Поради недостаток на информации по интернетов решив да се обратам тука за неколку совети и помош доколку некој може да ми помогне.
Значи вака, планирам утре заедно со девојка ми да го посетиме Берово, бидејќи има години и години откако последен пат бев таму а девојка ми додуша и никогаш не била и затоа би сакал да ја изненадам со едно вакво мало патување. Секако, би сакале да го видиме и Беровското Езеро.
Имам две прашања, според оние од вас кои биле или живеат во Берово, кои се места би требало да се посетат и видат?
Дали страната http://www.booking-macedonia.com/ е сигурна и дали би можел да направам сигурна резервација во некој од хотелите или мотелите што ги има на неа?
Досега не сум имал искуство со страната, додуша и нова е, дознав за неа преку некој од нашиве интернет портали како Кајгана, ИдиВиди итн. пред скоро време дека е отворена со цел полесно резервирање на хотели, мотели и сл. низ Македонијава наша.
Би ви бил многу благодарен доколку можете да ми помогнете!