Кога е здравјето во прашање често се смета дека жените се поздрави и поотпорни ( а со самото тоа и посилни), но и тоа не е сосема точно...
Воглавно мажите важат за посилен пол, а жените за нежен или поубав пол, но неретко се испоставува дека жените во нешто се посилни од мажите. Кога е здравјето во прашање често се смета дека жените се поздрави и поотпорни ( а со самото тоа и посилни), но и тоа не е сосема точно.
Точно е дека имуниот систем на жените, генерално земено е посилен од имуниот систем на мажите. Ова и не е толку необично, со оглед на тоа дека женското тело е предвидено за одгледување и развивање на нов живот, па е неопходно телото да биде поотпорно на инфекции и потреси за да се одржи новиот живот.
Една од предностите на жените во поглед на отпорноста е секако хормонот естроген - се до менопауза, т.е се додека трае репродуктивниот период овој женски полов хормон ја штити жената од срцеви болести и ги прави нејзините коски поотпорни. Освен тоа, факт е дека жените, во просек живеат подолго од мажите (добар дел од ова се должи на фактот што жените многу повеќе внимаваат на своето здравје и не се двоумат да побарат лекарска помош кога им е потребна) - во Македонија очекуваниот животен век за жените е 75 и пол години а за мажите 70 ( на светско ниво, просечниот живот на жените трае 67 години, а мажите живеат околу 63 години).
Но, не е се на страна на дамите. Жените се поподложни на автоимуни заболувања како артритис и мултипла склероза. Освен тоа жените се трипати повеќе подложни на депресија во однос на мажите.
На крај се испоставува дека како и кога е во прашање интелегенцијата - нема победник - и мажите и жените имаат слабости и силни страни.