PayPal (официјална тема)

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Се плаќа данок на приход. Позајмица или праќање пари од едно лице на друго не е приход.
Во принцип пари или ствари за кои е веќе платен данок, не се предмет на повторно оданочување.
Затоа не се плаќа данок на препродажба на движни работи и на позајмици, а се плаќа за пари добиени за извршена услуга (плати или хонорари), кирија, земјоделски приходи, капитални добивки, дивиденди, игри на среќа итн.
А при секоја трансакција треба да се наведе цел на дознака. Така да се исто е дали при продажба на телевизорот или колата парите си ги зел на рака или на сметка.

Целата зафрканција со пејпал е што тој никому не дозволува увид во сметките на корисниците без судски налог, за разлика од нашиве банки кои мораат тоа да го дозволат за сите свои корисници на државни институции како УЈП и слични.
 
Член од
25 јули 2016
Мислења
1.084
Поени од реакции
950
па државата не може да оданочува пејпал тансакции, може само да оданочува ако префрлиш пари од пејпал на трансакциска.
за пејпал трансакциите ќе си важат пејпал трошоците, после тие пари може за купување онлајн да ги користиш.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.451

Да, но како државата ќе знае дека парите кои ми пристигнуваат од PayPal се позајмица или праќање пари од физичко лице, а не приход ?

И како може да биде исто продажбата на телевизорот ако сум ги зел парите на рака, како ќе знае државата не дека сум се опарил, туку дека сум вратил дел од парите кои првично сум ги дал за телевизорот кога сум го купил и за кој веќе сум платил данок ?

Ова ти го велам бидејќи имам пријател кој секоја година си игра старо купувам-ново продавам, бидејќи во Македонија нема Bitcoin банкомати, тој си купува играчки со Bitcoin - гејмерски мауси, тастатури, звучници и останати играчки - на Интернет, ги продава преку огласи во Македонија и до денешен ден нема платено ни денар данок на приход. Не си купи ни куќа ни стан со парите, но како убаво го обнови станот со парите, исто како да го купил одново.

Мора да има некаква минимална граница за која нема да има оданочување на финансиските средства кои ќе се префрлуваат од PayPal кон трансакциска сметка во банка, во спротивно оданочување на секој денар кој ќе биде префрлен од PayPal кон трансакциска сметка во банка ќе биде чист идиотизам.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Да, но како државата ќе знае дека парите кои ми пристигнуваат од PayPal се позајмица или праќање пари од физичко лице, а не приход ?
Никако не може да знае, затоа и не можеш да примаш пари на пејпал.
И како може да биде исто продажбата на телевизорот ако сум ги зел парите на рака, како ќе знае државата не дека сум се опарил, туку дека сум вратил дел од парите кои првично сум ги дал за телевизорот кога сум го купил и за кој веќе сум платил данок ?
За тие пари данокот е платен, затоа веќе не ја интересира.
Ова ти го велам бидејќи имам пријател кој секоја година си игра старо купувам-ново продавам, бидејќи во Македонија нема Bitcoin банкомати, тој си купува играчки со Bitcoin - гејмерски мауси, тастатури, звучници и останати играчки - на Интернет, ги продава преку огласи во Македонија и до денешен ден нема платено ни денар данок на приход. Не си купи ни куќа ни стан со парите, но како убаво го обнови станот со парите, исто како да го купил одново.

Мора да има некаква минимална граница за која нема да има оданочување на финансиските средства кои ќе се префрлуваат од PayPal кон трансакциска сметка во банка, во спротивно оданочување на секој денар кој ќе биде префрлен од PayPal кон трансакциска сметка во банка ќе биде чист идиотизам.
Со сегашните законски одредби, тоа што го прави другар ти е нелегално. А како ќе се правдаат парите од пејпал ќе видиме кога ќе се овозможи примањето на пари. Ете новата влада најави промени во даночниот систем, ќе видиме што ќе произлезе од тоа.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.451
Никако не може да знае, затоа и не можеш да примаш пари на пејпал.

За тие пари данокот е платен, затоа веќе не ја интересира.

Со сегашните законски одредби, тоа што го прави другар ти е нелегално. А како ќе се правдаат парите од пејпал ќе видиме кога ќе се овозможи примањето на пари. Ете новата влада најави промени во даночниот систем, ќе видиме што ќе произлезе од тоа.
Е па тоа мора да се промени, идиотски е секој денар примен од PayPal да се оданочува.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Е па тоа мора да се промени, идиотски е секој денар примен од PayPal да се оданочува.
Ако ти платат или префрлат пари на пејпал можеш од банкомат да ги извадиш или видиш на електронско банкарство.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.451
Ако ти платат или префрлат пари на пејпал можеш од банкомат да ги извадиш или видиш на електронско банкарство.
Ако имаш картичка поврзана со PayPal, а истовремено да ја прифаќаат македонските банкомати.

А сигурно и за тоа ќе воведат оданочување директно преку самиот банкомат.
 
Член од
19 јануари 2008
Мислења
27
Поени од реакции
11
Имам словенски Paypal поврзан со VISA картичка од НЛБ. Го имам користено Paypal за плаќање на eBay. Ми излезе сега една работа и прашањето ми е дали можам да примам пари преку Paypal? Се работи за месечни суми од 500 до 1000 евра.

Ви благодарам.
 
Секако дека можеш да примаш пари преку словенечкиот PayPal, но годишната граница на примени финансиски средства е 2.000 евра годишно, откако ќе ја надминеш, ќе ти биде блокирана PayPal сметката до крајот на годината, или додека не докажеш дека имаш словенечко државјанство со дигитална фотокопија од словенечка возачка дозвола или од словенечка лична карта.

Нека ме поправат останатите членови кои се активни на темава за годишната граница дали е зголемена или намалена, мислам дека едно време беше 1.500 евра годишно.
 
Ровад

Анксиозен пациент и филозоф
Член од
28 август 2017
Мислења
15
Поени од реакции
44
Најпрвин здраво!
Имам страна на креатор на Patreon и имам некаков ситен кеш таму,би можел да ја разработам и да заработувам една просечна македонска плата но имам проблем со payout-от.Patreon како опции за исплаќање нуди избор помеѓу два начина Payoneer или PayPal.Јас пробав да ја изберам првата опција и направив сметка на Payoneer ми ја прифатија сметка од НЛБ тутунска,но поради некоја чудна и ненормална околност не ми успева да ги префрлам парите.Мислам дека проблемот не е во payoneer туку во Patreon само што онлајн помошта што ја нуди Patreon е најлошата на свет и никако не можеме да се разбереме.Гледам дека овде има дечки кои работат и се поупатени во овие работи па ме интересира дали некој имал било какво искуство со Patreon и дали кога би пробал да ја изберам втората опција да бидам исплатен преку PayPal,тоа би било можно.Мојот PayPal е македонски.Или пример дали е можно од PayPal-от да ги префрлам на Skrill пошто со нив работам и секогаш се е во ред.Однапред благодарам на помошта!
 
Не знам дали е изводливо од PayPal да испратиш пари на Skrill, но знам дека преку македонскиот PayPal не може да се примаат пари, туку само да се праќаат. Имаше пред некој месец информација дека актуелната влада на Македонија ќе дозволела да се примаат пари преку македонскиот PayPal, но засега тоа останува неофицијална и непотврдена информација.

Во меѓувреме, сеуште може да се примаат пари преку словенечкиот PayPal со Visa Electron дебитна картичка од македонската НЛБ Банка, односно поранешна НЛБ Тутунска Банка.

Единствено што останува неизвесно е дали словенечкиот PayPal ќе ти ја прифати македонската картичка, бидејќи понекогаш ги прифаќа картичките, а понекогаш не ги прифаќа. Ако ја прифати картичката, тогаш ќе можеш да примаш пари преку словенечкиот PayPal, но не смееш да повлечеш повеќе од 2.000 евра годишно, бидејќи ако ја надминеш таа граница, тогаш словенечкиот PayPal ќе ти побара да испратиш дигитална фотокопија од возачка дозвола или лична карта за да докажеш дека си словенечки државјанин и за да можеш да префрлаш пари од твојата PayPal сметка на твојата трансакциска сметка во банка.
 
Член од
26 декември 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво
Потребно ми е лице со верификуван PayPal - Словенски или каков и да е, битно да може да прима пари и истите да може да ги изваде. За услугата би следувал одреден процент од средствата. Друга можност би била размена на PayPal пари за Payoneer пари,(Јас би ви префрлил пари на PayPal а вие мене на Payoneer) и во тој случај има можност за одреден процент.
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864

Oди на forum.it.com.mk барај goranzoran, тој вади пари преку пејпал за одреден процент.
 
Член од
10 февруари 2013
Мислења
240
Поени од реакции
81
Имам пајонир пари и имам извадено околу 150$,е сеа имам и пари кои треба да ги извадам на Пејпал.Пајонир ми е поврзан со пејпал но не може да примам пари затоа што Пејпалот ми е регистриран на Македонска адреса.Дали е можно да направам нов пејпал и да ја поврзам истата картичка ама да го регистрирам Пејпалот на друга адреса.Дали би правело проблем?
 
Ако повторно внесеш македонска адреса не би требало да биде проблем, можеби си се преселил во меѓувреме, па затоа ја менуваш адресата.

Но за тоа не мораш да регистрираш нова PayPal корисничка сметка, можеш и на постоечката PayPal корисничка сметка да ја внесеш новата адреса - под услов да е во Македонија, се разбира.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom