Offshore услуги

  • Креатор на темата Креатор на темата vardarce
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
Возраст
88
Веб-сајт
www.kajgana.com
Што се offshore услуги? Offshore значи анонимно извршување на разни работи (водење на фирма, примање пошта, отварање на сметки во банка итн.) Најдобро во се тоа е што тие фирми и други работи може да се работат во најразвиените земји во светот преку интернет и тоа со мал број на документи и без објавување на идентитетот, а се што треба да имате се пари. Целата работа се одвива доста брзо, одите на некоја вебстраната која нуди offshore услуги и таму ја барате таа услуга вас што ви треба. Едни од посигурните offshore вебстрани се www.maildropnet.com, www.offshore-companies.co.uk, www.panama-offshore-services.com, www.offshore-services.biz (имаат преставништо и во Србија) итн. Плаќањето за овие услуги се изведува преку Western Union, кредитни картички, e-Gold и на многу други различни начини кои зависат од самата offshore фирма. Сега ќе ги бидат опишани дел од услугите што ги нудат offshore фирмите.


1. Аноинимни фирми

За 1.000 до 1.500$ (зависи од локацијата) ќе добиете фирма со која вие ќе управувате. Можете да работите интернет бизнис, да примате кредитни картички преку вашата вебстрана и да ги работите сите работи што може да се работат со обичните фирми. Исто така добивате и mail drop односно адреса на која ќе ви стигнува пошта, а таа пошта ќе ви биде доставувана на било која друга адреса. Исто така добивате и сметка во банка на која ќе стигнуваат приходите на новата фирма. Земји во кои може да се направат offshore фирми се САД, Канада, Велика Британија, Јапонија, Панама, Маршалски острови итн.


2. Mail drop


Mail drop е адреса во земјата која вие ќе ја одберете и на која ќе стигнуваат писма и пратки. Кога тие ќе стигнат на таа одредена адреса ќе бидете известени за тоа преку e-mail и работите што стигнале ќе бидат препратени на адресата по ваш избор. Цена на оваа услуга е 300-500$ плус депозит од минимум 50$ за поштарина. Работите стигнати на mail drop уште истиот ден се испраќаат на таа друга адреса која вие ја имате одбрано. Земји кои може да ги бирате за ваш mail drop се Канада, Велика Британија, Јапонија, Панама, и САД (за mail drop во САД потребна е копија од ваша лична карта поради терористичките напади од 11 септември).


3. Банкарски сметки

Многу поволно можете да отворите ваша сметка во банка во различни земји од светот. Отварањето кошта од 150 до 1.000$. Најатрактивни се банкарските сметки во Швајцарија каде ќе можете да отворите и сметка во пошта за нешто помалку пари него како во банка. Доста барани и добри се банкарските сметките во САД но како услов да имате таму банкарска сметка е да имате и mail drop во САД. Со самата сметка добивате и преглед на статусот на вашата сметка преку интернет, а секој месец добивате месечен извештај за сите трансакции преку регуларна пошта. Овозможено е и отварање на ATM картички со кој ќе можете да подигате пари од кој било банкомат во светот. Исто така може да се воведе сервис за примање на кредитни картички преку вашата вебстрана (со доплата). Тие пари ќе одат на вашата нова сметка, а ќе може да ги подигате на пример со вашата ATM картичка. Земји во кој постојат offshore банкарски сметки се Швајцарија, Панама, Литванија, Маршалски острови и уште неколку други (зависи од offshore фирмата).


4. Анонимно примање и праќање на пари

Ако треба да анонимно примате или испратите некои пари можете тоа да го направите преку некоја offshore фирма која со одредена надокнада ќе го направи тоа за вас. При тоа сите трошоци за примање и испраќање на парите ги плаќате вие. Парите можете да биде примени и испратени преку Western Union, PayPal, e-Gold, NetPay итн. Цената на оваа услуга зависи од offshore фирмата и се движи од 20 до 100$ по трансакција (зависи од сумата на парите кои ги примате/испраќате).


5. Анонимни телефонски броеви

Ќе најдете доста вебстрани кои ја нудат оваа услуга но еден од подобрите е www.open-telecom.co.uk кој се занимава исклучиво со пренасочување на телефонски броеви од Велика Британија на било кој број во светот. Скоро сите offshore фирми ја нудат оваа услуга но подобро е да се разгледаат различните понуди од сите затоа што има голема разлика во цената. Инаку плаќате се одвива со самото отварање на бројот кој ќе биде пренасочен и цената на услугата се движи од 50 до 200$.


6. Документи и државјанства

Ако сакате можете да добиете државјанство од некои поддржани земји и тоа доста брзо. Се добиваат легален извод од книгата на родените, документи и останатото што е потребно за престој во таа држава. Се работи за легално добивање на државјанство и земјите кои се поддржани од offshore фирмите се претежно Јужна Африка, Гватемала, Панама итн. Цената се движи од 6.000 до 100.000$ што зависи од земјата во која сакате да добиете државјанство. Исто така можете да добиете пасош или лична карта од некоја од поддржаните држави и цената се движи од 5.000 до 50.000$ што зависи од тоа дали сакате пасошот да биде обичен или дипломатски. Ако ви е потребен печат со името на вашата фирма тоа можете да го добиете брзо и едноставно за само 100$. Штом offshore фирмата ги прими вашите пари вашиот печат ќе биде испратен на било која адреса во светот. За 500-3.500$ можете да набавите возачка дозвола во доста развиени земји. Испораката на возачката дозвола е во период од 7 до 12 недели.


7. Картички за подигање пари од различни електронски сметки

Ако имате e-Gold, NetPay, PayPal или некоја друга е-сметка, offshore фирмите можат да ви обезбедат дополнување на тие картички од споменатите е-сметки. Картичката која сте ја добиле можете да ја користите на било кој банкомат во светот за подигање на пари. Постојат три вида на овие картички: прва е ATM картичка со која можете да подигате пари само од банкомати, втора е ATM plus картичка која нуди можност на купување во сите продавници ширум светот и третата е комбинација од тие две значи купување во било која продавница и подигање пари од било кој банкомат во светот или плаќање со нејзе преку интернет. Се разбира и цената е различна за сите картички и се движи од 140 до 2.000$ (за третата опција е потребен депозит од минимум 1.000$). Добра и сигурна фирма која се занимава само со овој дел на offshore услуга е www.wmcards.com но може да се најдат и други фирми кои ја нудат оваа offshore услуга. Може некои фирми ќе бараат да испратите копија од лична карта, но се е тоа со цел да се спречи измама.


За крај треба да се спомне дека злоупотребата на offshore услугите е доста голема но во последно време се работи на тоа да се спречи злоупотребата. На некого овие услуги ќе им користат затоа што нудат разно разни услуги кои можат да им донесат многу пари и се тоа да го направат преку интернет.
 
Интересно. Пред два три месеци налетав на таква страна, ама некако сомнително ми делуваше.

Ама вака работат само политичариве кај нас, со швајцарски сметки и офшор компании кои купуваат во 4 очи (а можи и само со две очи да се помини ;)
 
cYb3rc0re напиша:
Интересно. Пред два три месеци налетав на таква страна, ама некако сомнително ми делуваше.

Ама вака работат само политичариве кај нас, со швајцарски сметки и офшор компании кои купуваат во 4 очи (а можи и само со две очи да се помини ;)
Стварно делува сомнително се ова, го користат "политичари", криминалци, луѓе со сомнителен бизнис, терористи и така натаму но исто така е корисно и за обични луѓе што сакаат да се занимаваат со регуларен бизнис преку интернет. Само се чудам кој ги раководи овие offshore фирми, кој е уствари газда, мафијата, владите на некои банана републики? :) Овие компании ми делуваат како француска легија на странци, ако сакаш да исчезнеш поради нешто едноставно се приклучуваш во легијата и повеќе не постоиш, минатото ти се брише на регуларен начин.
 
Еве ние обичните немаме толку пари за компанија овде да основаме, не во странство.

Иначе супер е, особено ако се занимаваш со софтвер и програмирање. Одиш во некоја фирма и викаш јас сум од Software and Co. од Панама, прајме софтвер, и место 100-200 евра од портал, ке земеш 10 000++. Денес и името продава.

Ама пак, можи и да се зезнеш, само парите да ги фрлиш, а фирма нема :icon_lol: . Затоа без ризик нема шизик.
 
Регистрираш фирма у некоја земја каде што не се плаќа данок и после си отвараш претставништво тука и уствари сет бизнис ќе ти биде тука, а нема да и плаќаш данок на државата. Прочитајте повеќе тука http://en.wikipedia.org/wiki/Tax_haven
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom