Спортист со бункер зад себе – Opel Insignia Sports Tourer
На саемот во Париз, Opelќе ја претстави и третата, караванска изведба на новитетот во средната класа, Insignia, која воопшто не заостанува во стилот зад другите две – напротив, InsigniaSportsTourerќе биде еден од најубавите каравани.
Караванот ќе лежи на истата платформа како и другите две верзии, што значи ќе има исто меѓуоскино растојание (2.740 mm), додека ќе биде подолг за 8 cm и неговата должина ќе изнесува неверојатни 4,91 m, повеќе и од некои автомобили од средно – високата класа.
Моторизацијата ќе биде иста како и кај другите две изведби, но со дополнување од два нови мотори, едниот турбо бензинец и другиот турбо дизел, кои нормално ќе се вградат и во седанот и хечбекот, додека багажникот ќе брои читави 540 литри.
Како посебни верзии ќе можат да се порачаат EcoFlex верзијата која ја штити околината и ја намалува потрошувачката на гориво, како и верзијата со погон на сите четири тркала.
Продажбата на оваа верзија почнува наскоро по претставувањето на саемот во Париз, со цена за околу 1.000 евра повисока за исто опремениот седан.