Охрид повторно доби олимписки базен - за инает на Скопјанишчана :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Како дел од активностите за прославување на празникот на патронот на градот Свети Климент, во Охрид денеска на свечен начин беше пуштен во употреба реновираниот олимписки базен на Спортско-рекреативниот центар „Атина Бојаџи“.
bbazz-mm_66433.gif
- Ова е голем ден за Охрид, не само што е празник, туку што конечно го ставаме во употреба целосно реконструираниот базен. Како градоначалник на Охрид ветувам дека ќе вложувам во одржување на базенот, а истовремено ќе се потрудам да го изградам и затворениот 25-метарски базен, во неспоредна близина на спортската сала, со фитнес содржини, сауни, сквош, еден спортски центар каков што заслужува градот, рече охридскиот градоначалник Александар Петрески на отворањето на реновираниот олимписки базен.
Петрески појасни дека целосната реконструкција ја чини општината околу 150 илјади евра и нагласи оти најголема пречка за неговото обновување биле нерешените имотно-правни односи. Тој им заблагодари на концесионерите што имаа договор за 20-годишно стопанисување со делови на спортскиот центар што доброволно предвреме се откажале од договорот, се со цел да овозмжат реконструкција на базенот и повторно негово ставање во употреба. Истовремено најави постепена реконструкција и на останатите делови на Спортско-рекреативниот центар, притоа поздравувајќи ги ветувањата од Агенцијата за млади и спорт дека од оваа есен ќе започне изградбата на затворен олимписки базен, на друга локација исто така во близина на спортската сала.
- Охрид отсекогаш давал големи имиња во спортското пливање, па и во ватерполото. Но, за спортско пливање и постигнување врвни резултати неопходно е градот да има затворен базен, што ќе овозможи трениг во текот на целата година, истакна во оваа прилика Александар Радиќ, доајен на охридското пливање и еден од најистакнатите инструктори по пливање во Охрид.
Соња Дубалова-Делова, тренер по пливање, рече дека веќе од денеска двапати дневно повторно почнува со работа школата по пливање.
- Тоа значи дека повторно ќе се раѓаат нови асови, нови маратонски имиња во нашиот град. Александар Маленко замина во Скопје поради тоа што немаше услови за работа во нашиот град. Се надеваме дека Охрид ќе добие и затворен базен каде ќе можиме да работиме со тие деца, рече Думбалова-Делова.
Честа официјално да го стави во употреба базенот му беше доделена на токму на нашиот олимпиец Александар Маленко, кој прв влезе во водата и исплива сто метри.
Свеченоста на ставањето во употреба на реконструираниот базен во Охрид беше збогатена и со ревијален пријателски ватерполо натпревар, во кој силите ги одмерија ватерполистите на „Работнички“ од Скопје и „Гоч“ од Врњачка Бања.

http://sitel.com.mk/dnevnik/sport-plus/ohrid-povtorno-dobi-olimpiski-bazen

Се фино, само ме изнасмеа старецот-тренер што се попали цел и мораше да ја спомне таа долгогодишна споредба од натпреварувачки карактер меѓу Скопје и Охрид. "Сегашните во Охрид ќе бидат подобри од сегашните во Скопје. Гарантирам. ALL CAPS RAGE* - ЗШ СЕ РОДЕНИ ВО ВОДА!!!. Зошто Охриѓаните гледаат цело време конкуренција во Скопјани, стварно не ми е јасно...
 
Супер, одлично, и името е на место. Нека има и во повеќето градови.
 
Па редно и беше! Арно си кажа човекот на телевизија што го имаше „ ние сме родени во вода “
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom