Пари

  • Креатор на темата Креатор на темата protivpropaganda
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
Веб-сајт
www.angelfire.com
Парите кај нас имаат многу чудни значења, но никако правилни. Би рекол дека е ова резултат повеќе на општествена заблуда отколку од реалното сфаќање на нештата.
Предложен ви е преведен текст од „контроверзна личност“ која според мое мислење добро ја објаснува позицијата и битноста, но и значењето и вредноста на парите.
Како и да е, текстот е добар за една дебата околу нашата економска состојба, но и за веќе усталените, шематизирани сфаќања за и околу имањето, односно сопственоста во нашиот општествен и индивидуален ментален склоп

Повелете прочитајте, па да ја редиме:
www.angelfire.com/ab6/protivpropaganda/polittemi/franciskopari.htm
 
Текстот е топ! И се е убаво образложено, само да му се сневиди, од сите овие причини кои се наведени може да се извади контра аргумент зошто парите се зло. Барем според состојбите кај нас.
Значи, јас мислам дека од примерите на авторот може да се вртиме со дискусијата и во другата насока.
 
Парите сами по себе не се зло, поседувањето на пари исто така, ниту трудољубивоста со која се заработува парата, но алчноста... Е батка, тоа ти е веќе друга работа.

За да се објасни оваа наша специфика на мислењето дека парите се зло (не е чисто само наша) треба да се објаснат условите во кои живеел нашиот поединец. Ние имаме историја како окупиран народ повеќе од еден милениум. При услови на окупираност, односно окупаторот не работи многу на духовно воздигнување на тие кои ги окупирал, нели, немало можност преку сопствени сили и вредности човек да се воздигне од позицијата на бедата. Единствени кои можеле да заработуваат беа луѓе кои на некој начин соработувале со окупаторот.
Јас можам да замислам како би ми било мене постојано да бидам тепан по глава бидејки не ја наведнувам и постојано се обидувам, сета енергија ја трошам на обидот да ја кренам, а од друга страна еден безрбетник да живее на богато затоа што е „миленик“ на мојот опресор. Тој може да биде мој сосед или пак мој поранешен пријател.
Таквите личности беа жестоки бранители на нивната привилегираност. Мислам на нашите богаташи. Додека во белиот свет имотните имаат овозможено духовен и технолошки напредок на своите општества нашите богаташи беа алат за спроведување на контрола врз населението од страна на окупаторот. Затоа кај нас се смета дека богатиот е зол и алчен човек.
Да не ја спомнувам и азијатската верзија на предузимач-сопственик „нагалено“ наречен газда сеуште е на сила. Да се биде газда кај нас е нешто многу пожелно иако зад тој збор и денес се кријат многу негативни емоции и емотивни (психолошки) пореметувања.
Потоа иде нашето ослободување но не и нашата слобода. Значи ни доаѓа едно уредување кое исто така ги тепа способните по глава и создава урамниловка. Кренеш ли глава и косилицата на егалитарианизмот веднаш ја сече по мерката која беше скроена од некојси big brother (бирократ со моќ) таму некаде. За да биде можно успешно спроведување на таа урамниловка еден природен егзистенционален мотиватор кај човекот, личниот интерес, беше поистоветуван со алчноста.
Алчноста е една од грдите особини кај човекот и кога вештачки, преку пропаганда, ќе се поистовети со природен егзистенционален мотиватор добиваме заблуда. Таа заблуда го спречува нашиот поединец да пројави личен интерес бидејки тој во својата потсвест има врежано слика дека тој негов личен интерес е всушност алчност. Неговата желба да твори и создава, а потоа да ужива во плодовите на својот труд е сведено на многу грда и непожелна особина.
Исто како во времето на нашата окупираност само мал број на „избрани“ можеле да уживаат во поголема финанскиска лагодност кои не беа на потребното ниво на способност. Многу грди работи се направени, повторно, од тие таквите во нашето општество.
Еве конкретен пример:
Ќе земат некое „образовано дете од село“, личност со интелегенција, но без принципи, и ќе го кренат во висините на општествената хиерархија. Потоа, откако тоа „селанче“ ќе ја осети моќта на парата која реално не ја заработил потклекнува бидејки не е посилен од своите пари се вели дека парата го расипала, а фактички станува збор за тоа што тој не бил достоен да ја има. Во текстот пишува:
Парите не можат да му купат среќа на човек кој не знае што сака, тие нема да му дадат код на вредности. Ако тој не знае што да цени, парата нема да му обезбеди цел особено ако го избегнувал одговорот што да бара. Парите нема да купат интелегенција за будалата, восхит за страшливецот или почит за неспособниот.
Оди пробај објасни му го ова на тие таквите кои мислат дека со пари се` се купува. Колку да видиш каква реакција ќе добиеш.
и ова:
Доколку наследникот е еднаков на неговите пари тие ќе му служат, доколку не е, тие ќе го уништат.

Имаме и литературно дело кое ја опишува алчноста, а ја посочува парата како виновник. Парите се отепувачка, многумина не ја имаат читано но самиот наслов си кажува се`, нели? Ма јок! Насловот само заблудува, бидејки станува збор за арамилак и алчност. Тоа сепак не ги спречува батките погрешно да го посочуваат виновникот, нели?

Како и да е, страшно е да се помисли дека нешто што е сфатено како големо зло да е толку многу посакувано, нели?
 
Off topic ама морав:
парите се отепувачка, а чунки се отепувачка, јас ионака утепан, дајте ми ги мене!!
 
Утепувачка се кога се во погрешни раце. На такво зло мислев.
 
Divider напиша:
Off topic ама морав:
парите се отепувачка, а чунки се отепувачка, јас ионака утепан, дајте ми ги мене!!
Me iznasmea be da si ebesh toa... :lol:
 
I've been looking for this service and I found this one fha streamline refinance rates
This website deals with fha streamline refinance and I am not sure about the quality of their offerings. Has anyone have looked into this before?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom