- Член од
- 21 октомври 2009
- Мислења
- 1.534
- Поени од реакции
- 2.418
ЈАС ќе се задржам на праксите за студентите на технолошките факултети.... еве некој друг нека пише за тие на општествените факултети
ЕЛЕКТРО
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 11:23 ---
МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ1.Eлем
2.Мепсо
3.Jonson Controls
4.USAID
5.ТИТАН УСЈЕ
6.Топлификација АД Скопје
7.Макстил
8.Т-Хоме
9.Т-Мобиле
10.Микросам
ЕЛЕКТРО
- Агенција за енергетика на РМ Почитувани, Агенцијата за енергетика на Република Македонија нуди можност за пракса на еден студент од завршните години на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје. Праксата ќе се одржува во месеците Јули и Август, во просториите на Агенцијата. Студентите на оваа праксата ќе имаа можност да се запознаат со: - Енергетската легислатива во Република Македонија - Проектите во областа на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во Република Македонија - Работата на Инфоцентарот за енергетика Апликантите треба да се студенти на некои од енергетските насоки и да имаат добро познавање на англиски јазик. Заинтересираните студенти треба да испратат свое CV и мотивационо писмо, не подолго од една страна, до Агенцијата за енергетика на Република Македонија на е-маил: еа@ea.gov.mk најдоцна до 24.06.2011 година
- Македонски Телеком АД - Скопје
Факултетот за електротехника и информациски технологии и Македонски Телеком АД - Скопје потпишаа Меморандум за соработка со кој се нуди можност на студентите да стекнат работно искуство преку програмите за стажирање (internship) и пракса (training) и да ги докажат своите професионални вештини. Покрај професионалното знаење, ФЕИТ на студентите им овозможува практично работно искуство во текот на наставата со цел да се зголеми можноста за вработување на студентите.
Факултетот за електротехника и информациски технологии нуди можност на студентите да се вклучат во имплементација на значајни проекти што ги реализира Македонски Телеком АД - Скопје. Вклучувањето на студенти воМакедонски Телеком АД - Скопје ќе се одвива преку две програми:
1.Програма за стажирање (Internship) во времетраење до три месеци, како прифатен и акредитиран дел од студиските програми кои се придржуваат до Болоњската Декларација. Во рамките на оваа програма ќе може да се изработуваат и дипломски работи.
2.Програма за пракса (Training):
а) во која ќе бидат вклучени тукушто дипломирани студенти без работно искуство, во времетраење од шест месеци;
б) во која ќе бидат вклучени дипломирани студенти кои се во фаза на подготовка на магистерскиот труд, во времетрање од три месеци.
Прилози: 1. Апликација за студенти практиканти
Пополнетата апликација да се ипрати на acerist@feit.ukim.edu.mk.
Првиот круг на селекција ќе биде направен од страна на ФЕИТ. Конечниот избор на кандидатите ќе биде направен од страна на МТ. Избраните кандидати ќе потпишат Договор со ФЕИТ и МТ за условите за изведување на соодветната програма (стажирање или пракса). На секој од нив ќе му биде назначен по еден ментор од ФЕИТ и еден ментор од МТ.
За стажантите е предвиден надомест за храна и превоз и соодветно осигурување. За практикантите, покрај ова, предвиден е и дополнителен надомест за извршената работа. - Стопанска Банка - Скопје
Факултетот за електротехника и информациски технологии има интензивна соработка со Стопанска Банка – Скопје, со која им се нуди можност на студентите да стекнат работно искуство, преку пракса, и да ги надградат своите професионални вештини. Покрај професионалното знаење, ФЕИТ на студентите им овозможува практично работно искуство во текот на наставата со цел да се зголеми можноста за вработување на студентите.
Факултетот за електротехника и информациски технологии им нуди можност на студентите да се вклучат во тековните активности на банката. Студентите би биле ангажирани на работна пракса со полно работно време во времетраење од еден месец, со можност за продолжување на повеќе месеци во зависност од тековните проекти во банката. За студентите следува соодветен финансиски надомест за работата. Можно е делумно флексибилно работно време во банката заради ангажман околу испитите и наставата.
Првиот круг на селекција ќе биде направен од страна на ФЕИТ. Конечниот избор на кандидатите ќе биде направен од страна на Стопанска Банка - Скопје. - НЛБ Тутунска Банка
Факултетот за електротехника и информациски технологии започна соработка со НЛБ Тутунска Банка, со која им се нуди можност на студентите да стекнат работно искуство, преку пракса, и да ги надградат своите професионални вештини. Покрај професионалното знаење, ФЕИТ на студентите им овозможува практично работно искуство во текот на наставата, со цел да се зголеми можноста за вработување на студентите.
Факултетот за електротехника и информациски технологии им нуди можност на студентите да се вклучат во тековните активности на банката. Студентите би биле ангажирани на работна пракса во времетраење од еден месец, без надомест. Планирано е флексибилно работно време во банката, заради ангажман околу испитите и наставата.
Студентите кои ќе бидат ангажирани како практиканти треба да се додипломци од четврта или петта година, да имаат покажано особен ангажман и интерес во областите банкарство и/или финансии, да имаат одлично познавање на англискиот јазик и работа со MS Office пакетот. Пожелно е познавање на MS SQL, .NET, итн. Начелно потребен е просек на оценки не понизок од 8,00.
Првиот круг на селекција ќе биде направен од страна на ФЕИТ. Конечниот избор на кандидатите ќе биде направен од страна на НЛБ Тутунска Банка. - S&T Македонија
Факултетот за електротехника и информациски технологии започна соработка со S&T Македонија, со која им се нуди можност на студентите да стекнат работно искуство, преку пракса, и да ги надградат своите професионални вештини.
Компанијата СиТ Македонија е дел од S&T Групацијата, со седиште во Виена- Австрија. Компанијата S&T е присутна во 22 земји од Централна и Источна Европа, регионот на Германија-Австрија-Швајцарија, како и на територија на Азија, вработувајќи околу 3100 лица. Акцииите на компанијата, од 2003та година котираат на Виенската берза на акции Wiener borse.
Компанијата е присутна во следниве земји: Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кина, Хрватска, Чешка република, Германија, Унгарија, Јапонија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Швајцарија, Турција и Украина.
Студентите би биле ангажирани на работна пракса во времетраење од еден или повеќе месеци, со можност за надомест и со можност за редовно вработување.
Студентите кои ќе бидат ангажирани како практиканти треба да се додипломци пред дипломирање или дипломци.
Првиот круг на селекција ќе биде направен од страна на ФЕИТ. Конечниот избор на кандидатите ќе биде направен од страна на S&T Македонија. - EOS Matrix
EOS Matrix обезбедува одлични услови за работа, голема можност за учење, со можност за понатамошно ангажирање со редовно вработување, како и паричен надомест за истата.
На крајот од праксата, практикантите ќе добијат и официјална потврда за остварена пракса во фирмата. Намерата на HR и IT одделите во компанијата е да самите практиканти ги издигне на ниво на EOS System Admin. Имајќи гипредвид клиентите на EOS Matrix, таквата потврда би требало навистина многу да им помогне на практикантите при нивно вработување.
Заинтересираните студенти можат да дознаат нешто повеќе за компанијата, за природата на работата и за дејноста со која се занимаваат на нивната веб страна: www.eos-matrix.mk, или да ја контактираат Андриана Кулеванова(Human Resources Administrator) на a.kulevanova@eos-matrix.com. - Институт за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ)
Институтот за стандардизација на Република Македонија изрази подготвеност и желба да им овозможи на студентите на ФЕИТ да ја остварат својата студентска пракса или да ја работат дипломската работа во нивните простории.
Институтот за стандардизација на Република Македонија е основан како независна јавна институција во март 2003 година и ги претставува националните интереси во меѓународните, европските и регионалните организации за стандардизација, ги промовира стандардизациските активности и преку здружување на јавните и приватните заинтересирани страни подготвува и усвојува доброволни национални стандарди. Повеќе информации за Институтот можат да се добијат на веб-страницата: www.isrm.gov.mk.
Заинтересираните студенти можат да го контактираат ИСРМ по електронски пат на адресата: isrm@isrm.gov.mk или на телефон: 02/3247 150 и 02/3247 151. Институтот за стандардизација на РМ е лоциран на улицата „Васил Главинов“ бб, блок 10, на мезанин, во Скопје. - Oглас за пракса во ФЛАОП
Факултетот за електротехника и информациски технологии на студентите им овозможува извршување на пракса во рамките на ФЛАОП. Заинтересираните студенти треба да се пријават кај проф. др. Аристотел Тентов и др Марија Календар на соодветните емаил адреси toto@feit.ukim.edu.mk и marijaka@feit.ukim.edu.mk. - Оглас за летна пракса во EVN
EVN Македонија ги повикува сите заинтересирани студенти од 3 и 4 година на додипломски студии или студенти на магистерски студии кои сакаат да реализираат летна пракса во EVN во периодот од 1 јули до 30 септември 2011 година, да достават своја куса биографија и мотивационо писмо на адреса praktikum@evn.mk најдоцна до 23 јуни 2011 година. Во прилог се дадени огласот и програмата на летната пракса. - ИНТЕР ДАНГОВ
ИНТЕР ДАНГОВ ДООЕЛ, Друштво за компјутерски активности се занимава со публикација и развивање на информативни веб страни.Целосен назив на фирмата: ИНТЕР ДАНГОВ ДООЕЛ - Друшто за компјутерски активности
Локација: Бул. Крсте Мисирков, ДТЦ Мавровка, лам Ц, кат 2, канц 1
Контакт: 075531480
Име и презиме: Трајко Дангов
- Компанијата ICELABS DOO објавува отворен конкурс за практиканти и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе информации за конкурсот се дадени во продолжение.
ICELABS DOO е компанија која се занимава со развој и имплементација на веб решенија и апликации базирани на системи за менаџирање на содржини и cart системи како на пример Magento, Drupal, Wordpress и нивна интеграција со web-сервиси.
Компанијата има потреба од студенти без работно искуство кои што имаат познавање од PHP, HTML, JS, CSS и MySQL бази на податоци.
Во текот на праксата студентите ќе се здобијат со:
Обука за имплементација на целосно решение за онлајн продажба
Официјална потврда за остварената пракса во компанијата
Паричен надомест
Можност за постојано вработување по евалуација на нивниот интерес, ангажман и вештини
Што е потребно?
Да бидете проактивни, самоиницијативни и комуникативни
Тимски играч со изразена желба за надградба и докажување
Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат на cv@icelabs.mk. Биографијата може да биде на македонски или на англиски јазик.
Огласот трае 15 дена од објавувањето. објавен на Датум: 18.06.2012 - Компанијата ИНТЕР ДАНГОВ повторно објавува отворен конкурс за практиканти и ги поканува студентите од трета и четврта година година на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе информации за конкурсот се дадени во продолжение.
ИНТЕР ДАНГОВ е компанија која се занимава со развој на веб апликации како и апликации за менаџирање на содржини на повеќе интернет страници, како на пример yupedia.com која претставува информативен портал од илјадници статии напишани на англиски јазик. Во развој е нов проект за македонски пазар, кој што е во почетна и концептуална фаза. Компанијата има потреба од студент кој што има познавање од PHP програмирање и MySQL бази.
Во текот на праксата студентите ќе се здобијат со:
Обука за заработување преку интернет со помош на текстуално рекламирање
Практично знаење за тоа како функционира една online компанија која што целосно функционира на интернет
Официјална потврда за остварената пракса во компанијата
Препораки за вработување
ИНТЕР ДАНГОВ се наоѓа во ДТЦ Мавровка. Практичната настава ќе се одвива од 09:00 до 15:00 но ќе постои големи ниво на флексибилност во поглед на времето, со тоа што ќе има секогаш разбирање кога студентот ќе има обврски од факултетот.
Сите заинтересирани кандидати може да пратат CV на sorovince@gmail.com. На истата email адреса можете да поставувате прашања во врска со секој аспект од практичната настава.
Огласот трае 30 дена од објавувањето. објавен на: 26.05.2012 - Smart Solutions, информатичка компанија од Скопје, партнер на водечките фирми во областа на информатички технологии (Dell, Hewlett Packard, Adobe, Symantec, Cisco, Corel, Microsoft, Quark и уште многу други), специјализирана за имплементација и поддршка на комплетни информатички решенија, има потреба од практикант/ка.
Ангажираниот практикант/ка ќе обавува практикантска работа како асистент на работната позиција Инженер за техничка поддршка на ИТ системи.
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
Висока стручна подготовка - Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство или од друга еквивалентна образовна институција (може и студенти на ФЕИТ), со или без работно искуство;
Возачка дозвола (Б категорија);
Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик - пишуван и говорен;
Познавање и искуство во администрирање на различни оперативни системи ќе се смета за предност;
Познавање на компјутерски мрежи и компјутерска мрежна опрема ќе се смета за предност;
Познавање и искуство во развој на апликативен софтвер - познавање на Java, Visual Basic.Net, SQL, MySQL ќе се смета за предност;
Дополнителни обуки и усовршување ќе се сметаат за предност;
Комуникативност, организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност.
Заинтересираните кандидати треба да испратат пријава со фотографија, кратка биографија на македонски и англиски јазик и копија од документите кои што го потврдуваат исполнувањето на горенаведените услови, преку e-mail, на office@smartsolutions.com.mk.
Огласот трае 20 дена од денот на објавувањето. Објавено на17.05.2012 - Kомпанијата 6PM објавува отворен конкурс за пракса и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе информации за конкурсот се дадени во продолжение.
6PM е една од најголемите водечки ИТ компании во Малта. Со своите канцеларии во Малта, Велика Британија и неодамна во Македонија, 6PM меѓу големиот број на клиенти ги вбројува British Airways, Cap Gemini, UK Local Government, The UK National Health Service, British Telecom, Fujitsu и Vodafone, нудејќи им ги своите врвни ИТ решенија и услуги.
6PM преку својата програма за обука и пракса нуди можност за извршување на дополнителна обука на млади, посветени ентузијасти кои покажуваат интерес во областа на Информатичката Технологија и им овозможува да се стекнат со практична примена на истите во компанијата.
Студентите ќе имаат можност да изберат, во зависност од нивниот интерес, да посетуваат обука од областа на .Net или Java технологиите. По успешното завршување на програмата за обука, кандидатите ќе имаат можност да стекнат практично искуство и знаење преку дополнително менторство од страна на технички експерти на 6PM.
Практикантите ќе битат евалуирани и во зависност од нивниот покажан интерес, посветеност, ангажман и вештини ќе им биде дадена можност за вработување во компанијата.
Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следните услови:
да започнат дополнителни студии по завршувањето на нивниот досегашен семестар од нивните студии;
многу добар пишан и говорен англиски јазик;
доказ за изучување на предмети од .NET или Java програмирање.
Кандидатите потребно е да ги поседуваат следниве карактеристики:
желба и одлучност да продолжат со професионална надоградба и личен план за развој;
способност за работа во тимска околина;
способност за постигнување на рокови и покренување на сопствена иницијатива;
одлични комуникациски вештини.
Вашите апликации (на македонски и англиски јазик) можете да ги испратите на следнава e-mail адреса: rstankovska@6pmplc.com
За повеќе информации можете да ја посетите нашата web страна или нa email адресата rstankovska@6pmplc.com
5.Пракса во МДС СОФТ Датум: 05.05.2012
Kомпанијата МДС СОФТ објавува отворен конкурс за пракса и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе информации за конкурсот се дадени во продолжение.
Фирмата МДС СОФТ која опстојува на македонскиот пазар веќе 13 години, нуди можност за извршување на пракса за студенти на проект.
Студентите ќе имаат можност да се запознаат со многу аспекти на програмирањето како теоретски, така и со практична примена на стекнатите знаења.
Проектот ќе се работи во програмските јазици VB.NET и C# .NET и поради тоа пожелно е кандидатите да имаат:
желба да ги совладаат соодветните јазици
да работат во тимска околина
да имаат афинитет кон предизвици и стекнување на нови знаења
Сите заинтересирани кои имаат некое дополнително прашање или сакаат да аплицираат, треба да пратат кратка биографија (CV) на следниот е-маил: vlatkost@mdssoft.com.mk
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 11:23 ---
МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ1.Eлем
2.Мепсо
3.Jonson Controls
4.USAID
5.ТИТАН УСЈЕ
6.Топлификација АД Скопје
7.Макстил
8.Т-Хоме
9.Т-Мобиле
10.Микросам