Паѓаат дисперзираните студии

  • Креатор на темата Креатор на темата BOJ@N
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ги поддржувате дисперзираните студии?

  • Да

    Гласови: 8 50,0%
  • Не

    Гласови: 8 50,0%

  • Вкупно гласачи
    16

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Локација
Во блиската далечина.
Ниту еден бруцош не се запишал на градежништво во Крива Паланка, на геологија во Прилеп, на рударство во Скопје, на француски јазик во Дебар. Никој не се заинтересирал да студира ниту на двете студиски програми на Педагошкиот факултет, кој е дисперзиран во Дебар, а нема нови запишани ниту на студиите по процесно инженерство во Кичево
skolo.jpg

Почнаа да издишуваат дисперзираните студии, кои пред неколку години профункционираа со владина одлука. Според последните податоци за бројот на запишани нови студенти на дури 16 различни видови студии кои се дисперзирани низ повеќе градови во земјава има едвај по неколкумина бруцоши. Освен што на прсти се бројат, има и неколку студиски програми на кои не се запишал ниту еден студент.

И покрај малиот интерес, студиите функционираат. Не се почитува законската обврска, според која не може да се изведува настава ако се запишани помалку од 35 студенти.

Според евиденцијата на секторот за високо образование при Министерството за образование и наука (МОН), со ниту еден запишан бруцош годинава останаа студиите по градежништво во Крива Паланка, потоа студиите во Прилеп по геологија, дисперзираните од штипски универзитет во Скопје за рударство и геологија. Ниту еден студент не се запишал ниту на студиите во Дебар по француски јазик, кои се дисперзија на Државниот универзитет во Тетово. Никој не се заинтересирал да студира ниту на двете студиски програми на Педагошкиот факултет, кој е дисперзиран во Дебар, а нема нови запишани ниту на студиите по процесно инженерство во Кичево.

Неодамна, со одлука на раководството на штипскиот универзитет, поради слабиот интерес пропаднаа студиите во Берово и во Пробиштип, но сé уште е неизвесно што ќе се случи со останатите дисперзирани студии на кои годинава се запишаа малкумина бруцоши. Во Министерството велат дека сега секој универзитет мора да одлучи дали ќе го почитува законот и ќе ги прекине студиите таму каде што нема студенти.

Кичевски бруцош без конкуренција

Еден студент сам себе си е конкуренција оваа академска година во трката по диплома на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Тој се запишал во Кичево на дисперзираните студии на Факултетот за електротехника и информатички технологии. За разлика од него, двајца ќе се тркаат во Дебар за да стасаат до диплома за германски јазик на Филолошкиот факултет при Државниот универзитет во Тетово. Само двајца запишани бруцоши има и во Крива Паланка, на студиите по информатика, кои се дел од скопскиот универзитет.

Професори се возат и по 400 километри неделно

Освен со недостиг од студенти, дисперзираните студии се соочуваат и со недостиг од кадар. Професори на штипскиот универзитет со комбиња и со приватни возила за една недела минуваат неколку стотици километри за да опслужат студенти во повеќе градови во источна Македонија.

Тодор Делипетров, деканот на Електротехничкиот факултет во Радовиш, секој ден патува во различен град за да држи настава – во Штип, Пробиштип, Виница и во Кавадарци. Неделно минува околу 320 километри, зашто нема кој да ги опслужува студентите.

- Предавам повеќе предмети од областа на геофизиката. Имаме околу 200 студенти од прва, втора и од трета година, а 10 професори и асистенти.

Имаме поддршка од Електротехничкиот факултет во Скопје и Бугарија, од каде што доаѓаат 20 професори. Професорите од Скопје со автобус доаѓаат секој ден до Штип и до другите градови. Значи, во еден ден, еден професор држи предавања во еден град, а потоа во друг – вели Делипетров.

Според него, млад универзитет може да функционира ако го водат млади луѓе.

- Недостигаат електроинженери доктори на науки. Магистрите не можат да бидат вработени како професори. Затоа сметам дека треба да се вложува во млад кадар, кој со тек на време би се стекнал со звање доктор на науки и би можел да предава на техничките науки – додава тој.

Наместо класични предавања, со посебен правилник на штипски универзитет дозволено е да се држи менторска настава. Јордан Живановиќ, декан на Технолошко-техничкиот факултет во Пробиштип, се среќава по еднаш неделно со студентите на консултации.

- Комуницираме со службени имејлови, среќа што сме добро технички опремен факултет. Кога е време за испит, им кажувам да напишат семинарска работа, ги потпрашувам и така ги оценувам. Веднаш се гледа дали некој учел. Ако за кратко време знае да се снајде, значи е добар студент – вели Живановиќ.

Тој предава математика 1, математички методи во геологија и геофизика, географски информациски системи, компјутерско моделирање, информатика. Опслужува студенти во Штип, Кавадарци, Пробиштип, Прилеп. Има само една асистентка, која скоро треба да замине на породилно боледување.

- Не знам дали ќе вработат нов асистент. Ако останам сам ќе биде тешко – додава тој.

Дисперзии од Штип во Скопје - зошто?

На прашањето зошто штипски универзитет дисперзира студии за рударство и геологија во главниот град, кога никој таму не се запишал, портпаролот Кирил Барбареев одговори:

- Овие смерови се единствени во државата, и се дисперзирани во Скопје заради доброто на потенцијалните студенти. Ние немаме проблем со малку студенти, секаде функционираат студиите – вели Барбареев.

Нејасно е и чија е идејата и според каква процена е одлучено скопскиот универзитет да дисперзира студии по градежништво во Крива Паланка, каде што годинава не се запиша ниту еден студент.

Со одлука на раководството на штипскиот универзитет, поради малиот интерес не се изведува настава за бруцошите во Берово и во Пробиштип. Во Берово се запишаа само четворица студенти, кои сега се префрлени да студираат во Штип, а деветмина се запишале на Технолошко-техничкиот факултет во Пробиштип. Дали и за останатите студии со малку студенти ќе биде одлучено истото, останува да се види.

Колку бруцоши има на студиите во внатрешноста?

Дисперзии од универзитетот „Св. Кирил и Методиј“:

• Крива Паланка – 2 на информатика, 0 на градежништво
• Кичево – 1 на Факултет за електротехника
• Гевгелија – 12 на Земјоделскиот
• Прилеп – 16 на производство на тутун

Дисперзии од универзитетот „Гоце Делчев“:

• Кавадарци – 8 на лозарство
• Св. Николе – 19 на лозарство
• Берово – 4 на информатика
• Прилеп – 15 на рударство
• Прилеп – 0 на геологија
• Скопје – 0 на рударство и геологија
• Струмица - 22 на транспорт, организација и логистика
• Пробиштип – 7 на Технолошко-технички факултет
• Штип – 16 на текстилно инженерство

Дисперзии од Државен универзитет во Тетово:

• Дебар – 2 на германски јазик
• Дебар – 0 на француски јазик
• Скопје – 12 на германски јазик

извор

Мојот став е: Ако се исполнуваат законските услови (мин.35 студенти) нека има, НО НЕМА НИКАКВА ЛОГИКА за еден или двајца студенти да се организираат дисперзирани студии. Па поефтино е да се земат во Скопје или друг град и државата да им ги покрива трошоците отколку вака како што стојат работите.

ПС. тема за дисперзирани студии не најдов, ако има таква нека слободно нека се спојат.
 
Поголем трошок ни направи проект4ево,како и повеќето проект4иња.Ете ги резултатите...
 
Дедо има чудно гледиште за оваа работа:icon_bigg. Бидејќи тој по цел ден коментира за политиката вели дека ова е добар план на актуелната влада да ја намали невработеноста, многу наместо по завршување на средно да одат на завод ке одат на дисперзирани студии, а башка се и поефтини, само 100 евра партиципација, а и се избегнуваат трошоци за смештај во друг град. После година или две ке се увиди дека не го бива планот, и ке се укинат и за време на СДСМ ке се зголеми невработеноста. Поен за позицијата побрзо да се врати на власт за наредниот мандат:).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom