Почина 15 годишно девојче

  • Креатор на темата Креатор на темата MiniTurtle
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
M

MiniTurtle

Гостин
Теодора Ц.(15) и Ана С.(14) се двете девојчиња што попладнево беа прегазени на тротоарот во тешката сообраќајна несреќа што се случи на раскрсницата на булеварите „Трета МУБ„ и „Октомвриска револуција„ во Куманово.

Теодора со сериозни повреди на телото и во животна опаснот е пренесена во Ургентниот центар во Скопје. Во СВР Куманово немаат повратна информација за нејзината здрвствена состојба. Второто повредено девојче е задржана на лекување во кумановската болница исто како и возачот на возилото што удрило во децата, кој е полициски службеник.
Несреќата се случила попладнево пред 17 часот, кога на раскрсницата, ВМВ удри автомобил кој стоел на семафорите и потоа излетал на тротоарот и ги прегазил децата.
Полициско-судски екипи извршиле увид на лице место, по што за утре најавија повеќе информации за причините за несреќата.


Жално. :( Ако некој знае целосно име и презиме нека пише ПП.
 
Не сфатив, сега ПОЧИНА или е во тешка здравствена состојба ?! :)
Минатата ноќ почина, Теодора Цветковска од Куманово. Страшна сообраќајка, но не единствена на таа локација. Освен типот што возел пребрзо да е во затвор, мора да се преземат и мерки за безбедноста преку поставување на лежечки полицајци и слично.
 
Помеѓу младите во Куманово денес и утре е самопрогласен ден на жалост, поради трагично загинатата другарка Теодора...
 
Пред некое време имаше неколку вакви случаи у Речица кумановско, па протестираа:

Жителите на селото Речица, денеска не ги пуштија децата на училиште и еден час го блокираа локалниот патот Куманово - Лојане, барајќи од надлежните институции да се зголеми сообраќајната безбедност во селото.
Револтирани што со години наназад нивните деца се жртви на несовесни возачи од липковско, кои дивеат по селската улица, бараат Општината да постави лежечки полицајци во близина на училиштето.
Секој ден од 8 до 9 часот ќе го блокираме патот и мирно ќе излеземе на протести, и нема да ги пуштиме децата на училиште се додека не се реши нашиот проблем. Ги известивме надлежните институции и се надеваме дека во најкраток рок ќе се реши проблемот. Ние не бараме нешто што е невозможно, само да се постават 6 лежечки полицајци на патот за да можат децата побезбедно да се движат до училиште - Валентин Стоилковиќ, претседател на месната заедница.​
Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, вети дека општинските служби во најкраток можен рок ќе го решат проблемот, но вели дека тоа нема многу да помогне бидејќи сообраќајната култура на возачите во кумановско е на многу ниско ниво.
Општината ќе го исполни својот дел од обврската за поставување на лежечките полицајци и хоризонталната сигнализација уште во текот на овој месец, меѓутоа сметам дека е потребна синхронизирана акција со МВР, преку адекватна сообраќајна контрола и ригорозни казни за несовесните возачи за да се подобри безбедноста на граѓаните. Кај нас сообраќајната култура е на многу ниско ниво, се вози со неприлагодена брзина, без да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, а многу често и под дејство на алкохол. Затоа имаме голем број на сообраќајни несреќи. Во селото Речица поминува меѓуопштински пат и има голема фрекфенција на возила, а поради големата густина на населнието има многу сообраќајни незгоди, некои завршуваат и фатално. Поставувањето на лежечките полицајци ќе ја ублажи безбедноста , но мора да се работи на поголемо полициско патролирање кое ќе даде сигурност на граѓните на оваа населба- изјави Дамјановски.​
Селото Речица се дигна на нозе мината недела, по последната сообраќајна несреќа во која тешко е повреден десетгодишниот Немања Стаменковиќ, додека се враќал од училиште. Несовесниот возач побегнал, а здравствената состојба на детето сеуште е неизвесна.
Пред 4 години мене ме удри возач од Ваксинце. Помина од едната на другата страна на патот кога ме удри и 40 метри ме влечеше со велосипедот , а на крај Судот пресуди дека јас сум виновен. Сега е прегазено моето внуче, кое е сеуште во шок-соба и незнаеме како ќе заврши. Да удриш некого може да му се случи на секој возач, но зошто не му пружил помош на детето, туку побегнал. А пред некој ден дошле да се мират кај мене дома- вели Радомир Стаменковиќ, дедото на Немања.​
Жителите кажуваат дека возачите од липковско возат многу брзо како да се на рели трки и за последните 2 години прегазиле 10 деца и уште толку возрасни луѓе, од кои дел починале. Никој од возачите не застанал да му помогне на повредениот, туку секогаш бегале од местото на несреќата.
 
Катастрофално лоша раскрсница.Али добро,битно Зоки Циц е најдобар градоначалник.
 
Во Куманово владее сообраќајна некултура, толку сообраќајки се случија на тој булевар и никако да се преземе нешто...

Ќе излезе некој да прошета и ќе го собере кола, нека почива во мир девојчето, страшна трагедија... :(
 
Во Куманово владее сообраќајна некултура, толку сообраќајки се случија на тој булевар и никако да се преземе нешто...

Ќе излезе некој да прошета и ќе те собере кола, нека почива во мир девојчето, страшна трагедија... :(

Ќе те собере..али зашто..затоа што:
1. На булевар со 2 ленти,едната скоро секогаш служи за паркирање,паук нема за лек,полиција жмие
2. Екстремно лошо сообраќајно решение, раскрсници веројатно проектирани од некој петтооделенец.

3.Наместо кружни токови,семафори на 100 метри,па секоја будала со бмв и ауди јуриша за да стигне на зелено или жолто
4. Жардинери до 2 метра жбунови,така да нема шанси да видиш пешак дали поминува или пешакот треба да згази на коловоз па дури тогаш да види возило.

5. Нема сообраќајни знаци за лек,а ако ги има скриени се зад билборди или дрва..мада кој ги ебе знаците
Ако е некоја мала утеха 3МУБ е може за нијанса полоша.
 
Ќе те собере..али зашто..затоа што:
1. На булевар со 2 ленти,едната скоро секогаш служи за паркирање,паук нема за лек,полиција жмие
2. Екстремно лошо сообраќајно решение, раскрсници веројатно проектирани од некој петтооделенец.

3.Наместо кружни токови,семафори на 100 метри,па секоја будала со бмв и ауди јуриша за да стигне на зелено или жолто
4. Жардинери до 2 метра жбунови,така да нема шанси да видиш пешак дали поминува или пешакот треба да згази на коловоз па дури тогаш да види возило.

5. Нема сообраќајни знаци за лек,а ако ги има скриени се зад билборди или дрва..мада кој ги ебе знаците
Ако е некоја мала утеха 3МУБ е може за нијанса полоша.


Тотално си во право...

1. Пајак службата не ја коментирам, хиени, селективна работа - селективен ред.
2. Од петтоодделенец во кафана, како и се друго во Куманово.
3. Чак и семафорите не работат, посебно новите кај болница...

Сообраќајни знаци нема, луѓе со бесни коли се исчуручија, никој на пешак не застанува, мене ми се има случено да чекам по 5 минути за да поминам, дури и на зелено ќе те соберат...

Лошо, исто и за 3МУБ посебно делот од бивши супер срк (сега незнам дали постои) до зелен пазар...
 
vo nedelata vo gorce pred mene eden udri so motor vo bus, glavata mu se rascepi na lice mesto, ni kaciga ni maciga. Od sudska so pravosmukalka go sobiraa. Sibase kako da nema utre, ama tie sto cekavme bus ko da znaevme deka tuka mu e krajot, bratov ni kocnica ni butur.
I shuto i rogato ima vozacka, sto da kazam drugo od toa da se pazime, zosto svesta ni e na nula.
 
Тој со бмвето че го крка за сите досега шо не застанале на семафор.
А на пешачки да ти застана можиш само да сонуваш ако нема семафори.
Полицијата ја има само на вестите на сител да видиме шо коли купиле.
Преска една мустра не ми застана на пешачки плус то е полуостров на кружен , и баш нарочно се влечкаф да видам дали че ја намали брзината , замислете ме заобиколи како да сум она триаголничето шо го клава ко че го поправа пато.
 
Понекогаш Господ носи многу чудни одлуки...Срце ми се распара кога ќе прочитам ваква работа.
 
Понекогаш Господ носи многу чудни одлуки...Срце ми се распара кога ќе прочитам ваква работа.

Понекогаш Господ неможи да ја попрај глупоста на непрописните возачи.

Нека почива во мир, многу жално :(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom