BiG_kIsS
You talk too much... Let me shut you up
- Член од
- 4 септември 2007
- Мислења
- 3.414
- Поени од реакции
- 2.923
- Возраст
- 36
ве читам и ОК сте ми повеќето, скоро сите кажавте она што треба. али мене ми падна на памет една ситуација која ја имам дискутирано надвор од форумов.
имено, се работи за следнава работа, партнери (драган и драгана), дали венчани или не, не е важно, важно е дека се долго време заедно и сл.
имаат заеднички пријатели, си ги познаваат колегите од работа, теретана и сл. и сега, еве да кажеме машкото иде во теретана, а таму има некој (ристо) со кого повремено се идело на кафе после вежбање. на тие кафиња присуствувала и девојката/жената (драгана). но, по некое време драган се скарал со ристо. и сега дури драган ја напушта таа теретана и иде да вежба во друга. НЕ сака да го види ристо. ни го отпоздравува на улица или сл. значи КРАЈ!!!
е сега, дали драгана треба да продолжи да го поздравува ристо на улица кога ќе се видат, или НЕ? дали треба да го поддржи својот пратнер безразлика што во овој случај она нема караница со ристо?
Не сакам да пишувам дали треба или не треба, меѓутоа јас да се ставам во ситуацијата би рекла, зависи за што се скарале. Ако Ристо направил нешто многу лошо, тогаш јас не ги го поздравувала. Од чиста причина што, ако некој повреди некој кој мене ми значи, нема јас што да се дружам или да го поздравувам тој човек. Ако била смешна (барем за оние од страна) караница заради некое недоразбирање, би се поздравувала.

Секој си има различни работи кои не би ги простил, а не се страшни. На тоа мислев.
