Според објавените резултати од онлајн гласањето на меѓународна анкета, актерката Џенифер Лоренс е најпосакуваната жена на светот, објави машкиот сајт AskMen.
„Џенифер Лоренс, ѕвездата на филмот „The Hunger Games", се најде на врвот од листата на најпосакуваните жени за 2013, од 47-то место на кое се наоѓаше минатата година“, изјави главниот уредник на порталот, Џејмс Бејсил.
„Во целина, постои чувство дека таа е малку пооригинална од другите актерки", вели тој и додава дека јавноста сé уште малку знае за оваа 22-годишна актерка.
„Таа е нова, бидејќи не сме ја виделе по страниците за озобрување во последните години".
Минатата година најпосакуваната жена во истиот избор беше Софија Вергара, којашто годинава падна на 12-то место.
Порталот AskMan.com пишува дека годишната листа на 99-те најпосакувани жени на светот чијшто пласман е утврден со онлајн гласање, наскоро целосно ќе биде објавен во National Journal of Scientifically-Determined Celebrity Hotness.
Во годинешното гласање за 99-те славни жени преку кликање за личноста, имало генерирано повеќе од 2,4 милиони гласови, се наведува во соопштението за медиумите.
На второто и третото место се актерките Мила Кунис, односно Кејт Аптон, а потоа следат Ријана и Ема Стоун. Во првите 10 најпривлечни жени влегуваат и Миранда Кер, Кристен Стујарт, Џесика Гомес, Џесика Паре и Мишел Џенеки.
На листата се најде и првата дама на САД, Мишел Обама, која е на 33-то место, едно подолу од пејачката Бијонсе.
Изненадување претставува пласманот на 85-то место на Надежда Толокникова, една од припадничките на женската панк група Pussy Riot коишто поради провокативната „панк молитва" против рускиот претседател Владимир Путин изведена во црква во Москва, заедно со двете колешки беше осудена за навредување на верските чувства.
Изненадување, исто така, но истовремено и разочарување, како што пишуваат медиумите, е пласманот на Ким Кардашијан којашто од 8-то место, годинава се пласираше на претпоследното 98-то место.
Што мислите ... дали Мишел Обама заслужува да биде пред Ким Кардашиан ? Дали се согласувате со ова рангирање или пак би ја надополниле или измениле листата ...

) samo steta ne e poznata licnost ke ja unistese listava