Има ли некој што поминал низ целосниот процес на изградба на куќа од темел, кој би можел да го сподели своето искуство, од почетните чекори со документација, архитект, геометар и дозволи, па се до ангажирање мајстори, завршување на работите и вселување? Би било корисно да се чуе со какви проблеми и предизвици се соочил и колку приближно го чинел целиот процес.
Премногу постапки е за на ФОРУМ да се објасни (човек може цел ден да ти збори за ова и пак да имаш фази што ќе ги заборави), затоа постојат струки - архитекти,правници,изведувачи итн.
Во кратки црти за што ти треба (легално) -
1. Имотно правно треба да ти е завршено, што значи треба земјиштето да се води на твое име (прашање плус - дали има ДУП и дали има маркица таа парцела, ако нема, правиш проект по некој основ од општината - архитектот го води тоа во консултација со општината)
2. Архитектонско биро наоѓаш (можеш и приватен архитект со што ќе ти биде и менаџер на целата документација/проекти - фаза архитектура, статика, водовод, електрика, мислење од изис итн.) - од прилика за куќа ти е 20 евра од м2 за сите проекти - ама не секогаш се водат по оваа цена, туку како ќе се договориш, Арх. бироа мноогу повеќе ќе ти земат.
3. Поднесуваш ИДЕЕН проект во општина па треба да го одобрат, па се прави ОСНОВЕН проект со фази и исто се поднесува во општина, се плаќаат комуналии и се добива одобрение (тоа најчесто го води Архитектот)
4. Имаш предмер пресметка во фазите па така и бараш понуди од изведувач (карабина/ѕидарија/столарија итн.)
5. Изведувач треба веќе да си го превземе објектот (куќата) и да започне со градба по прописи