Патување со автомобил Македонија -Црна Гора/Хрватска

  • Креатор на темата Креатор на темата healthfood
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 јули 2011
Мислења
7
Поени од реакции
1
Здраво на сите!
Дали некој ОВАА ГОДИНА има патувано Македонија - Хрватска со автомобил, но преку Косово или Албанија? Убаво би било да споделиме мислења и искуства бидејќи патот е долг, а не е многу добар.

Минатата години одевме преку Косово и имасе еден дел од патот, од Приштина до Пеќ, беше во изградба и се возеше по макадам! А тоа трае веќе две години наназад, и не знам дали сега оваа година е направен овој дел од патот или не?

А преку Албанија немам никогаш одено, па секое искуство е добредојдено!
 
Крајна дестинација ти е Хрватска?
 
Се мачиш за џабе,по тие кривини низ Црна Гора,златен автопат.
Имам одено преку Албанија до Црна Гора,патот е ок,има дупки,налетуваат и шлепери,ама не е нешто страшно.Границата нема да познаеш дека е граница,ќе мислиш дека си залутал :)) Црна Гора и Босна ми се најезиви за возење,како ви се оди од таму алал да ви е.Кратиш километри ама низ нос ти испаѓаат :)
 
Тоа калдрмата едно 20-25 км штое прошлата година ја ја идев , оваа година добив информација дека албанците ја напраиле писта..
 
Иди брат прво на Косово, па Албанија и преку Црна Горав влези у Хрватска.
 
Рече до островот Мљет ,значи отприлика некаде до Дубровник ти е копнен превоз.Не знам од кој град си ,ги напишав километражите сметано од ГП за излез од Македонија.
Опција 1:
ГП Табановце (0 км) - Загреб/ХР (780 км) - Сплит (1040 км) - Дубровник (1305 км)
Автопат цел пат до Сплит со исклучок на делот Врање - Лесковац и едно 150 км од делот Сплит - Дубровник.Најдолга опција,ама позитивна страна е 1100 од 1300 км се автопат и бензински со јадење на секоја бандера.Патарини е минус.
Опција 2:
ГП Ќафасан/МК (0 км) - Драч/АЛ (160 км) - Дубровник/ХР (465 км)
Делот во Албанија е магистрален пат/автопат/автопат во изградба,зависи од делот и не влегвуваш во Тирана.Позитивно ,не плаќаш патарини.Негативно,многу товарен сообраќај.Гужва по цело црногорско крајбрежје.Најкратко ако си од Југозападна Македонија.
Опција 3 :
ГП Блаце (0 км) - Призрен/КС (85 км) - Ќукс/АЛ (125 км) - Дубровник (540 км)
Целиот пат е отприлика + - како Кичево - Охрид.Делот од влез во Албанија до пред делењето на патот за Драч и ЦГ е нов,тазе автопат (околу 140 км).Ако со од Скопје или таа околина ,најкратка опција.Негативно,многу возила по цело ЦГ крајбрежје.
 
Па, па, па, па добра километража натепување а тек за назад, мене би ми се смачило. Подобро авион него вакво малтретирање.
 
Само што се вратив од Црна Гора. Патот во Косово и Црна Гора е прилично тапа, но во Албанија новиот автопат(околу 120км) е неверојатно добар, има тунел 6км си мислиш дали си во Австрија или Албанија. Границата Албанија-Црна Горе е една и не се чека толку, но патот е потесен од тој на средно Водно-Крст кога се качуваш...баш кога се враќав јас ултен и кола од спротивна насока иде си ги лупнавме ретровизорите..така да пази
 
Благодарам Галеб:) Од Скопје сум, и според ова најоптимална ми се гледа третата опција, косово-албанија-црна гора-хрватска... Две години наназад одевме преку косово (приштина-пеќ-беране-подгорица-будва итн) ама многу е крш патот од пеќ до рожаје (баш како за на водно, планина, кривини и многу тесен пат), а и морача да се вози не е лесно, плус навечер...

Колку има лош пат низ Албанија? Гледам дека низ Албанија вкупно има 170км...

Влатко: значи нема некоја разлика помеѓу границите Косово-Црна гора и Албанија - Црна Гора
 
Патот во Албанија е најдобар, и од Црна Гора и од Косово. Поготово за автопатот, а и останатиот дел каде што нема автопат е доста широк и може да се вози побрзо.
 
Само што се вратив од Црна Гора. Патот во Косово и Црна Гора е прилично тапа, но во Албанија новиот автопат(околу 120км) е неверојатно добар, има тунел 6км си мислиш дали си во Австрија или Албанија. Границата Албанија-Црна Горе е една и не се чека толку, но патот е потесен од тој на средно Водно-Крст кога се качуваш...баш кога се враќав јас ултен и кола од спротивна насока иде си ги лупнавме ретровизорите..така да пази[/quot

Благодарам Влатко! А како се вика краничниот премин Албанија - Црна Гора? Каде треба да се исклучиме од автопатот ( доколку се сеќаваш низ кои места треба да поминеме до граница) Дали патот после автопатот е добро обележан бидејќи треба да го поминуваме ноќе?
--- надополнето: Jul 25, 2011 5:37 PM ---

Идеш накај Феризај(Урошевац). Место да не влегуваш во центарот на градот, треба не првата не втората не третата туку 4та или 5та улица на лево да свртиш. (незнам дали 4то или 5то вртење ама е одма после еден плац од ЛЕВА страна каде што има многу јаки коли, меѓу кои и една жолта од оние американските што немаат пластика околу гумите. После право ќе поминеш пруга и ќе дојдеш до крај на патот и ќе свртиш десно. Идеш накаj призрен го поминуваш, па границата и од таму почнува автопатот (сите знакови водат кон Тирана). Возиш автопат и кога ќе заврши доаѓа повторно крај на пат и вртиш десно за Шкодер (лево е за Тирана). Патот не е лош може да се вози побрзо. Едно 80тина км така и пред да влезеш во Шкодер вртиш лево на еден нов мост (на таблата кај мостот има означено познати европски градови). После мостот пак лево и цепаш дур не дојдеш до граница. (Патот е тесен, немој да мислиш дека не одиш кон граница). Со среќа
 
Далеку е Хрватска со кола моја препорака е да не одиш со сопствен автомобил затоа шо може ќе имаш проблеми може нешто да се расипе ова она знаеш капитализам никој не ти помага кога си на таков пат,

Најдобро е да одиш со автобус и преку албанија да цепеш .
 
Пред две години го возев до Дубровник и назад, преку Ќафасан. Се’ на се’, 13 саати пат сосе паузи и граници, траект на Котор... Како и да е, интересна тура, посебно ако си ентузијаст за возење како мене.
Јас тргнав од вечер, накај 10-11, цела Албанија ноќе ја минав и утрото ме фати гужва низ цела Црна Гора. Ми се чини најмногу време таму изгубив, а најкратка релација е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom