Посебно место

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Имате ли место каде се чувствувате безбедни од секој човек на светов? Имате ли некое посебно место каде можете да се скриете и од сопствените мисли и емоции бар на кратко?
Постои ли таква локација која ви дава потполно спокојство без разлика на проблемите кои ви ги донел денот?

Можеби во парк, на клупа во населба, во најголемата гужва во градот...

Си правите ли често изолација од околината и од она што ви збори од внатре само за да здивнете на кратко и да одморите буквално од се и дали имате често потреба од тоа или ви е едноставно навика?

Лично мене многу ме смирува и ме оттргнува од секакви мисли погледот према Водно од терасата над зградата. Порано многу често одев и се исклучував од сè што на било кој начин беше поврзано со мене. Сега, пробувам изолацијата да ја правам на било кое место, само поради тоа што понекогаш немам време да ја посетам терасата каде успевам потполно да се смирам.
 
Имав на Кале, ама после политика и ... :(
Секој ден од школо идев таму одмарав и се враќав дома, кога и да бев тажен бев таму или на патека ме опушташе тоа.
 
Да, во моето засолниште од нуклеарно зрачење се чуствувам најбезбеден и најспокоен :D

... и се исклучував од сè што на било кој начин беше поврзано со мене...
Понекогаш е подобро да се завртиш и да потрчаш кон тоа од што бегаш.
 
Да, во моето засолниште од нуклеарно зрачење се чуствувам најбезбеден и најспокоен :D


Понекогаш е подобро да се завртиш и да потрчаш кон тоа од што бегаш.
А понекогаш е подобро да оладиш од се околу тебе :)
 
Помеѓу непознати луѓе кои што брзаат некаде и не ги интересира ништо околу нив, само гледаат да стасаат таму каде што тргнале, тогаш и јас можам да се сконцентрирам на нешто или да се опуштам доволно па дури и да не мислам на ништо.
 
Најчесто одам на езеро во Прилеп онака седам кај браната едно сат време пијам едно кафе две три цигарчина :свиркам: и после сум кул.
 
Имате ли место каде се чувствувате безбедни од секој човек на светов? Имате ли некое посебно место каде можете да се скриете и од сопствените мисли и емоции бар на кратко?
Постои ли таква локација која ви дава потполно спокојство без разлика на проблемите кои ви ги донел денот?

Можеби во парк, на клупа во населба, во најголемата гужва во градот...

Си правите ли често изолација од околината и од она што ви збори од внатре само за да здивнете на кратко и да одморите буквално од се и дали имате често потреба од тоа или ви е едноставно навика?

Лично мене многу ме смирува и ме оттргнува од секакви мисли погледот према Водно од терасата над зградата. Порано многу често одев и се исклучував од сè што на било кој начин беше поврзано со мене. Сега, пробувам изолацијата да ја правам на било кое место, само поради тоа што понекогаш немам време да ја посетам терасата каде успевам потполно да се смирам.

Имам, причината што ги пишував постовите во темата „ Во врска со љубовта сакам да ти кажам дека...“
 
Кога бев послободен честопати одев на Водно.Бидејќи ми е блиску.Ранецот ќе го земев во него вода, овошје со себе и кога ќе се искачев до некаде уживав во погледот кон Скопје.Најубаво си поминував, буквално како во друг свет да се наоѓам подалеку од се......
Сега тоа време ми недостига, немам време.
 
Дворот на баба и дедо :) посебно на пролет и есен. На падините на Водно скриена од се’ и од сите.
и има уште едно место. Се вика Коломенское и е еден најпрекрасен парк во Москва. Во тој парк има шума, а во шумата длабоко една прекрасна црква. Една клупа и поглед на Москва, и на градот и на брегот на реката... :)
 
Многу често ми се случува да добијам потреба да се изолирам од светот и од се околу мене. Да бидам сама со себе и со своите мисли. Понекогаш имам толку многу болка насобрано во мене, што едноставно само сакам да избегам од било каков контакт со било кого.

Имам неколку места на кои одам кога сакам да се исклучам од светот, а понекогаш пак само лутам онака без никаква цел, си се шетам сама.

Има едни лулашки кај мене до мојата зграда и многу сакам да си седнам на лулашката, да ставам слушалки во уши, да си запалам цигара и едноставно да го одморам мозокот или пак да си ги средам сопствените мисли.

Исто знам сама да си седнам во кафиќ, и тоа ми помага доста, да се разбистрам сама себе.
 
  • Маркови Кули (кај крстот)
  • Кај Слонот
  • Могила на непобедените (паркот)
 
Да, на пуст остров. Да си кулирам, со ништо да не се замарам. Сам, изолиран....
 
Немам, уствари имам, мојата тераса, уф..колку ми фали летото.
 
Имам едно ново два пати за две недели одам сега се вратив со кучето на рид под бор дрвја. Тивко мирно од тука се гледа цел град замагленост загаденост, кога одевме немаше луѓе и бучава која што ја прават, само природна тишина.
И сега бидејќи сум многу одговорен иако не изгледа баш така кога одевме малку бев загрижен за кучево да не уплаши некого, не каса само скока за играње. Инаку како одам по козја патека тој одржува одреден радиус околу мене, и не секогаш можам да видам или знам каде е тој знае кај сум јас и понекогаш ќе претрча или изрипа од некоја карпа блиску до мене :icon_lol:.
На враќање имаше луѓе па го фатив да поминат, инаку супер местенце сигурен сум дека имам поминато низ него и порано и мислам дека ми е реоткриено.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom