Паско Кузман да врати сé што сме „украле“ од Грците, Србите и од Бугарите

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Ако државната историја ни датира од 1944 година, тогаш не останува друго освен Паско да копа или само во Пелинце, кога веќе не може кај „Прохор Пчињски“, или да продолжи да копа насекаде каде што започнал, ама за секој пронајден предмет да објави оглас со кој ќе ги повика вистинските наследници на тоа, за нас туѓо, културно наследство (Грците, Србите или Бугарите), да дојдат и да си го земат

Pasko.jpg
transparent.gif
Своевремено во скопската гимназија „Никола Карев“, професорките по историја прилично се муртеа кога на прашањето за тоа кога започнала Втората светска војна, ќе добиеја одговор научен во учебникот: „На 1 септември 1939 година“.

„Седи таму“, беше вообичаената реакција, која никој не ја сфаќаше, зашто и по упорното вртење на страниците од учебникот, не можеше да се најде поинаков одговор.

Сé додека на сите не им беше внесено во главата дека 1 септември 1939 година е само последниот чин од еден процес што започнал со доаѓањето на Хитлер на власт во 1933 година, што пак (поедноставно кажано) е последица на економската криза од 1929 до 1939 година и на кризата од 1919 до 1923 година, кога работниците двапати на ден добивале плата, а по секоја исплата добивале по еден час одмор за да тркнат и да купат нешто со парите додека тие уште нешто вредат. Таа криза е последица на Версајскиот мировен договор, тој е врзан за поразот на Германија во Првата светска војна и сé така до времето на Бизмарк, кога Германците првпат сфатиле дека додека тие ја создавале државата, другите европски земји веќе ги поделиле колониите низ светот меѓусебе, па за нив не останало ништо.
Петтиот и 21 век
Пред извесно време еден од колумнистите на „Дневник“ ни посочи дека антиквизацијата што ја спроведуваат паскокузмановистите предизвикувала оправдан револт кај граѓаните што не се срамеле да признаат дека историјата на нашата државност пред август 1944 година е, всушност, државна предисторија. Така научивме дека и оние што не се срамат и оние што се срамат да признаат дека сме почнале од 1944 година, не само што имаат своја историја (додуша нешто кратка, ама зар вреди сега такво ситничарење кога целиот свет е во криза), туку имаат и нешто што се нарекува предисторија, што нé прави уникатни во светот. Со тоа што и таа предисторија е временски ограничена - може да гледа наназад само до Словените.

На тој начин, чекор по чекор, доаѓаме до клучот на грчката аргументација врз основа на која веќе безмалку две децении Атина нé малтретира. Најпрвин во Македонија постоеле Хелените, односно денешните Грци. Потоа дошле Римјаните, по нив некои други, кои ги збришале првите. Останале, ако му се верува на Љубчо Георгиевски, некои Келти и некои други луѓе, кои Римјаните ги донеле од Шпанија. Но, затоа, за приказната да има среќен крај, следува доаѓањето на Словените, кои до 10 век биле племиња, за потоа во времето пред Самуил се групирале како Бугари. И тие опстануваат до 20 век, поточно до август 1944 година, кога, без процес за кој подучуваа споменатите професорки, со декрет се принудени да ја формираат македонската држава и кога конечно почнуваат да ја создаваат и нејзината државна историја.

Авторот на приказната за оваа пригода не е ни битен. Битна е самата приказна, во која сé би било во ред, да не се јавуваат не само причинско-последични, туку и други проблеми. Оној Паско Кузман (кој дома не може ни еден исечок од весник да најде) и неговите луѓе на терен постојано откриваат вредни антиквитети. И антички, и словенски. Ама има луѓе на кои никако не можеш да им погодиш. Ете, Паско копал и кај Словенот Самуил, во срцето на неговата тврдина. Ама, за беља, дури и таму не испаѓаат словенски предмети, туку антички златни маски, кои се постари и од Александар Македонски. Оние во Зрзе, крај манастирот „Св. Преображение“, кој датира од словенскиот 14 век, стигнаа до разрушените ќерамиди на христијанска базилика од несловенскиот 5 век. Сто метри понатаму се испосничките пештери од 9 век, над нив е самиот манастир. Тие три целини или даваат заокружена слика за процес што зборува за континуитет што довел до развивање на еден посебен народ, кој поради низа околности својата државност само почнал да ја финализира во 1944 година, или се туѓо наследство - грчко, српско или бугарско, сеедно.

Ако е во прашање ова второво, а во тоа упорно, некои свесно, некои несвесно, нé убедуваат веќе неколку месеци, ништо од тоа во Зрзе или од тврдината на Самуил во Охрид не е наше. Ако не е наше, тогаш, по сé изгледа дека Грците се во право: ние не сме ништо друго освен обични узурпатори. И тоа не само на името Македонија, туку и на други нешта.
Напишана историја
Кога така ќе се погледнат работите, не ни остануваа поинаква опција освен Паско да копа или само во Пелинце, кога веќе не може кај „Прохор Пчињски“, или да продолжи да копа насекаде каде што започнал, ама за секој пронајден предмет да објави оглас со кој ќе ги повика вистинските наследници на тоа, за нас туѓо, културно наследство (Грците, Србите или Бугарите), да дојдат и да си го земат. Веројатно во таква ситуација ќе се јават некои проблеми од технички карактер, како на пример со акрополата кај Зрзе (заштитен ѕид на предсловенска христијанска населба), која тешко дека ќе може да се пренесе. Но и во таков случај има решение: зошто на вистинските наследници да не им ја отстапиме и територијата на која се наоѓаат наоѓалиштата? Па, зар не е тоа возбудливо, прекрасно и луцидно решение со кое ќе го исполниме бриселскиот бенчмарк за добрососедски односи. За возврат, соседите веројатно ќе бидат доволно великодушни и ќе ни дозволат да останеме на тие делови од оваа земја, кај што оздола нема ништо. Ние, пак, ќе се обврземе дека и во иднина нема да им го крадеме наследството, од кое една Грција, уште во првите децении од 19 век, создаде цела филозофија врз која потребата од нејзина државност ја издигна на ниво на светска нужност.

zrze.jpg


Еден археолог, младо момче, чиј идентитет за оваа пригода не е битен, вели дека додека студирал археологија задолжително било и неколкунеделното излегување на терен. Секоја година. Ама од тие часови, додека тој студирал, немало ништо, зашто од 2002 до 2006 година во Македонија не се копало. Вреди ли човек да му објаснува зошто тоа било така: па зар тој не знае дека историјата на Македонија е напишана и дека таму веќе нема што да се трага? Додека пред нашите очи ни поттурнува штотуку откопано мало сечиво, кое може да биде и врв од копје, но и дел од нож, додека неколку стотини метри понатаму од земјата ѕирка мал рачен воденички камен, тој всушност несвесно ја пушта да лебди загатката за тоа колку такви предмети се изнесени од Македонија и се распоредени кај околните соседи за да се потврди тезата за државотворната историја на овој народ од 1944 година. Која, сепак, не е нов изум.





„Штерн“ не даде објаснување на револтираните Македонци

Германскиот политички неделник „Штерн“ во својот серијал за историјата на Иран, Античките Македонци ги направи полугрци, на чело со Александар Велики. На ова веднаш реагираше македонската јавност, која излезе со тврдење дека германската новинарка Теја Фидлер е потплатена од Грција за да пишува така. Редакцијата на германскиот весник „Штерн“ по повиците од револтираната македонска јавност им одговорила дека новинарот ќе им се јави да им даде објаснување. Меѓутоа, одговор не добиле.

Спорната реченица од текстот, со наслов „Приказната за Иран“, на германската новинарка гласи: „Овие вести стигнаа и до еден млад човек, по име Александар, кој од 336 година е крал на полугрчкиот народ, Македонците“. Името на античкиот крал потоа се споменува уште неколку пати во текот на текстот и секогаш е проследено со зборовите „македонскиот“ или „кралот на Македонците“. Во еден дел од текстот се спомнува и неговата „македонска воена дружина“: „Откако се ожени за персиската принцеза, европскиот Александар побара од својата македонска воена дружина и тие да се оженат со Персијки“.

Е.Д.




Цвијиќ: Антиквизацијата е срам за Македонија

Крштевањето на македонски објекти со антички имиња, не само што е помалку наивно туку и го руши угледот на Македонија кај своите сојузници. Ова го тврди Срѓан Цвијиќ, во својот коментар на веб страната на Европскиот Центар за Политика, кој предупредува дека процесот на антиквизација може да стане дополнителен хендикеп во евроинтеграцискиот процес на Македонија.

-Уште полошо од ова е националистичката агенда на Владата, која обидувајќи се да изгради уникатен македонски идентитет може да помогне во создавањето на внатрешен консензус, но само краткорочно. На долг рок оваа политика го руши процесот на интегрирање на малцинствата и може многу лесно да стане алиби за одложување на потребните реформи со префрлање на вината за македонската стагнација, кон други - предупредува Цвијиќ.

Цвијиќ, исто така, потсетува дека сега, после падот на Шенгенскиот ѕид, Македонија треба да се посвети кон исполнување на седумте репери поставени од Европската комисија, кои според Цвијиќ можат да се исполнат пред следниот извештај на комисијата во октомври годинава.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7179100433&id=9&prilog=0&setIzdanie=21740
 
Ете, Паско копал и кај Словенот Самуил, во срцето на неговата тврдина. Ама, за беља, дури и таму не испаѓаат словенски предмети, туку антички златни маски, кои се постари и од Александар Македонски. Оние во Зрзе, крај манастирот „Св. Преображение“, кој датира од словенскиот 14 век, стигнаа до разрушените ќерамиди на христијанска базилика од несловенскиот 5 век. Сто метри понатаму се испосничките пештери од 9 век, над нив е самиот манастир. Тие три целини или даваат заокружена слика за процес што зборува за континуитет што довел до развивање на еден посебен народ


не е битен авторот, ама многу е паметен :)

:oeoeoe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom