Запознав една другарка на една забава и од тогаш остаанавме у контакт зашто се најдовме и комшии и приказната почнува тука...Почнавме да се дружиме зашто и дечковците ни се знаеја и се поблиски станувавме и типката почна да ми се отвара за се и сешто...Се дружиме ние скоро 1 година и приметувам дека почнува за најситни работи да ме лаже(што реално мене не ме засегаа),за буквално секоја ситница.Преувеличуваше работи,си креираше нејзини бивши(кои јас никогаш ни име не им дознав,ниту па на слика ми ги покажала),облеката што некој и ја даваше ,она си збореше од кај и што и е ,за татко и лажеше,за нејзино минато итн.. И све така ја трпев си викам ај ќе и помине,период е ,дете е,сака да си се докаже на еден начин.
Но тоа лажење почна да станува серизно зошто почна и мене да ме става во некои приказни,скара најдобри другари ,мене ме излажа дека ќе оди на одмор со тетка и' ,уствари она си отиде со еден тип што го смувала (40 дена по смртта на дечко,за чија смрт дознав 2 дена по погребот)а за кој јас немав појма дека воопшто постои.Инаку со дечко и' што почина искреира цела приказна како се вериле,како нејзините биле кај него и обратно ,уствари тие парови никогаш не се сретнале,нити нејзините родители беа на неговиот погреб.ХМ!
На роденден немаше да ми дојде пошто на пат до кај мене ,паричникот го изгубила со сите пари и со парите за нова година што ги носела со себе и не ми купила подарок бла бла муабети...Ми рече дека е веќе во скопје на станица (во 17:00ч) а другарче едно ја видел кај стои и чека последен автобус од Штип во 19:00,зoшто јас и' се налутив и и реков дека ако под тој изговор не доаѓа кај мене на роденден и дека и е срам дека не носи подарок дека нема никогаш веќе глас да ми слушне. И она кога сфатила дека не може да помине така со лага дека изгубила паричник ,го фатила последниот автобус и дојде кај мене во 21:00ч и воопшто не изгледаше потресено,како некој што би изгубил 300евра...
Значи приказната има уште многу примери ,одвоив 2-3 кои мене ме засега...
Што се случи ? Таа кога виде дека ја фатив во лаги во кои мене ме втурна,сама се дистанцираше,ја снема едноставно,од секојдневно дружење таа ни порака,ни вибер ништо не погледнува под изговор дека е запишана на факс и нема време веќе...
Не сме се виделе скоро пола година и не планирам да воспоставам контакт пак бидејќи тоа е веќе болест за која сметам дека нема лек дур самата не се освести што си прави на себе и на другите околу неа..
Жално е што не може да се помогне,толку е вплеткана во приказни кои на сите ги кажува и она си има креирано свое светче во кое очекува сите ние да веруваме ама после подолг период се гледа дека за се лаже.Постојано си ги менува друштвата бидејќи сите гледаат со каква личност си имаат работа е само дечкото нејзин сегашен не знам ни како ја трпи ни колку и верува...
Ако имате некој ваков пријател/познаник посоветувајте се со неговиот лекар или фармацевт