Панаѓурите во Егејска Македонија биле "скопска пропаганда"

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
ПРИСУСТВОТО Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО-:vozbud::smir::back:
макар на еден од овие

http://tv-sonce.com/panagjuri.html


Крушари (Ениџевардарско) : 30 април - 1 мај
Κρούσαρι (Αμπελιές -Ν.Πέλλας) : 30 Απριλίου – 1η Μαΐου

Куфалево (Солунско) : 1 мај
Κουφάλεβο-Κουφάλια (Ν.Θεσσαλονίκης) : 1η Μαΐου

Крива (Кукушко) : 2 мај
Κρίβα-Γρίβα (Ν.Κιλκίς) : 2 Μαḯου

Забрдени (Леринско) : 21 мај
Ζαμπάρντενι-Λόφοι (Ν.Φλώρινας) : 21 Μαΐου

Емборе (Кајларско) : втора сабота на јули
Έμπορε-Εμπόριο (Ν.Κοζάνης) : 2ο Σάββατο Ιουλίου

Тиолишта (Костурско) : 13 јули
Τιόλιστα-Τοιχιό (Ν.Καστοριάς) : 13 Ιουλίου

Црвориново (Негушко) : 14-15 јули
Τσαρβορίνοβο-Μαρίνα (Ν.Ημαθίας) : 14-15 Ιουλίου

Битуше (Леринско) : 14-15 јули
Μπίτουσε-Παρόρι (Ν.Φλώρινας) : 14-15 Ιουλίου

Офчарани (Леринско) : 19-20 јули
Οφτσάρανι-Μελίτη (Ν.Φλώρινας) : 19 και 20 Ιουλίου

Шештево (Костурско): 19-20 јули
Σεστέβο-Σιδηροχώρι (Ν.Καστοριάς) : 19 και 20 Ιουλίου

Апоскеп (Костурско) : 19-20 јули
Άποσκεπ-Απόσκεπος (Ν.Καστοριάς) : 19-20 Ιουλίου

Горно Котори (Леринско) : 25-26 јули
Γκόρνο Κότορι-Άνω Υδρούσα (Ν.Φλώρινας) : 25-26 Ιουλίου

Пателе (Леринско) : 26-27 јули
Πάτελε-Άγιος Παντελεήμωνας (Ν.Φλώρινας) : 26-27 Ιουλίου

Сетома (Костурско) : 26-27 јули
Σέτομα-Κεφαλάρι (Ν.Καστοριάς) : 26-27 Ιουλίου

Баница (Леринско) : 1-2 август
Μπάνιτσα-Βεύη (Ν.Φλώρινας) : 1-2 Αυγούστου

Крпешина (Леринско) : 5-6 август
Καρπέσινα-Ατραπός (Ν.Φλώρινας) : 5 και 6 Αυγούστου

Почеп (Мегленско) : 6 август (за Мирка Гинова)
Πότσσεπ-Μαργαρίτα -Ν.Πέλλας) : 6 Αυγούστου (για τη Μίρκα Γκίνοβα)

Долно Котори (Леринско): 14-15 август
Ντόλνο Κότορι-Υδρούσα (Ν.Φλώρινας) : 14-15 Αυγούστου

Ракита (Кајларско) : околу 15-ти август
Ράκιτα-Ολυμπιάδα (Ν.Κοζάνης) : Περίοδος Δεκαπενταύγουστου

Нерет (Леринско) : околу 15-ти август
Νέρετ-Πολυπόταμος (Ν.Φλώρινας) : Περίοδος Δεκαπενταύγουστου

Ц’цгас (Ениџевардарско): 15-16 август
Τσ’τσγκας-Σταυροδρόμι (Ν.Πέλλας) : 15-16 Αυγούστου

Кронцелево (Воденско) : 23-24-25 август
Κροντσέλεβο-Κερασιά (Ν.Πέλλας) :23,24,25 Αυγούστου

Пожар (Мегленско): Последен викенд на август
Πόζαρ-Λουτράκι (Ν.Πέλλας) : Τελευταίο Σαβ/κύριακο Αυγούστου

Мокрени (Леринско) : 15 август
Βαρυκό (Φλώρινας) : 15 Αυγούστου

--- надополнето ---

НО, гејците еве што пишуваат
Σκοπιανό φεστιβάλ προπαγάνδας μέσα στην Ελλάδα!


http://olympia.gr/2010/06/21/σκοπιανό-φεστιβάλ-προπαγάνδας-μέσα-σ/
 
Си го заборавил Горничево,и тие имаат панаѓури :helou::)
 
Кој ја прекројувал историјата во Егејска Македонија!?



Соседите ни говорат дека во недостаток на своја сме позајмувале туѓа историја и ни го оспоруваат името, јазикот, црквата, ни го оспоруваат идентитет. :mad:
Најгласни во тоа се Грците со кои се води дводециниски спор околу името.
Под притисок моравме да го смениме знамето, да ја прифатиме референцата ПЈРМ и да преговараме за име во кое би требало да има географска одредница. Божем да се разликува од нивната провинција Македонија.
А зарем вака не се разликуваме. Зарем постојат две држави кои имаат исто име и мораат да преговараат за додавки и придавки со кои би се разликувале пред меѓународната заедница.
Во овој случај имаме само една држава која носи уставно име Република Македонија и друга провинција Македонија со три едминистративни единици во склоп на држава која ниту има исто име туку едноставно се вика Република Грција. Каков спор за име може да постои меѓу две држави со различни имиња.??????????????????????ИЗМИСЛЕН

Но дрскоста на Грците не застанува тука. Условувани со влез во НАТО и ЕУ, Грците се обидуваат да ни кажат кому и каков споменик да изградиме, какви имиња ќе им дадеме на аеродромите, стадионите и низа други објекти или организации. Сегде, ама баш сегде, сакаат да бидат кумови.
Единствено нам ни се закануваат и не оптужуваат дека им ја присвојуваме античката историја, за која Грците сметаат дека имаат екслузивно право.
Вистинска какафонија од закани од страна на грчките политичари имаше при поставувањето на споменикот на Александар во Скопје. Такви споменици секој може да изгради па и Бугарите, Србите Ирачаните, но никако Македонците.
Како Грците да не сакаат да разберат дека Македонците градат и одаваат пиетет на личности кои се дел од светското културно наследство, а не ги уништуваат веќе постојните со што би се избришале било какви траги од т.н. грчка цивилизација.
Додека Грција се заканува и ја попречува Македонија во евроатланските интеграции, Европа која има полна уста за демократија и бара од нас да градиме мултиетничко општетсво во кое равноправно ќе бидат застапени малцинствата, лицемерно се однесува и молкум ја подржува грчката национал-шовинистичка политика.
Во нејзината политика кон македонскиот народ, како ништо да не се изменило во последните стотина години.
Во 1913 година тогашните големи европски сили, а денес членки на ЕУ, го дозволија распарчувањето на Македонија, а потоа молкум и геноцидот врз македонскиот народ во Вардарска, Пиринска и Егејска Македонија.
Денес истите тие преќутно ја дозволуваат деструктивната политика на Бугарија и Грција кон македонското малцинство иако се нејзини членки.
Посебно е чуден толератниот однос на ЕУ кон Грција и нејзината политика кон македонското прашање.
Да се навратиме само на настаните кои се случуваа во помеѓу двете Светски војни во Егејскиот дел на Македонија. По првата светска војна, основна задача на Атина беше без избирање на средства и начини, етничкиот состав на населението во Егејска Македонија да се измени,
Со договорите меѓу Грција и Бугарија од 27 ноември 1919 година и Грција и Турција од 17 јануари 1923 година за размена на население, беше изменет етничкиот состав.
На најбрутален начин им беше одземан имотот на Македонците и Турците, а народ беше иселен. На нивно место беа населени повеќе од пола милион Грци од Мала Азија. Македонците што останаа во Егејска Македонија постојано беа изложени на притисоци, политички игри и терор на нацинал-шовинистичките организации кои беа под покровителство на грчката влада.
Под притисок на меѓународната заедница,.Атина со договорот од 29 септември 1924 година, македонското население официјално го призна како “бугарско национално малцинство во Грција”.
Иако грчкиот парламент не го ратификува, најголема корист од овој договор извлече бугарската страна која доби официјална потврда дека македонското население во Егејска Македонија е “бугарско”!
Но, дека Грција не го мислела тоа озбилно и си играла со меѓународната јавност покажа договорот од 17 август 1926 година, кој претставува нова драма за македонскиот народ. Сега со овој договор кој го склучи диктаторот Пангалос со југословенската влада, Македонците во Грција од “бугарско национално малцинство во Грција”, стануваат „српско малцинство во Грција“!
Преименувањето на Македонците, најпрво во Бугари а потоа Срби, ништо не промени во обидите на Атина да го избрише македонскиот народ од лицето на картата во Егејскиот дел на Македонија.
Затоа Атина почнала да ги користи сите средства, како закани, принуди, убиства. По наредба на Атина, војската добила посебна задача да ги избрише сите траги од постоење на македонскиот народ на просторот на Егејска Македонија.
За тоа најдобро зборуваат војните извештаи.
Во извештајот за општата состојба на селото Арменско (Арменохори) од 25 јануари 1932 година (Документи, Том II, Скопје 1981, АМ. – Ф. Димитар Влахов. К. 21. А.Е. 86.), пешадискиот поручник Дим. Камбурас во Флорина (Лерин) ќе забележи:
„Во преградата што го двои одделението за жени во црквата најдов три мали икони со бугарски натпис, ги симнав, и ги праќам во прилог. Двајца (свештеници) имаат најелементарно образование, а нивната свест е чисто бугарска. Овој (свештеник) секој лесно ќе го познае по неговиот изглед кој е сосем сличен на монголскиот, дека во душата е Бугарин…
Дел VIII. Доверливи лица: ниту еден од домородците не може да се употреби како доверлив бидејќи мнозинството се бугараши…
Дел X. Разно. Со вчудовидување слушнав децата на бегалците да зборуваатбугарски Ова ме принуди да го преземеме следново:
1. Поради нервозата што ме опфати и која уште повеќе ми се зголемува кога го слушнав селскиот претседател да зборува бугарски, кој тој сака да го вика македонски, го удрив и му препорачав во иднина не само тој туку и на своите селани да им препорача секогаш и на секаде да зборуваат по грчки.
2. Сосема тајно ги повикав бегалците (грчки бегалци од Мала Азија) и, откако им ја опишав положбата овде, им препорачав да го избегнуваат учењето на бугарскиот јазик опширно опишувајќи им ги опасностите на кои можат да се изложат поради нивната случајна непромисленост.
3. Бегалците ми соопштија дека во општинската зграда во време на разните заседанија на општинскиот совет се употребува бугарски јазик поради што тие се принудени да си одат… Со еден збор кај домородците во селата владее до крајност противгрчки дух, мразејќи се што е грчко, и не препуштаат случај таа своја омраза да ја изразат.
Според мене најефикасен начин за асимилација е ако најзапалените како неподобни бидат протерани во туѓа држава.“
Самиот извештај на грчкиот пешадиски поручник Камбурас ни зборува кој ги уништувал пишаните докази. И кој ја прекројувал историјата. Исто така од него може да се види дека јазикот кој што го зборувал македонскиот народ не е бугарски туку го нарекуваат македонски, дека Македонците не се дојденци туку дека се домородно население и дека двата народи не живееле во љубов, туку Грците биле доживувани како окупатори.
Денес македонскиот народ има полно право на историската вистина. Но таа е погубна за грчката историја и за грчката држава. Оттука произлегуваат сите напори на Грците еднаш за секогаш да го замолкнат македонскиот народ и тој да исчезне од историската сцена.
Но тоа ниту некуму му успеало ниту ќе му успее.
Македонскиот народ постоел и ќе постои за век и веков.
Тихомир Каранфилов

http://makedonmagazin.mk/?p=905
 
гејците на 15 октомври организираат семинар на тема Македонија
агендата можете да ја погледнете на http://www.kozaro.com/indignados/imerida-gia-ti-makedonia.html
ајде сега наши новинари нека им отидат да прочепкаат малку - Момировски или онаа што известува од Атина за канал5 - и го заборајв името- па да се види кој , колку и како провоцира
 
ПЕСНИ И ОРА ОД ЕГЕЈОТ

kultura-pesni_i_ora-1.jpg

Во организација на Здружението на Сетинци, Попадинци и Крушорадци од Лерин во Македонија и Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН на 29 октомври 2011 година со почеток во 19 часот во Домот на АРМ, Скопје ќе се одржи традиционалниот Седми концерт „Песни и ора од Егејот“.

На Концертот ќе настапат фолклорна група од Домот на македонската култура во Лерин и културно-уметничкото друштво од Воштарани, Република Грција. Програмата ќе ја збогатат и еминентни естрадни уметници од Република Македонија.

Влезниците по цена од 50 денари можат да се купат секој ден од 11-16 часот во зградата на Матицата на иселениците од Македонија, а на денот на одржувањето на Концертот, во Домот на АРМ - Скопје. Важат и влезниците кои беа дистрибуирани за 15 октомври кога беше одложен концертот поради блокадите на границата од грчките царинарници.

Во рамките на програмата ќе се одржи и промоција на книгата од Марија Димкова „Од фолклорната ризница на Марија Димкова“, збирка на народни песни, приказни, преданија, легенди, гатанки и обичаи од мегленскиот крај. Марија Димкова родена е во мегленското село Горно Пожарско, Воден. Долгогодишен интерпретатор е на македонската изворна народна музика. Со ова свое дело го споделува најубавото од нејзиниот роден крај - песните и приказните, преданијата и легендите, гатанките и обичаите од родниот крај. Нејзиниот долгогодишен труд на ова поле како автентичен познавач и изведувач на народното творештво е крунисан со книга која ни нуди околу 200 оригинални творби од Македонија.
Покрај народните, во книгата на Тетка Маре (како што таа и другите ја викаат) има и неколку нејзини лични творби (песни) во кои се изразени емоциите и копнежот по родниот крај. Желбата за евидентирање и публикување на умотворбите кои ги слушала од својата баба и од други постари роднини како дете, вроди со плод во облик на оваа преубава книга. Во неа, Марија Димкова го исполнува долгот кон своите предци и ни остава во аманет да не го забораваме својот корен и да ја негуваме народната традиција, националниот идентитет и елементарното човечко достоинство. Со објавувањето на ова дело авторката ни го приближи и засекогаш ни го остави во наследство ова непроценливо културно богатство, а на научната јавност и на етнолозите им овозможи пристап до непресушната ризница на македонскиот народен гениј од Мегленскиот крај на Македонија, Република Грција, каде сеуште не е признаен македонскиот јазик.

СОЈУЗ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈОТ МАКЕДОН

СЕ ГЛЕДАМЕ ТАМУ;)
ќе дојде и свештеникот Никодим Царкнас(y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom