ОМД ја повикува МКГ да го повлечат тенденциозниот извештај за Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата UMDiaspora.org
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 ноември 2009
Мислења
51
Поени од реакции
9
ОМД ја повикува МКГ да го повлечат тензециозниот извештај за Македонија
http://umdiaspora.org/content/view/596/1/

17 август, 2011 - Вашингтон САД.

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ја повикува организацијата за истражување, Меѓународна кризна група (МКГ) да го повлече својот најнов извештај за Македонија. Во извештајот нема кредибилитет поради својата бесрамна пристрасност - потврдена од своја страна за своите симпатизерски потреби, селективното и погрешно претставување на информации и недоследностана своите позиции утврдени во претходните извештаи на МКГ. ОМД смета дека овие големи недостатоци ставаат едно фундаментално прашање, дали ваквите примедби се валидни во документот.

Во извештајот од 11 ти Август , 2011 се слави Охридскиот Рамковен Договор (ОРД) за смирување на меѓуетничките тензии, но потоа се жали за зголемување на етничката сегрегација во училиштата, игнорирајќи дека токму условите на Охридскиот Рамковен Договор се разултати за тоа да биде неизбежено. "Во однос на етничката хармонија, одвоени училници дефинитивно се чекор назад, но МКГ не препознава во целост дека ова е благодарение на Охридскиот рамковен договор. Или МКГ не се потрудиле да го прочитаат Делот 6 од договорот што го подржуваат, или пак тие не можат да прифатат 'Да' за одговор ", изјави претседавачотна Бордот на ОМД Стојан Николов.

Во извештајот македонските херои/статуии се опишуваат дрско и "навредливо" контие што не се македонци, а доста неверојатно барајќи земјата да се преименува себеси во „Република Северна Македонија“ за сите меѓународни односи. „Огромно мнозинство во светот - преку 130 земји, вклучувајќи ги и САД, Обединетото Кралство, Кина, Русија и Канада -. веќе ја признаа Република Македонија под нејзиното едно и единствено име. Сепак некои меѓународни тинк танкови (think tanks) како МКГ одбиваат да ја прифатат реалноста. Тие исто така, се прават слепи на многу несовесните провокации на Грција и зазлоделата во изминатите години “, рече претседателот на ОМД Методија А. Колоски.

Извештајот на МКГ од 2011 љубопитно и противречно оди спротивно на извештајот на МКГ од 2001 година , во кој е вклучено следново: "Обичните Македонци длабоко го мразат начинот на кој Охридскиот договор беше постигнат, (што е) валидна жалба .Целта за претворање на Македонија во „граѓанска држава“ ја прави Македонија аномалија во регионот на дефинитивно „етничка“ држава, од кои се придржуваат трите основните предизвици за македонскиот идентитет. Грција става вето на меѓународното признавање на името на Македонија, Србија ја негира автокефалноста на Македонската православна црква, и Бугарија прифаќајќи ја Македонија како држава, го негира постоењето на Македонскиот јазик и Македонската нација. "

Во меѓувреме, во извештајот на МКГ од 2001 година само се повикува на билатерален договор меѓу Скопје и Атина врз основа на терминот Република Македонија. „Оригиналниот извештај од 2001 година е далеку од совршен, всушност оваа нова верзија јасно ја става непристрасноста на МКГ и легитимитетот во прашање,“ изјави Николов.

„Македонија отсекогаш била лидер во знак на поддршка на правата на малцинствата во регионот. Македонците во Грција ќе слават по улици, ако ги имаат само половина од привилегите кои ги уживаат малцинствата во Македонија, дури и пред Охридскиот Рамковен Договор", изјави директорот на канадскитеврски на ОМД ,Џим Даикос. „Сепак, ставот од Брисел и Атина е секогаш ист:" Прави како што велам, а не како јас правам. "

За повеќе информаци:

2011 МКГ Извештај за Македонија: http://www.crisisgroup.org/en/regions/europe/balkans/macedonia/212-macedonia-ten-years-after-the-conflict.aspx

2001 МКГ Извештај за Македонија: http://www.crisisgroup.org/en/regions/europe/balkans/macedonia/122-macedonias-name-why-the-dispute-matters-and-how-to-resolve-it.aspx
Оргиналниот текст од Охридскиот Рамковен Договор:http://faq.macedonia.org/politics/framework_agreement.pdf
 
Браво за ОМД, добро ги исплескала тие од МКГ. Нека знаат дека не можат да прават што сакаат.

Се ова се притисоци за името, прво беше писмото од ОБСЕ, потоа МКГ и и сега некаква НВО дркотина Новинари без граници. Безобразието на сите нив заслужува да ја цитираме Мирка Велиновска во целост:

Многу е незгодно кога на довчерашниот светски авторитет ќе му падне чаламот. Особено кога чаламот сте го граделе на систематски создаван привид. Прво што ви се случува е извиканите, но тврдоглави негативци Ахмединеџад и Гадафи да не ја пропуштат шансата јавно да ве исмеат поради двојните стандарди, политичка и етичка неконзистентност, а вие едноставно веќе немате реална моќ да им вратите соодветно. Макар преку НАТО.

Дури и ако се обидете, веќе никој не ви верува на „аргументите“ дека помеѓу нив и вас има каква било разлика. Додуша, аргументот на сурова сила сé уште ви е во рака, ама силата на аргументите ве убива во поим. На отвореното (циркуларно) писмо упатено до Дејвид Камерон, во кое овие двајца бараат да се повлече од функцијата зашто „загубил легитимитет и кредибилитет“, и тоа поради апсењето деца од 11 години, воведувањето употреба на непропорционална сила во судир со демонстранти, ограничувањето и цензурата на социјалните мрежи и медиуми, вадењето на армијата на улиците за да се справи со разбеснетата маса и сл.

Изгледа дека проблемот е во таа проклета перцепција за која досега беа задолжени „слободните“ и „независни“ медиуми и пребогатите НВО.

Преку нив и сега светот слуша дека пљачкашките походи во Каиро, Дамаск, Бенгази биле ослободителни демонстрации против диктаторски режими. Но истите напади на неконтролиран масовен бес по европските градови ги изведуваат хулигани и банди на невоспитани и социјално запуштени малолетници.

Се уверивме и ние во Македонија пред десет години дека статусот добар демонстрант или лош режимлија ви го одредуват географијата, политиката и интересите на моќните сврзани со нивните потреби и вашите природни предности и ресурси. Значи, од неодамна, по настаните во Велика Британија и заседанието на британскиот парламент, цел свет знае дека она што важи за Британците, не важи за Арапите и Балканците. Додека ние по европски диктат градиме мека полиција, британскиот законодавец бара робусна полиција оти „сила се побивала со уште поголема сила“. Значи, ништо од реципрочната употреба на сила што и беше сугерирана на македонската полиција и армија во фингираната војна во 2001 година. Напротив, изгледа за потребите на новото време се бара трајно силна и бројчано надмоќна полиција со зголемени овластувања како одговор на опасноста протестите да се претвореле во трајна „култура на стравот“. Дали е ова најава од најстарата европска демократија дека влегуваме во новата мрачна доба на слободен лов на вештерки?

Комплексен социополитички феномен

Иако од 2008 година светот на најмоќните и најбогатите држави го тресат стотици вакви изблици на колективен бес од Отава и Торонто до Париз, Лондон, Мадрид и Атина, се чини дека западните политичари - светски старатели - се крајно изненадени. Неодамна во Норвешка, сега во Лондон и Манчестер, завчера во Париз, а утре кајгоде. Ние секако не сме. Уште пред две години беше јасно во кој правец ќе се одвиваат работите околу она што денес Дејвид Камерон го именува како комплексен социополитички феномен. Се работи за стандарден и предвидлив хаос, кој се раѓа како последица на крајот на светот што е уреден на лажни вредности, паднат морал, духовна сиромаштија, загубени илузии и изневерени идеали. Во мигот кога тој се руши, а сé уште не е на повидок новиот, се случува хаос. Секако дека најпрво како жртви „паѓаат“ дуќани и други симболи на долго потиснувана социјална немоќ и животна несигурност.

Спинот со креирање долгорочен „верско-идеолошки“ непријател во ликот на Ал каеда пропадна. Масакрот во Осло го изведе чистокрвен викинг, ариевец и христијанин. Како што и Лондон го запалија родените лондончани и деца чии родители потекнуваат од британските колонии, денес земји на Комонвелтот. Истото му се случи и на Париз. Европа, онаа што до вчера требаше да ни биде модел за углед, очигледно ги прави првите чекори во опасен и ужасен правец. Пак чекори кон диктатура, расизам и нацизам. Од 2008 година до денес, од средената и цивилизирана Европа добивме: христијанска ЕУ, со закон одреден дрес-код за муслиманките во Франција, јавно погребана мултикултура во Германија, расистички изблици и прогони на Ромите, воведување двобојни етногенетички лични карти во Финска, враќање на границите меѓу државите во ЕУ. Самоорганизација и формирање на т.н. цивилни патроли во квартовите каде што се случуваат безредија. Последното е најавата на британскиот парламент дека во идните вакви демонстрации ќе биде вклучена и армијата.

Што остана од моќта?

Сега, нормално, има некои што не сфаќаат што по ѓаволите се случува во елитниот евроатлантски круг на моќта. Како на пример извесната госпоѓа Дуња Мијатовиќ од ОБСЕ и таканаречената Меѓународна кризна група, кои повторно, наменски, се огласија во врска со Македонија. Но не и со оние погоре наброени загрижувачки пројави и настани. Овие инстанци изгледа мислат дека можат да оживеат ако своето постоење го врзат за преостанатите европски рабни оази на несовршеноста и така да обезбедат континуитет на времето кога САД и ЕУ имаа ААА+ кредитен и политички рејтинг и жареа и палеа низ светот како загадочна „меѓународна заедница“.

Воспитани, ако не и дрилувани, беспоговорно да и се восхитуваме на безгрешна Европа и нејзините вредности, ние сé уште не сме подготвени ни за здрава иронија, а камоли цинизам со кои американските комедијанти (еквивалент на европските дворски будали) го исмеваат падот на Ззападот. Ама затоа можеме да кажеме гласно дека ги гледаме глупостите што се прават, загрижени сме поради правецот во кои се движат нештата, начините на кои се „решаваат“ проблемите на нашиот континент. И велиме исто што и Џон Стјуарт: На Европа повторно и се случува „шитцкриг“. И тоа од епски пропорции. Вклучувајќи ја во него и јавната закана - предупредување на госпоѓата Мијатовиќ дека ОБСЕ ќе ни стегне катиљ ферман за медиумските слободи.

ОБСЕ, ете, сега нема друга попаметна работа, сé е потаман од Осло и Хелсинки до Лондон, Париз и Брисел, па му остана само да го среди Скопје заради газда Велија. Не се занимава со прекршувањето на човековите права на македонското малцинство во соседните држави, со дискриминацијата при националните пописи на Балканот, ами со медиумските слободи на Героски и компанија, кои и онака и досега уживаат апсолутна слобода во промоција и изведба на Гебелсова пропаганда. По спектаклот што ни го приредија Мардок и син му, многу е интересно како госпоѓата Мијатовиќ замислува дека ќе има каков било ефект нејзината „загриженост“ за слободата на медиумите версус „режимот“ во Македонија. Особено што поимот „слобода“ го врзала за судбината на нашиот слободоумен Велија. Ќе ја разберевме, на пример, да беше загрижена и да побараше од Владата на Македонија да му понуди на Собранието закон со кој ќе се прекине навиката на богатите сопственици на медиуми и на универзитети (независни, нормално) да им налепуваат по десетина фиктивни фирми преку кои незаконски вртат пари и избегнуваат плаќање даноци.

Со други зборови, кој воопшто ја зема за сериозно кога таа во името на ОБСЕ ни порачува дека се согласува разни брзопрсти транзициски бараби да ги претворат медиумите во жив штит од легалните акции на државата за законитост. Приближно исти такви што ги бомбардира НАТО прогласувајќи ги за легитимна цел при своите воено-демократски походи. Таков извештај ќе ни значеше нешто. Таква „закана“ ќе беше мотивација за секоја влада што сака да управува со правна држава. Вака, како што настапи госпоѓата, не само што не нé стресе туку дополнително нé увери во сериозноста на крахот на евроатлантските институции, кои самите шират култура на стравот, односно стимулираат хаос.


Од ОБСЕ, ако воопшто може да опстане како сериозна организација и во новото време, ние со право очекуваме јавно да ги соопшти своите наоди, односно да ги изнесе аргументите со кои го поткрепува тврдењето или оцената дека во Македонија се загрозени медиумските слободи. Нас не нé интересираат описни политички флоскули. Ќе нé интересира кој всушност, како и со што ги загрозува.

Ќе влегуваме ли во тоа друштво?

Македонското демократско општество мора да бара јасен одговор од нашите политичари дали нас нé интересираат демократски вредности или само форма

Европската организација за безбедност и соработка совршено рамнодушно го прими фактот дека од 1 јуни 2011 година во демократска Финска се воведени двобојни лични карти, со кои се прави драматична разлика во статусот на финските државјани. Оние што имаат оригинерен угро-фински корен добиваат сини лични карти, а придојдените до трето колено добиваат кафени. Бидејќи ние многу сакаме да бидеме дел од ексклузивниот европски клуб, имаме право како граѓани да бараме од нашите политичари јавно да се изјаснат по ова прашање. Ќе влегуваме ли во тоа друштво и по цена да станеме кооперанти на еклатантен фашизам? Ќе бараме ли и понатаму влез во тоа друштво, кое еднаш сме го победиле во војна, и по цена себеси да се жртвуваме на олтарот на фашизмот, сменувајќи си го идентитетот?

Конечно, македонското демократско општество мора да бара јасен одговор од нашите политичари дали нас нé интересираат демократски вредности или само форма.

Политичките елити во западноевропските земји сега имаат реален проблем како да ја продаваат идејата за високи демократски стандарди и просперитет на своите избирачи. А ние, Балканците, сега практично немаме на кого да се угледаме. Нашиот идол бил бетер од нас. Нашиот идеал бил само пропагандно одработен привид. Нашиот комплекс на пониска вредност е дело на силна пропаганда. Балканот со сите свои проблеми, историски наслаги, денес е поубаво и похармонично место за живот од кое било парче западноевропска земја. Уште една фалшива перцепција што ни била продавана како реалност е урната. Европа за која сонувавме денес ја нема.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=816117039&id=9&prilog=0&setIzdanie=22357


 
Eve statija od MakFax za ova tema: http://www.makfax.com.mk/#2/265889/...za_krizata_vo_grcija__a_ne_za_sporot_so_imeto

Колоски: МКГ да напише извештај за кризата во Грција, а не за спорот со името

Александар Чочевски - 18 август 2011 16:29 GMT Извор: Макфакс

902f546c-4614-459a-9f97-41c16e5505bd
Меѓународната кризна група (МКГ) нема право да сугерира име за Македонија, вели Методија Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора, по предлогот на МКГ владата во Скопје да го прифати името „Република Северна Македонија“ како решение на спорот со Грција.

Според него, со ова организацијата уште повеќе ги загрозува односите меѓу Македонија и Грција.

„МКГ и помага на Грција со нивниот предлог Македонија да го смени името. Наместо организацијата да биде неутрална институција, очигледно таа настапува пристрасно. Македонија не е страната што треба да прифати ново име. Дополнително, Грција е страната која треба да си ги реши внатрешните проблеми. Препорачувам МКГ да напише извештај за кризата во Грција. Македонија не е во криза“, вели Колоски.

Тој вели дека целокупната дијаспора стои зад ставот да не се менува името на Република Македонија.

„ОМД смета, и ова го велиме во име на целата дијаспора, дека нема да прифатиме промена на името Република Македонија“, вели Колоски.

Меѓународната кризна група во својот последен извештај предложи Скопје да го прифати предлогот „Република Северна Македонија“ или слична формула со географска одредница како решение на спорот со името, а на Атина да и се предложи да ја прифати употребата на придавката „македонски“ од страна на нашата земја. /крај/ач
 
Дали воопшто некој од Меѓународната кризна група е направил трудот да обрне внимание на памфлетите на UMD? Жестоко се сомневам.
 
Дали воопшто некој од Меѓународната кризна група е направил трудот да обрне внимание на памфлетите на UMD? Жестоко се сомневам.
Нас жестоко не не занима мислењето на МКГ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom