PET (Positron Emission Tomography)

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
30
Не знам дали сте слушнале за овој апарат, сличен е на КТ-скенот, но овој е поефикасен и дава поквалитетни слики, помалку зрачи и многу помага во областа на неврологијата (за дијагностицирање на Алцхајмерова болест) , кардиологијата, а највеќе во областа на онкологијата , бидејќи овој апарат ја дијагностицира и најмалата малигна клетка во телото и има способност да разликува малигни од бенигни клетки. Со овој апарат, се олесни начинот на дијагностицирање на некои болести, а особено на малигните заболувања.
Патем, овој апарат го има во Америка и другите поголеми држави како што се Италија, Франција итн. Мислам дека го има и во Србија и Хрватска, но го нема тука, што е стварно штета. И се прашувам зошто го нема во оваа држава? Се најавуваше нешто пред една-две години од минатата влада, но ни трага, ни глас од тој апарат.

За повеќе информации, видете ги следните линкови.
http://en.wikipedia.org/wiki/Positron_emission_tomography
http://www.stetoskop.info/Pozitronska-emisiona-tomografija-PET--512-s3-content.htm
 
Познато ми е ова, штета што нема кај нас. Имаше порано иницијатива, проект такво нешто, како што спомена ама ништо не излезе. Штета, многу животи ќе беа спасени со овој уред, гледајќи ги статистиките на пораст на болни од рак.
Банален пример со мојот брат, имаше тумор, после лекување на маркери и биопсија не покажа апсолутно ништо. Но при друга операција му најдоа проширено и сега пак се лечи. Значи маркерите не се воопшто сигурни. А да имаше ваков апарат, немаше толку да му се рашири, затоа што открива проширувања на болеста и на други регии и органи.
Се користи и за кардиоваскуларни болести, алцхајмер и слично.

Инаку популарно го викаат ПЕТ-скен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom