Реновирам по дома нешто и сега сакам да си купам проектор со платно ,за филмови најмногу, проектори има насекаде, ама платно сакам да биде на копче или далечинско (уште поубаво) со моторче и да се спушта и дига, значи нема која продавница за електроника не прашав и нема таква опција на некој мајстори им кажав незнаат, ми текна од од ролетни да прашам ама тие да не се јаки мотори и кога прашав рекоа не даваме као едно мора со се да оде, како и да е дали има некој по дома или има правено сам или пак знае некој што прави да сподели, ако не ке купувам телевизор,
Однапред благодарам
Мислам дека оние моторчиња за модерните ролетни се идеални за тоа, проблемот може да настане платното да ти се собира нееднакво, па да се набрчка.
Платното исто треба да се премачка со нешто, ја би те советувал со разреден раствор од дрвофикс (лепак за дрво), пошто не е штетен ниту отровен а ќе му даде доволна цврстина, или пак со некоја смеса од оние што ги користат уметниците за спремање на платната пошто тие платна се скоро вечни.
За вакви моторчиња незнаам каде би можел да најдеш, провери по други ролетари, мора да имаат на лагер и да ги продаваат одделно.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.