога тепа Јувентус на пример. :vozbud:
И така ...:salut:
 
Кога треба да одберам страна или нешто ми е најлошо. Би ја одбрал страната на тие кои што мислам дека се во право па сега дали се стварно во право или посилни послаби, но во такви незавидни ситуации најчесто гледам да се ставам во неутрална позиција доколку ги познавам двете страни и нејќам да се расправам со нив. Тогаш си го држам растојанието и ги оставам тие нека си бркаат работи.
 
Јас не останувам равнодушна ,особено ако се напаѓа послаба личност и од сеир . Инаку во равноправна дискусија застанувам зад страната чие мислење го делам. Во форумов си го искажувам моето мислење. А во фудбол скоро секогаш сум контра на машката навивачка екипа ,за да биде поинтересно,или за послабиот.
 
Кога гледате некој спортски натпревар со друштво ... за кого навивате доколку не игра вашиот тим? Застанувате на страна на навивачите за послабиот тим или на другата?




navivam za dobru utakmicu :tv::tv::tv:
 
Кога гледате некој спортски натпревар со друштво ... за кого навивате доколку не игра вашиот тим? Застанувате на страна на навивачите за послабиот тим или на другата?




navivam za dobru utakmicu :tv::tv::tv:

Чоек да објаснеше малку поубаво пошто ова со некои ситуации нема никаква врска. Фудбал си е фудбал овде никој не потенцираше фудбал. Да беше за фудбал у друга тема ќе беше темава.
 
На првата страна се имам искажано околу проблематикава, но сега имам потреба да ја илустрирам со пример. Разгледувајќи ја галеријата, наидов на една фотографија од собиранката на која беа сликани некои дечки. И сега, момчињава се дотерале како што мислеле дека треба, значи дошле, ја испочитувале Кајгана, а други, во случајот посилната страна, удираат сеир и уживаат во моменталната надмоќ. Без осет, човече. Можеби и јас се согласувам со вкусот за мода со оние кои критикуваат, ама нема да го искоментирам гласно зашто е невкусно да навредуваш.

Ај :salut:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom