Подарувајте емоции

  • Креатор на темата Креатор на темата NelTu
  • Време на започнување Време на започнување

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Најверојатно и вие ќе се согласите дека малите чекори водат кон големи успеси, а малите зборови можат да запрат и големи неволји. За да се почувствувате сакано, понекогаш ви е доволен само еден мал гест. Колку пати само сте се почувствувале среќно поради една порака со убава содржина, една честитка или едно чоколадо?
Дека подароците немаат примарна поврзаност со длабочината на џебот ви говори и фактот дека пријателката, и покрај тоа што добива скапи подароци од момчето, тоа не ја зголемува нејзината љубов кон него. Најчесто, на таквите девојки им годи вниманието зад кое многу често може да се кријат поинакви интереси.
Бедната страна на подарувањето
Реалноста секојдневно ве потсетува дека рецесијата изненадува со новитети?
Зарем денешното време не алудира на старата изрека „кога сиромаштијата влегува низ врата, љубовта излегува низ прозорец“?
Во такво време автоматски забораваме на подароците, бидејќи луѓето се повеќе го забележуваат материјалниот аспект, а не емоциите.
Токму тие емотивни лузери, секој контакт, врска или пријателство го гледаат низ призмата на парите и единствено скапиот подарок го доживуваат како доказ на почит. Веќе видена ситуација низ градот е добро ситуираните мажи наместо со интелект и харизма да ги купуваат девојките со скапи подароци.
Исполнување на сите негови услови, играње по сите негови правила, живот во емотивна диктатура, на тој начин се изнудува подарокот кој веќе не наликува на подарок, туку на милост.
Истото се случува и со родителите кои недостатокот на внимание кон децата го компензираат со подароци и тоа прераснува во норма која, на некој начин, налага дека подароците се некакво мерило на љубовта.
Емоциите се бесплатни и истовремено најскапи
Ако ги послушате психолозите, пресудна треба да биде емотивната блискост со личноста на која и подарувате.
Ниско буџетен подарок во комбинација со креативен гест може да предизвика лавина од позитивни емоции и солзи радосници. Во меморијата, тие моменти го имаат местото на пиедесталот.
Освен материјални нешта, можете да подарите мини спектакл кој поверодостојно ќе ги отслика вашите чувства и желби.
Подарокот го купувате за пари, додека за да подарите моменти, подарувате дел од себе, вложувате време, креативност, позитивни желби и пред се, љубов која ве инспирира на таква постапка.
Изразот на лицето секогаш го издава задоволството од подарокот.
Зарем не сте се соочиле со „благодарам со половина уста“ од колешката на која не и се допаѓа чанта која и ја подаривте. Но, постојат и ситуации кога насмевките се доволен доказ дека изборот што сте го направиле е правилен.
Дали емоциите се бесплатни или ја плаќаме нивната цена кога ги подаруваме?
Сигурно ќе се согласите дека нивната цена ја плаќаме секојдневно, а платежните средства ги избираме самите. Само ние одлучуваме дали тоа ќе биде љубовта или материјалната замена за неа.

Мислев дека темава, добро би одговарала во општи муабети, но ако администраторите и модераторите мислат дека е за на друго место, ги замолувам да ја префрлат.

извор. notformen.mk
 
No problemo

image3.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom