yin yang
Who, me?
- Член од
- 24 април 2005
- Мислења
- 1.621
- Поени од реакции
- 32
Судот во Стразбур во полза на Македонците од Грција и Бугарија
Стразбур, 08:56
Европскиот суд за правата на човекот во Стразбур, синоќа објави три многу значајни пресуди во полза на организации и припадници на македонското малцинство во Грција и во Бугарија.
Пресудите се однесуваат на кршењето на правата на човекот за поединци од партијата на Македонците од Лерин, „Виножито“, како и за поединци од партиите на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден и ОМО Илинден-Пирин.
Со пресудата во врска со „Виножито“, грчката држава е задолжена да плати отштета од 32 илјади евра поради неформална забрана, физички напад и непокренување истрага, кога членови на партијата сакаа да го истакнат името на партијата на македонски јазик, на балконот каде се сместени.
Со другите две пресуди, генерално, се осудува забраната за собирање и политичко здружување, како и забраната за одржување јавни манифестации односно митинзи на Македонците во Бугарија на крајот од деведесеттите години од минатиот век.
И во овој случај, државата, т.е. Бугарија, е задолжена на тужителите да им плати отштета, со тоа што, сумите се многу помали отколку во случајот со тужената Грција.
Во случајот на „ОМО Илинден и Иванов против Бугарија“, му се дава за право на тужителот, претседателот на партијата Јордан Костадинов Иванов, и се задолжува Бугарија да исплати 6.000 евра на сметката на тужителот и 800 евра на име на трошоци.
Државата во овој случај кој е заведен во Стразбур во 1998, е прогласена за виновна, бидејќи од 1990 кога партијата е формирана, неколку пати, се до 2004, одбивала да ја регистрира во суд. За целиот тој период, државата повеќепати забранувала оддржување митинзи на членови на партијата со кои тие сакале да оддадат почит на историски личности и датуми, значајни за Македонците во Бугарија и воопшто.
Судот решил дека Бугарија со вакви акти го повредила правото на мирно собирање на луѓето, регулирано со член 11 од европската Конвенција за правата на човекот.
Во другиот случај, „ОМО Илинден - Пирин и други против Бугарија“, кој е заведен во судот во Стразбур во 2000 година, исто така, се констатира кршење на член 11 од Конвенцијата и и се наложува на Бугарија да исплати отштета од 3.000 евра за нематеријална штета и уште 3.000 евра за судски и други трошоци.
Во сите три пресуди, земени се предвид и одлуките на Судот по други вакви случаи што во Стразбур ги добивале Македонците од Бугарија или од Грција.
Двете држави се задолжени пресудите да ги извршат во рок од три месеци, а во спротивно ќе плаќаат и камати според Европската централна банка, зголемени за три проценти.
Линк:
http://www.makfax.com.mk/look/agencija/article.tpl?IdLanguage=10&IdPublication=1&NrIssue=263&NrSection=30&NrArticle=12105&ST1=tekst&ST_T1=vest&ST_AS1=1&ST_LS1=-1&ST_max=1