Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон


Пливањето е еден од најстарите и најпопуларните светски спортови, спорт кој на листата на модерните Олимписки Игри се наоѓа уште од нивното основање во 1986 година заедно со атлетиката и со гимнастиката, иако жените започнале да се натпреваруваат во овој спорт на Игрите во 1912 година. Како дел од пливачкиот дел од ЛОИ можат да се вбројат и останатите спортови кои што се оддржуваат на вода, како синхронизираното пливање, ватерполото, скоковите во вода и далечинското пливање на релација од 10 километри.
Натпреварувачите од машка и женска конкуренција се натпреваруваат во 3 унифицирани стила кои се утврдени со правила според ФИНА (грбно, градно и пеперутка) и 1 стил кој се нарекува слободен стил или попознат како краул, за кој не постојат стриктни правила како што постојат за овие 3 стила, поточно, најважно е само да се исплива од едниот крај до другиот. Се плива во стандарден 50 метарски базен кој прв пат се употребил на Игрите во 1924 година, во кој за премин од една до друга точка се користи т.н. ротација на телото која за прв пат била дозволена на Игрите во 1950 година.
Пливачката опрема се состои од пливачка капа, наочари и костим за натпреварување кој не смее да содржи повеќе од 50% полиуретан. За дообјаснување, не мора сите пливачи, поготово мажите да користат капа, но пожелно е да се користи бидејќи така се зголемува хидродинамиката и се добиваат значајни стотинки кои можат да се покажат како клучни.
Постојат многу правила зошто еден пливач би можел да биде дисквалификуван од трка и со тоа да биде исфрлен од трката, т.е. неговото време да не се земе во предвид. Најчести прекршоци на правилата се:
- преран старт (стартување пред сирената или преран скок во штафетите при смена на пливачи);
- неуспешна ротација (безуспешно допирање на панелата која го мери времето со цел да се скрати траекторијата);
- неправилен старт (најчесто лизгање од блокот и паѓање во базенот);
- допирање на лентите од страна;
И мажите и жените се натпреваруваат во 34 трки, по 17 од двете конкуренции. Одамна е познато дека на ЛОИ, за разлика од континенталните собири, женските не ја пливаат дисциплината 1500 метри слободно, иако ФИНА размислува да ја додаде оваа дисциплина за жените за Игрите во Рио, а мажите не се натпреваруваат во 800 метри слободен стил, додека се натпреваруваат во 1500м.
Листа на трки по дисциплини - мажи
Слободен стил - 50, 100, 200, 400, 1500 метри
Грбно - 100, 200 метри
Градно - 100, 200 метри
Пеперутка - 100, 200 метри
Мешано - 200, 400 метри
Штафети: 4х100 и 4х200 слободен стил, 4х100 мешано (грбно, градно, пеперутка, слободен стил)
10 км далечинско пливање (отворена површина)
Листа на трки по дисциплини - жени
Слободен стил - 50, 100, 200, 400, 800 метри
Грбно - 100, 200 метри
Градно - 100, 200 метри
Пеперутка - 100, 200 метри
Мешано - 200, 400 метри
Штафети: 4х100 и 4х200 слободнен стил, 4х100 мешано (грбно, градно, пеперутка, слободен стил)
10 км далечинско пливање (отворена површина)
За најтешки трки според мнозинството пливачи се сметаат дека се 400 метри мешано и 200 метри градно. Трката од 1500 метри иако должински е најголема, барем за мене е мачји кашаљ во споредба со пеколот што го нудат овие две погоре

Најуспешна нација на ОИ во овој спорт и во машка и во женска конкуренција се Соединетите Американски Држави (многу тешко да се погоди) со освоени фрапантни 489 медали, од кои дури 214 се златни, додека втора нација е Австралија со освоени 168 медали од кои златни се „скромни“ 56 во споредба со САД. Петорката ја заокружуваат Германија, Унгарија и Јапонија со далеку послаби резултати во споредба со овие два гиганти на светското пливање.
Пливачи кои оставиле белег на Игрите

Мајкл Фелпс - Или куршумот од Балтимор како што го нарекуваат неговите сонародници е најдобриот пливач во историјата на овој спорт со освоени 16 олимписки медали од кои рекордни 8 злата ги освои пред точно 4 години во Пекинг со кои го надмина рекордот на својот сонародник Марк Шпиц од освоени 7 злата на Игрите во Минхен во 1972 година. Од 16 медали, 14 одличја сјаат во најпосакуваната златна боја. На Фелпс му недостасуваат уште 2 медали да се изедначи и уште 3 да ја надмине гимнастичарката Лариса Латинина која во свој посед има рекордни 18 медали од ЛОИ. Американецот е и пливач со најмногу направени светски рекорди (39, 29 индивидуални, 10 во склоп на штафета), откако во 2009 го надмина Марк Шпиц кој имаше 33 рекорди до неговото име. Моментално, во негов посед се 7 светски рекорди.

Џени Томпсон - Иако во нејзината младост често била мета на исмевање поради нејзината спорост во базенот, триесет и деветгодишната Американка Томпсон кога се пензионираше во 2000 година, на своето конто имаше 10 медали од ЛОИ од кои дури 8 беа златни, еден беше сребрен и еден беше бронзен. Сепак, во 2002 година му се врати на пливањето и на Пан Пацифик Игрите освои 5 медали за два дена, што и даде дополнителен мотив да продолжи и да се бори за медали на СП во 2003 каде повторно освои 5 медали, од кои 3 беа злата. На ЛОИ во Атина во 2004 кои и беа четврти игри во нејзината кариера, со 31 година беше најстарата пливачка во американската репрезентација, но тоа не ја спречи да освои уште два сребрени медали со штафетата на САД, при што ја зголеми бројката на нејзините медали од Игрите на 12 со што стана и се` уште е најуспешна пливачка во историјата на овој спорт.
Опрема
Познатата компанија за дизајнирање пливачка опрема Speedo уште еднаш успеа да создаде револуционирен пливачки костим, но овојпат и капа и наочари за пливање под името Speedo FastSkin 3, кои пливачите ќе ги користат за време на Игрите.

Кој е заинтересиран за подетално објаснување за дизајнот и моќноста на овие чуда од материјали, може да дознае повеќе на овој видео клип
Друг помалку познат но не и помалку квалитетен произведувач на пливачка опрема е компанијата Arena.
Пливачи од кои се очекува да блеснат овие Игри се моментално најдобриот пливач Рајан Лохти и британската надеж Ребека Адлингтон која на уште на 18 годишна возраст почна да додава медали во своето CV.
Let the games begin

Ватерполо
Ватерполото на ОИ ќе го има својот 19 настап, во машка конкуренција ватерполото на ОИ е од далечната 1900 година на Олимписките игри во Парис, а жените се вклучија 100 години подоцна на Олимпијадата во Сиднеј 2000 година.
Турнирот ќе се одигра во ново изградената арена, наменета за овие летни олимписки игри.Ватерполото на ОИ ќе го има својот 19 настап, во машка конкуренција ватерполото на ОИ е од далечната 1900 година на Олимписките игри во Парис, а жените се вклучија 100 години подоцна на Олимпијадата во Сиднеј 2000 година.

Како што споменав, ќе се игра и во машка и во женска конкуренција, мажите ќе се поделени во две групи од по шест репрезентации. А жените исто така по две групи, но по четири репрезентации.
Мажи Група А
Австралија
Хрватска
Шпанија
Грција
Италија
Казакстан
Група Б
Унгарија
Велика Британија
Црна Гора
Романија
Србија
САД
Во 1/4 финалето се пласираат најдобрите четири репрезентации од двете групи, системот е познат, па да не се објаснуваме околу тоа. Првиот од А игра со четвртиот од Б и се така додека не се направат четири двојки кои ќе ја сочинуваат 1/4 финалната фаза.
Титулата од последните ОИ во Пекинг 2008 година ја брани репрезентацијата на Унгарија, среброто го освои САД, а бронзениот медал репрезентацијата на Србија.
Жени
Група А
Кина
Шпанија
Унгарија
САД
Група Б
Австралија
Велика Британија
Италија
Русија
Холандија, која требаше да ја брани титулата освоена во Пекинг 2008 година, нема да настапува на овие ОИ. Шанса за златен медал им се отвори на сребрените од последните ОИ, репрезентацијата на САД, тука ќе е и бронзената Австралија.
Турнирот во машка конкуренција започнува на 29ти јуни, а во женска еден ден подоцна, поточно на 30ти јуни. Еден ден се игра во машка конкуренција, еден ден во женска, се така до крајот на турнирот 12ти август.
За овие ОИ, во квалификациите учествуваше и нашата репрезентација, но беше елиминирана во последниот дуел од посилната репрезентација на Шпанија и така не успеавме да избориме пласман на едни ОИ.