Погрешен партнер

  • Креатор на темата Креатор на темата WondeR`
  • Време на започнување Време на започнување
Па како да не биде гневна? Од парче месо израснала 24 годишна девојка, вложува пари за утре - задутре ќерка и да издржува некој легач?
Имам во комшии еден пример жената цел живот работи ко црнец, откако ќе и заврши смената во Жито Лукс оди да чисти по куќи, а маж и како клошар некој 50 и кусур години, ден работен стаж нема.
Со средно, не сакал господинот да работи за 8000.
Да во Македонија не можеш лесно да најдеш работа за 500 евра, ама да не се лажеме, за 8000 има колку сакаш.
Проблемот кај ваквите е што не сакаат да работат, затоа што мислат дека повеќе вредат, понижување им е да буткаат колички за 150 евра, ама не им е понижување на 30 години да бараат пари да ги мерат улиците на Ленинова.
И не е случајов уопште за на психолог, ќерка и малку треба да си проработи на критериумите. Не работел, не студирал, па за што ќе ми е дома, за во кревет ли само?
Ќерка и има 24. Нема 15 години, тоа ми е зборот, она ако си одлучила така,го сака, така нека биде и живее, подобро да се увери во тоа, него ли мајка и да се попречи измеѓу нив и цел живот ќерка и нејзе да ја укривува. Башка види мајка и шо пиша: „Но таа од кога е со него е постојано нервозна, не соработува со нас и цело време е тажна“. Зошто мислиш дека не соработува со дома нејзините? Затоа што знае што си ги знае родителите, цело време е тажна, тажна е баш затоа.
Поради тоа што еднаш во животот се заљубила вистински, а тие не ја подржуваат и разбираат. А пошто е единица, можам да замислам колку е размазена и како до тогаш претходно за се и сешто ја подржуваа и до родителите е грешката, не е во неа. Мајка и пишала дека е постар од неа 9 години.
Тука прашањето е зошто она сака постари?
 
Луге вие горе долу со вашите изјави сте во право но погрешно ме разбравте , јас барам психолог за јас да се консултирам и разговарам со него како да и пријадам на керка ми, како да разговарам со неа бидејки таа само што ке го спопменеме неговото име се затвара во соба ,значи сакам да најдам човек соодветен за таа тема за разговор
 
Битно е да го научиш што е добро што лошо, за да знае коа ке бира што да избере. Коа ке избере веке е касно да да кажуваш дали чини или нечини. Тогаш можиш само да се замешаш у врската и бетер да излезе се и за тебе и за детето.
 
Sekoj na temava e vo pravo vo vrska so majka-kerka situacijata posto nikoj ne go znae tipot mozda toj e parazit mozda majkata e bez potreba ispanicena

6 и нешто, ни кафе ни облека, прво барам телефон со кирилица за кајгана

Децата што ги имаме се наши ама нивните животи не се наши. Сепак не би се држела на страна и да дозволам некој да ги уништи.

Ни кога ќе имаат 55.

Тука не мислам на материјална состојба, кој не осетил сиромаштија е пола човек според мене (или може има друг начин да се дојде до некоја свест, јас не го знам)
Мислам на начинот на кој партнерот те гледа, прво дали ти е пријател, дали ќе му е сеедно ако биде нешто со тебе, полошо од сеедно нема.Сите ги сакаме кученцата дури се мали, ретко кој ги сака во иста мера кога ќе пораснат. Така и со луѓето, дури може да се пофалиш каков е тој/таа покрај тебе многу изгледаш приврзан и мислиш дека си, ама недај Боже болест сиромаштија или нешто што ќе го избрише сјајот тогаш ќе знаеш дали партнерот е погрешен.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom