Помош! Влезна врата на зграда со автоматско затварање

  • Креатор на темата Креатор на темата Македонец
  • Време на започнување Време на започнување

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Значи ми треба мислења од вас поупатените, каде може да се најдат влезни врати за згради нешто од оваков тип да речеме:
ulazna-vrata-zgrade2.jpg


Но да биде со автоматско затварање, и колку би чинела со и без интерфон(за 15 стана се работи).
 
Значи ми треба мислења од вас поупатените, каде може да се најдат влезни врати за згради нешто од оваков тип да речеме:
Но да биде со автоматско затварање, и колку би чинела со и без интерфон(за 15 стана се работи).

Вакви алуминиумски влезни врати обично се изработуваат по претходно дадени димензии, готови со бараната димензија тешко да најдеш. Излегуваат на терен, земаат мерка, ја изработуваат и ви ја монтираат. Е сега цената варира од тоа каква врата сакате фулл алуминиум, дебелина на профилот, PVC, со украсни или без украсни лајсни итн. Што се однесува до автоматското затворање, мислиш на автоматско заклучување или буквално автоматски да ти се затвори со мотор крилно или шибер како по маркетиве? Интерфоните за 15 станови комплет со слушалки и копче за отклучување на вратата факаат некаде од 12-13000 денари па нагоре во зависност од фирмата + позивната единица што ке биде на самиот влез + напојувањето. Тешко е да се каже конкретна цена најубаво е да прашате во фирми што се занимаваат со тоа и да ви дадат и понуда дали на сето тоа ке ја наплатат монтажата или има некој попуст сооглед на тоа што се работи за поголема количина. Доле ке ти оставам бројчиња од фирми што се занимаваат со домофонија

X Vision Systems 077/833-500
Wizard Systems 02/2469-999
AMT Systems 070/965-396
Video Alarm 02/3121-314

А за врати Темпо профил се занимаваат со изработка на алуминиумски влезни врати имаат и голем избор на профили 02/2656-405 а исто и Метал профил 078/307-515, имаат и сопствено производство.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom