Порано или сега?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sungerot Bob
  • Време на започнување Време на започнување

Кога вашиот живот бил поубав, порано или сега?


  • Вкупно гласачи
    74
Дефинитивно порано.Поефтин живот, безгрижен, луѓето од моето опкружување не беа со згрчени и нервозни лица како што се сега на пример, сега влези во пет часот наутро во автобус и погледни ги луѓето кои одат за на работа, уморени се од животот повеќето, без да ти го кажат ова ќе го забележиш ти.А исто така очигледно е дека порано било подобро; зачестеното отворање на теми од ваков тип на овој форум и тоа сè повеќе и повеќе од млади лица е најголемиот доказ за тоа.
 
Се би дал да сум се родил во 60-тите, но за жал не сум, роден сум 90-тите. Порано животот бил многу подобар одколку сега. Децата уште од мали нозе знаеле да работат, имале почит кон повозрасните, играле детски игри, дружби.. Осумнаесетите години ги минувале со дружби, шетање , Штипското корзо, песни и сл. Денес децата се од лигави по лигави, за жал. Не знаат што е живот, незнаат како е да си играт да помогнат подома нешто, почит кон повозрасен е сведено на најниско можно ниво.. Денеска излават по дискотеки пијат пушат дрогират се уништуват се, но парата го праве своето... Можеби ке кажете дека немам право да го пишувам ова, бидејки немам живеено во тоа време, но ова е моето мислење. СЕ БИ ДАЛ ДА ЖИВЕАМ БАРЕМ ЕДЕН ДЕН ВО ТОА ВРЕМЕ, ЗА ДА ЗНАМ ШТО Е ЖИВОТ, А НЕ СЕГА СЕ Е ОД КОРИСТ, ЉУБОВ КАКО ШТО ТРЕБА МНОГУ ТЕШКО ДА НАЈДЕШ, ДРУГАРСТВО НЕМА ИТН. позз


Sent from my iPhone using Tapatalk - now Free
 
Дефинитивно порано.Поефтин живот, безгрижен, луѓето од моето опкружување не беа со згрчени и нервозни лица како што се сега на пример, сега влези во пет часот наутро во автобус и погледни ги луѓето кои одат за на работа, уморени се од животот повеќето, без да ти го кажат ова ќе го забележиш ти.А исто така очигледно е дека порано било подобро; зачестеното отворање на теми од ваков тип на овој форум и тоа сè повеќе и повеќе од млади лица е најголемиот доказ за тоа.

Ко да си им ја испоубил цела фамилија(така иде зборот) ... баш такви погледи ... и јас го приметувам тоа ... :)
Остај тоа него интересно е и тоа што покрај лицата од подолните социо-економски слоеви исто така и голем број на ситуирани луѓе со колку-толку солидни и стабилни работни места и редовни плати приметувам дека се генерално незадоволни од животот, депресијата е се поприсутна и кај средовечните но и кај младите луѓе, желбата за дружба скоро и да не постои повеќе ОК и технологијата да признаеме си го направи своето, до пред 10-15 год. немаше ниту интернет, ниту пак мобилна телефонија а и доста ретко кој имаше компјутер, тогаш постоеше онаа реална дружба надвор на улица, пред куќа, пред зграда, во училишниот двор, во најблиското паркче и.т.н. а сега претежно зад монитор(виртуелна дружба), се повеќе луѓе и машки и женски се изјаснуваат како осамени а и не мислам дека овој тренд е присутен само кај нас туку и многу пошироко во глобални рамки(особено кај западната цивилизација во која и ние спаѓаме какви и да сме со цепани гаќи или не вотева) !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom