Помош за избор на процесор

  • Креатор на темата Креатор на темата Andrej40
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 јануари 2014
Мислења
112
Поени од реакции
14
Возраст
26
Се извинувам што отворам нова тема ама итно ми е па прашањето ми е кој процесор може да работи на матична m2v-mx se. Процесорот да не пиде испод 2.60 GHz .
 
Како прво не ти се исплати да менуваш процесор на оваа матична.Стара е и нема делови за неа.Процесор за неа нов не наоѓаш, единствено на старо или некој заостанат по продавниците.Исто така и рам многу тешко да најдеш нов, а и да најдеш ќе те фати многу скапо.Имај на ум дека ако после некое време ти се расипе плоча, процесор или рам ќе те кошта уште поскапо.
Ако сепак се одлучиш да ставаш нов процесор знај дека имаш стар процесор кој е доста послаб од новите процесори и за година-две целосно ќе биде надминат од најобични апликации и ќе имаш бавен компјутер.Исто така си ограничен со рам (максимум 4GB) кои денес се минимум за оптимална работа на компјутер, а да не зборуваме што ќе биде во наредните години.Затоа мој предлог ти е да баталиш менување на процесор и да си купиш нова матична со DDR3 слот и AM3/LGA 1155 сокет.Ќе те кошта околу 6-7000 денари, но потоа можеш лесно да ја надоградиш, а сепак ти остануваат некои стари делови како графичка,HDD, напојување, режач и слично.
 
Затоа мој предлог ти е да баталиш менување на процесор и да си купиш нова матична со DDR3 слот и AM3/LGA 1155 сокет LGA 1150 сокет.Ќе те кошта околу 6-7000 денари, но потоа можеш лесно да ја надоградиш, а сепак ти остануваат некои стари делови како графичка,HDD, напојување, режач и слично.

Поправено! ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom