Патување со автомобил Македонија -Црна Гора/Хрватска

  • Креатор на темата Креатор на темата healthfood
  • Време на започнување Време на започнување
Само што се вратив од Хрватска преку Албанија и Косово. Може да се влезе во Албанија на две места, едниот е преку Подгорица па према граничен премин Божај а другиот преку Бар или Улцињ према граничен премин Сукобин. И преку двата премина треба да се стигне до Скадар потоа до Lezhe, Milot, Rubit и се доаѓа до автопатот ( кој води до Kukes и рака на срце не сум видел подобар во нашево опкружување, тунелот од 6км е посебна приказна може да се носи со оној на Караванките, потоа доаѓа граничниот премин Morine/Vrbnica ( Косово) па Призрен, Урошевац - Скопје. Патот Божај - Скадар е ужасно лош и необележан ( во изградба е, симнат е асфалтот, што значи се вози по макадам се до Скадар). Албанија и Косово ги возев ноќе без никакви проблеми. Истава тура важи и обратно од Скопје према Црна Гора.
 
Значи автопатот до Кукс е готов скроз?
Ако имаше ставено на дикат,колку време ти требаше на враќање низ Албанија,мислам од ЦГ до Косово?
 
Значи автопатот до Кукс е готов скроз?
Ако имаше ставено на дикат,колку време ти требаше на враќање низ Албанија,мислам од ЦГ до Косово?
Dva , dva i pol saata.ti trebaat od Sukobin do Kosovo. Preku Bozaj ne ni pomisluvaj, patot e katastrofa.
 
Ме интересира за колку саати би требало да се стигне до Црна Гора, како е подобро, преку Албанија или преку Косово да се оди, дали многу се чека на граница и патот дали има дупки... Годинава ако некој бил ќе му бидам многу благодарен ако го сподели неговото искуство... :icon_lol:
 
Во Косово патот ти е тумби румби. Многу е лош. А Црна Гора по тоа кањоните и тесните патчиња да ти се сврти во глава. Јас би ти препорачал преку Албанија. Не сум бил од таму, но сигурно е бољи од овој пат.
 
Здраво,

Ме интересира дали некој бил годинава до Црна Гора, преку Косово и Албанија? Каква е состојбата на патот и за колку време се стига до Херцег Нови со автомобил од Скопје?
 
Здраво,

Ме интересира дали некој бил годинава до Црна Гора, преку Косово и Албанија? Каква е состојбата на патот и за колку време се стига до Херцег Нови со автомобил од Скопје?

Преку Косово патот ти е заникаде. Ти препорачувам преку Албанија да одиш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom