... изградбата на приватно најавениот Дом за стари лица во населбата Далјан во Охрид (на локалитетот „Грашница“)
не се реализирал и целиот проект со години е во целосен застој.
...иако во 2019 година помпезно биле поставени темелите на објектот, а градежните активности започнале интензивно со рок на изведба до септември 2021 година, теренските работи набрзо биле прекинати.
... земјиштето од околу 8.400 м² првично било купено на лицитација од градежната фирма „Илинден“ од Струга, а објектот требало да го гради фирмата „Ха-Де“ (составена од компаниите „Еуро билдинг“ и „Океанија“) со капацитет од 400 легла, но инвеститорите не ги исполнија обврските во предвидениот рок.
... покрај политичките структури и градоначалници со години (уште од 2009 и 2014 година) го најавувале овој проект како готово решение за пензионерите, Охрид и целиот Југозападен регион сè уште немаат ниту еден функционален дом за стари лица.
... дури и да се доврши во иднина, здруженијата на пензионери постојано реагираат дека тоа ќе биде ексклузивен и скап приватен старечки дом, чии цени за сместување би биле недостижни за најголемиот дел од локалното население со просечни македонски пензии.
... за жал граѓаните во Охрид и понатаму се потпираат единствено на ограничените капацитети (околу 30 легла) на геријатриското одделение во Општата болница во Охрид или на вон институционалните услуги како што се негувателите ангажирани преку Црвениот крст Охрид.
...бидејќи објектот во Далјан е целосно приватна инвестиција на приватно купено земјиште, директните чекори зависат од инвеститорите и правните реперкусии што Општина Охрид може да ги преземе поради пробиените рокови.