Пет фасцинантни гео-термички извори

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.382
Поени од реакции
35.012
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Овие извори се резултат на заграената вода од кората на Земјата и може да се најдат низ целата планета, на секој континент, па дури и под океаните и морињата. Многу од овие извори се создадени пред повеќе од 30 милиони години како резултат на засилената вулканска активност, а нивната температура може да достигне и повеќе од 350 °C.
1.jpg

Ова е најголемиот термички извор во Америка, кој воедно е третиот по големина во светот. Изворот се наоѓа во националниот парк Јелоустоун, длабок е 49 и долг 75х90 метри, а водата има просечна температура од околу 71 целзиусов степен.
Описните бои се резултат на пигментираните бактерии и микробиолошки кртол кој расте покрај рабовите на водата богата со минерали. Центарот на базенот е тотално стерилен поради високата температура на водата.
2.jpg

Во Јелоустоун се наоѓа и „Мамут“, најголемиот јагленороден извор во светот. Овој извор е интересен поради впечатливите „тераси“ кои се создавани низ илјадници години, како резултат на топлата изворска вода и наталожениот калциум.
3.jpg

Добро дојдовте во пеколот. Ова е „крвавата фонтана“ која се наоѓа во Бепу, Јапонија и е збир на девет природни топли извори со специфична црвена боја. Изворите ја добиваат својата црвена боја од големата количина на железо во водата.
4.jpg

Сината лагуна е геотермалнен извор и најголемата туристичка атракција во Исланд. Водата испарува поради создавањето на лава, а големиот базен за пливање е затоплена со вода која излегува од геотермалната електро-централа.
Супер-затоплената вода се користи за напојување на турбините кои генерираат електрична енергија. Откако ќе помине низ топлотниот систем, водата се испушта во базенот во кој има капачи. И ако помислувате дека овој базен е еколошка бомба, тогаш грешите. За разлика од онаа во Миладиновци, оваа топла вода е богата со минерали, сулфур и силициум, кои се посебно корисни за луѓе кои страдаат од кожни болести како псоријаза.
Просечната температура на водата во базенот за капење во Сината лагуна е 40 °C. Изворот се наоѓа во Гриндавик, колку е оддалечен околу 39 километри од главниот град Рејкјавик.
5.jpg

Гленвуд Спрингс во Колорадо (САД) располага со најголемиот природен термален пливачки базен во светот. Ако некогаш патот ве однесе натаму, не заборавајте да се брцнете во базенот богат со сол и минерали, чија вода има просечен тек од 143 литри во секунда и температура од 40 целзиусови степени.
6.jpg

Џигокудани се наоѓа во Нагано, Јапонија и е дом на таканаречените „снежни мајмуни“ кои често може да се забележат како уживаат во природните топли води веднаш до останатите посетители на овој извор. Изворот е дом на околу стотина мајмуни и се напѓа во „Пеколниот залив“, кој го добил името по своите вуклански активности во минатото.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom