Помош за надоградба на РС

  • Креатор на темата Креатор на темата Ficiani
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
Локација
Скопје
Вака дечки, не се лутете и извинете ме али и тука ќе позамарам. Морам да прашувам што повеќе луѓе за мислења иначе отидоа јабана парите. Значи на 2-3ца дечки им пратив приватна порака (copy paste) со истава содржина, така да не е потребно и во оваа тема да одговарате, оние кои им пратив ПП.
За оние другите, добредојдени се секакви предлози.

Значи јас сакам да склопам нови делчиња во компјутеров, очигледно.

Моментални делови за продавање (сите се стари од 2008ма):
1. ASUS P5QL Pro 775 socket - 1,500 ден.
2. RAM 4GB Corsair - 1,500 ден.
3. Intel Q9400 2.66GHz - 2,500 - 3,000 ден.
4. 650W Spire Jewel - /
(од поскапите и тешките PSU-a)
5. Radeon HD5870 1GB - не ја продавам.
------------------------------------------------------------------------

* Можна опција за купување #1.
- AMD FX8320 AM3+ socket - 8,570 ден.
- ASUS M5A97 R.20 AM3+ - 4,600 ден.
- Patriot DDR3 2x4GB RAM - 3,300 ден.
ВКУПНО: 16.470 ден

* Можна опција за купување #2. (No overclock)
- Intel i5 - 4670 LGA 1150 socket - 12,460 ден.
- Gigabyte H87M LGA 1150 socket - 4,800 ден.
- Patriot DDR3 2x4GB RAM - 3,300 ден.
ВКУПНО: 20.560 ден

* Можна опција за купување #3. (Overclock possible)
- Intel i5 - 4670K LGA 1150 socket - 12,735 ден.
- Gigabyte Z87M LGA 1150 socket - 5,700 ден.
- Patriot DDR3 2x4GB RAM - 3,300 ден.
ВКУПНО: 21.725 ден


Сеа ќе истакнам некои мои мислења и сфаќања на хардвериве.

+
Предност кај AMD конфигурација: Прилично ефтина за перформансите што ги нуди, би издржала наредни 3 години (минимум). Поефтина од Intel конфигурација а слични резултати. Јас би ја нарекол - Прекрасен асфалтиран пат со ќорсокак на крај.

-
Недостаток кај AMD конфигурација: Мртов и стар АМ3+ сокет, повеќе нема да се произведуваат FX процесори, кога ќе сакам да upgrade-нам ќе имам тешкотии со продавање на деловите (плус цената ќе биде многу ниска). Доколку сакам апгрејд, ќе мора да купам нова матична со понов сокет и секако нов процесор. Потешко пронаоѓање купувач кога ќе сакам да продадам.


+
Предност кај Intel конфигурација: Жив 1150 сокет барем за во наредни неколку години, конфигурацијата држи цена дури и доколку остари, можам да го продадам процесорот понатака за ~60% од цената, ако во иднина сакам да менувам компоненти, не би требало да зимам нова матична (i7 процесор). Полесно за пронаоѓање купувач, overall поквалитетен процесор.

-
Недостаток кај Intel конфигурација: Скапа конфигурација (+5300 денари) за прилично слични резултати ВО МОМЕНТОВ.

Останува да ми кажете што мислите и да направиме муабет за PSU.
 
Јас би отишол со опција број 2. Ем поевтино ќе поминеш така, а и за оверклок (опција 3) ке ти треба нов и скап вентилатор и конфигурацијата ќе те кошта наместо 21 илјада едно 24-5 илјади.
--- надополнето: 5 декември 2013 во 22:36 ---
Заборавив да кажам дека летно време оверклокуван процесор знае многу да се загрее. Накај 60-70 степени целзиусови а со тоа се скратува животниот век. (све што е над 55-60 степени влијае врз животниот век на процесорот)
 
Купи си и5-4670к, насвирај го на 4.4гхз и уживај во убавините на Battlefield 4 на Ultra Settings. :D
 
