Општествениот статус и пријателите

  • Креатор на темата Креатор на темата Шмекерот
  • Време на започнување Време на започнување

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Возраст
38
Дали општествениот статус ги одредува пријателите?
Дали мислите дека парите ги одредуваат пријателите?
Се почесто сме сведоци на класно раслојување на луѓето и нивно одвојување на “богати“ и “сиромашни“!
Дали мислите дека тоа е нормално, пошто реално не секогаш можеш да се дружиш со некој што има многу пари ако ти немаш, едноставно не можеш да го следиш во сите негови задоволства.
Како се однесувате вие?
 
Општествениот статус ги одредува само оние кои ни се навидум пријатели. Вистинското пријателство не одредува што е добро а што не со помош на финансиската моќ.
Дружењето е нешто кое доаѓа од самото она што сме ние. Ако некој смета дека за да се дружам со него треба на едно излегување да фрлам 1000 денари, тогаш нека не смета на моето пријателство.
Искрената дружба не е поврзана со парите туку со потребата да бидеш со некој сличен на тебе.
 
ШмекериШЧе ти ако не отвориш јака тема , нема кој !

Не мислам дека парите ги одредуваат пријателите но ЗА ЖАЛ гледам се повеќе пријатели (од кои се дистанцирам лека/полека) што користат луѓе за пари ....

Само исфрустрирани луѓе можат да ги делат луѓето на богати и сиромашни ... Демек ... Овој види го не купува во Битсиани не се дружам со него ... и Ау такви срања .... Пун курац има такви ... Жално но вистинито ... Претпоставувам дека толку им е *домашната култура*

Не мислам дека е нормално ... т.е сметам дека е апсолутно ненормално но таков народ сме , што да се прави ?

Како и секој и јас претпоставувам дека имам и богати и сиромашни пријатели но не ги делам според финансиите ....Се дружам со сите ... а и фала богу имаат РАЗБИРАЊЕ *богатите* кога не сум во можност да одам со нив секој втор викенд *на мало цуге до Београду* ....
 
Општествениот статус ги одредува само оние кои ни се навидум пријатели. Вистинското пријателство не одредува што е добро а што не со помош на финансиската моќ.
Дружењето е нешто кое доаѓа од самото она што сме ние. Ако некој смета дека за да се дружам со него треба на едно излегување да фрлам 1000 денари, тогаш нека не смета на моето пријателство.
Искрената дружба не е поврзана со парите туку со потребата да бидеш со некој сличен на тебе.

Од старт се спротиставувам на ова мислење, што се надевам дека ќе биде добро за понатамошниот тек на дискусијата.

Болдот - Општествениот статус, сакале или не, не дели во групи, како што не делат милиони други нешта. Парите и моќта, односно статусот во општеството со себе си носи одредени сфаќања за животот а со тоа и обликот, типот на пријателите.

Па кога веќе се наоѓаме во општество каде мора да се диференцираме по тој однос, пријателите ќе се пронајдат себе си како пријатели само ако се слични едни на други а тој предуслов ќе биде доста важен. Не е дека едните се снобови а другите ги знаат вистинските вредности, туку едноставно... имаат заеднички интереси и заеднички сфаќања.

Тоа што тој некој од тебе ќе очекува да фрлиш илјада денари, не е некое пренемагање, тоа е нормално за него, и нема да бидете пријатели ако не се сложите по тој основ, зашто неможе он вечно да плаќа за тебе, а и ти вечно да се гребеш нема да сакаш, нема да ти биде пријатно.

Дали треба да има воопшто општествен статус, или пријатели и воопшто меѓучовечки односи треба да се градат на темел на други вредности, а не пари, ќе разговараме на друга тема, а мојот став го знаете. Ако не го знаете, да сте живи и здрави. :helou:
 
Богаташите во државава се знае кој се сочинуват 5% од вкупното население дури можам и на прсти да ги избројам, бивши политичари, некој покрупни бизнисмени и слично, ако земат да се дружат меѓу себе тогаш би имале многу мал круг на луѓе за дружба, не би рекла дека се делат во странство можеби се делат на групи а и тука се делат ама само по однос на склучување на брак со некој а не и кога станува збор за дружење, што знам можда грешам.
 
Драга,
покрај нашата ситуација со 30% невработени и останатите со просечна плата од 100 евра, и луѓето од средната класа се богати. Има делба, иако е мала, сепак неможе да се игнорира како да непостои.

Не е дека едните се снобови а другите ги знаат вистинските вредности, туку едноставно... имаат заеднички интереси и заеднички сфаќања.
Точно...Не значи дека некој ако има повеќе пари во џебот дека е сноб. Незначи дека ако некој е стритер и ако нема пари дека е интелектуалец само заради тоа што искусил near dead experience во гангстерска престрелка и знае како е да се живее на работ.
Но исто така не значи дека ако богатата персона уз праење муабет за дешавки на одмор, спомне дека била на бахамите и и` се десило нешто таму, дека таа се фали. Едноставно екслузивните и скапите нешта се дел од нејзиното секојдневие, и тоа е се за тоа што таа може да збори, бидејки само тоа го искусила. Секако дека ако иде во Индија и даде пари за фондот за сиромашните, дека ке збори за тоа, но не значи дека се фали дека има пари.

Сепак, сума сумаре е дека дефинитивно има делба, но не влијае длабоко на пријателството.
 
И тоа како се делиме, сакале да признаеме или не.
Прост пример, ми текнува уште од основно, значи што се вели уште млеко цицаат а почнаа да се делат побогатите од другите, и како со омраза гледаа на истите.

Значи, истите луѓе од примерот ги гледам и ден денеска на истиот начин се однесуваат, тоа е, чим (според нив) макар еден од твоите не е на некаква голема функција, или не возиш некаква опасна кола, или ете, не студираш никаде и ред триста работи, не си на нивоу. Мхм.
 
Некогаш заради самото работно место немаш време за пријателите и другарите а тие мислат дека се делиш?
На денешно време парите ги одредуваат пријателите,тоа се вика бизнис интерес!
Не можеш да следиш некого што има пари,колку тој и да сака да бидете заедно тебе те фаќа срам затоа што повеќе пати тој те чести а ти не можеш,едно време не беше така ама се променија времињата...
 
Дали општествениот статус ги одредува пријателите?
Дали мислите дека парите ги одредуваат пријателите?
Се почесто сме сведоци на класно раслојување на луѓето и нивно одвојување на “богати“ и “сиромашни“!
Дали мислите дека тоа е нормално, пошто реално не секогаш можеш да се дружиш со некој што има многу пари ако ти немаш, едноставно не можеш да го следиш во сите негови задоволства.
Како се однесувате вие?
Општествениот статус го определува кругот на луѓе меѓу кои се движиш и со кои функционираш. Помеѓу сите тие личности, сигурно ќе наидеш на оние со кои ќе имаш многу повеќе од само обично здраво. Со некои ќе имаш дружба, со некои ќе можеш да правиш заеднички планови за работа, ќе делите исти интереси и ќе се гледате повеќе токму од таа причина.
Вистинските пријатели подоцна самите се откриваат, а исто оние кои те опкружуваат од било каков интерес.

Да, реално парите, класите и одвојувањето на богати и сиромашни го прави кругот на твоето движење и на некој начин ги одредува пријателите. Не дека не може да имаш пријатели од пониска или повисока класа...но ретки се тие. Денес скоро сите гледаат низ призмата на парите. :)
 
Жално но вистинито ... сепак не зависи од тебе дали можеш да имаш богати пријатели ... туку од нив .... Што ако *да речеме* ти сакаш да се дружиш со нив кога ке те гледаат попреку / ке им рушиш *имиџ* итн итн ... ?

Јбг ...:tapp:
 
лол...а ти ако си со друштвото, а вие сте down - такви, целите раперски облечени и ти дојде богаташ кој сака да е со тебе пријател, ама цело време носи смокинг?
 
Жално но вистинито ... сепак не зависи од тебе дали можеш да имаш богати пријатели ... туку од нив .... Што ако *да речеме* ти сакаш да се дружиш со нив кога ке те гледаат попреку / ке им рушиш *имиџ* итн итн ... ?

Јбг ...:tapp:
Тоа се нарекуваат пријатели? Или само личности што сакаат да се на врвот, па се споиле неколку паметни и богати умови и решиле ајде ќе бидиме друштво,ама никој да не смее да ни се доближи зошто ќе ни е под ниво?
Јас мислам дека пријателите не би требало да се одбираат според општествениот статус, не оние вистинските.
Тие што така си ги одбираат се материјалисти,или пак да не давам глуп пример ама од "Ангели" серијана, едно девојче има мајка слугинка,се срами од тоа што е сиромашна, а живеат во куќата на газдарицата и сега девојчево пошо сака да живее на висока нога, се дружи со такви и мајка и ја претставува како слугинка да е..
На крај краева, секој според можностите. Разбирам дека ти требаат пари за да успееш во нешто, ама не секогаш парите те прават среќен.. или тоа што ќе имаш богати пријатели и покрај нив ќе се осеќаш моќно.
Ако ти се вистински пријатели, ма колку и да се богати, треба покрај нив иако си сиромашен, да се осеќаш добро,вистина дека тие ќе можат повеќе да си дозволат, но за тоа сепак да направат да не ти е незгодно додека си со нив.
 
За мене да си кажам дека друштвото ми се најважно од Се...Ама пошо сум роден у Гето имам ептен лошо друштво исполнето со педерски работи со правење глупости итн итн...Затоа избегавам да се дружам со нив...затоа секој нареден ден гледам да запознаам некој нов другар...ама сварно да ми е другар, да не е само поради кеш:smir:
 
Лично општествениот статус никогаш не ми бил важен при склучување на пријателства.
Сум се дружела(и се дружам)со личности кои не знаат колку пари имаат,а и со личности кои се спротивност од предходно кажаните.
Сепак можеби и малку е потешко да успеат тие пријателства.

Ако јас вечер сакам да одам на некој концерт(карта 300)пред тоа на кафе(100 денари една пијачка)да одам и да се вратам со такси(се на се 200) тешко дека можам да излегувам со некој од понискиот општествен слој.
Затоа јас гледам да не се паралдисвам многу по такви работи за да не им биде незгодно на мојте другари.
 
Мене општествениот статус не ми е никаков предуслов во стекнувањето на пријателите... Но за жал, тој денес е основен предуслов за стекнување на пријателствата. Имам и крајно богати пријатели, но и сиромашни. Тоа не ме интересира, важен ми е карактерот и душата. Парите не ме интересираат..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom