Fama
Bombin' thru the speakaz
- Член од
- 10 февруари 2009
- Мислења
- 518
- Поени од реакции
- 19
Полицаец уби момче што поминало на црвено
Српски полицаец прексиноќа уби 24-годишно момче во Белград, откако со својот автомобил поминало на црвено светло на семафор, пренесува белградската телевизија „Б92“. Во соопштението на полицијата се наведува дека полицајците запреле автомобил, кој минал на црвено светло. Патниците не излегле од автомобилот по првиот повик на полицијата, по што едниот од полицајците го извадил службениот пиштол и му пришол на Ѓорѓе Жариќ, кој седел на совозачкото место. Пиштолот пукнал кога Жариќ, обидувајќи се да ја отвори вратата, ја закачил раката на полицаецот.
Тој добил повреди во пределот на главата и починал на самото место.
Девојката на убиениот, Јована Добриќ, која на местото на трагедијата стигнала по неколку минути и ја информирала полицијата дека тој бил под дејство на алкохол, па затоа кон дома го возел неговиот пријател, за „Б92“ тврди дека не верува во верзијата на полицијата.
- Јас бев таму и видов колку бил оддалечен, значи се гледаше дека тој излегол, тој не ја отворил само вратата и случајно го удрил, туку видов дека лежеше на еден метар од автомобилот, кога излегол, тие пукале во него“ - вели Добриќ.
Портпаролката на службата за Итна помош, Нада Мацура изјави дека на местото на убиството во квартот Нов Белград службата само ја констатирала смртта на момчето.
Околностите за убиството ќе се разјаснат по сослушувањето на полицаецот, кој е во притвор. Тој по истекувањето на 48 часа од времето на инцидентот со кривична пријава ќе биде предаден на сослушување на дежурниот истражен судија во Судот во Белград.
Милан Жариќ, помладиот брат на убиениот, се уште не може да верува дека тој е на ваков начин убиен. Пријателот на Жариќ, Владимир Хајдер вели дека Ѓорѓе бил многу добро момче.
- Мравка не згазнал, не се степал, не направи ништо лошо во животот, не можам да поверувам дека го нема. Сите знаат која е и што е интервентната единица. Би сакал да дојде министер, да види дали бил криминалец, нека дојде тој да изрази сочувство - вели Хајдер.
Од полицијата за овој случај, вчера, како што пренесува „Б92“, не сакале да дадат изјави изјави додека не биде извршена истрагата.
Што беше, а што стана светов.. Дали денес казна за поминување на црвено е смртта? Уште колку ли вакви смрттни случаеви ќе се случуваат поради несовесното однесување на полицијата..