Купи си и5-4670к, насвирај го на 4.4гхз и уживај во убавините на Battlefield 4 на Ultra Settings. :D

и нека го стави во комора за мрзнење :D

иначе, и ја би одел со опција три, утре заутре моеш да го рокаш процесорот, јес да е поскапа али колку пари толку музика не?
и исто, добар избор за рамот а за матичната прогуглај малку види што како :)
 
и нека го стави во комора за мрзнење :D

иначе, и ја би одел со опција три, утре заутре моеш да го рокаш процесорот, јес да е поскапа али колку пари толку музика не?
и исто, добар избор за рамот а за матичната прогуглај малку види што како :)
Не е толку просто.. ипак има 5500 денари разлика од 1вата до 3тата конфигурација, башка 1150 сокетот не би “траел“ уште долго (?), а гледај го и ова. Пушти на 6:38

 
На колку мегахерци е рамот и дали е еден модул од 4 или 2х2

DDR2 е, мегахерци појма неам, тука у програмчево пишува 333MHz нешто ама не ми се верува на тоа да се мисли. Иначе е 2х2. Али има и други дечки што прашале за рамов дака да ќе видиме.
 
Не е толку просто.. ипак има 5500 денари разлика од 1вата до 3тата конфигурација, башка 1150 сокетот не би “траел“ уште долго (?), а гледај го и ова. Пушти на 6:38


Како сакаш гледај, АМД има потапа архитектура, сокетот може нема да трае али па и тоа не го знаеш, а јас колку што знам не се најавени нови генерации на процесори, па може да вози уште. сепак е твој избор
 
Опција 3 :) Греота е да не дадеш уште ~400 денари за отклучен процесор за оверклок
 
Опција 3 :) Греота е да не дадеш уште ~400 денари за отклучен процесор за оверклок

Најверојатно ќе биде опција 1 со ОВАА матична (зависи за колку ќе ги продадам старите делови, а ќе ги огласам наскоро), се со цел да заштедам повеќе пари бидејќи немам многу за трошење во моментов и плус испадна дека ќе треба да дадам уште минимум 4.000 денари за добро напојување. (после препораките дека не треба да штедам на напојување бидејќи тоа се менува еднаш на 5 години).
Па ако може да ми дадете линк од добро напојување со пристојна цена што би ги терала 8320кава и HD5870.
 
Опција 3 иди.
Немој АМД во никој случај (за процесори). It's a dead end. (зборовиве се од веќе 2 годишен корисник на амд)
 
Опција 3 иди.
Немој АМД во никој случај (за процесори). It's a dead end. (зборовиве се од веќе 2 годишен корисник на амд)

Мене ми е побитно да зачувам пари а да имам добра конфигурација во моментов, него што да зачувам пари на long-term. AMD-то нема да има потреба да го менувам во наредни 3/3ипол години сигурно, а тогаш нема да биде битно бидејќи кузнај какви чуда ќе има, вклучувајќи и мртов 1150 сокет, кој ти сега го препорачуваш.
 
Иди на Амд, ем ќе заштедиш добри пари ем нема да добиеш толку лош процесор. 7 години го имам Athlonot меѓу првите 64 битни процесори и не сум имал ама баш никакви проблеми со загревање или било што. Многу побитно е да земеш добра плоча со добар чипсет според мене.
 
Мене ми е побитно да зачувам пари а да имам добра конфигурација во моментов, него што да зачувам пари на long-term. AMD-то нема да има потреба да го менувам во наредни 3/3ипол години сигурно, а тогаш нема да биде битно бидејќи кузнај какви чуда ќе има, вклучувајќи и мртов 1150 сокет, кој ти сега го препорачуваш.


нема да имаш добра конфигурација.... По 5 фрејмови во секунда во просек ќе ти крати амд-то во споредба со интелот... Не е мала разлика. Помалку грее, помалку троши... Со мал оверклок на амдто ќе си го изгориш Spire Jewel 650W (што сметаш дека е тешко и поскапо, а у реалити е малку повеќе од ѓубре)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom