Од 1-8 одделение, какви книги по англиски јазик користат учениците ?

  • Креатор на темата Креатор на темата paraglajder
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.845
Поени од реакции
1.638
Дали некој знае да каже, какви книги по англиски јазик користат учениците од прво до осмо оделение во Македонија?

Headway?

Дали во различните училишта е различно или се користи истиот сет на книги насекаде?
 
Како не, секое основно различни користи. Јас кога бев основно користевме "Opportunities", школото некоја улица подоле користеа "Headway" :toe:
 
Порано беа различни од училиште до училиште, од професор до професор, на кој како ќе му текнеше... А сега пошто нели даваше владава учебници најверојатно сите учат од исти(најверојатно им стигнале :pos2:)
 
Како не, секое основно различни користи. Јас кога бев основно користевме "Opportunities", школото некоја улица подоле користеа "Headway" :toe:


Opportunities или New Opportunities?

Headway или New Headway?

Мислам дека за помалите од 1 до 4 одделение се други книгите додуша. Некои по детски...
 
Ја од коа знам 5-8 кај мене у школо ти се Дрим Тим а сеа ни се Блокбастер :)
 
Колку што се сеќавам ние во Кратово за шесто, седмо и осмо одделение користевме и користиме книги од Dream Team.Само стандардно се е испобркано (Dream Team има четири нивоа, а ние во осмо го учиме третото, незнам кога ќе го учиме четвртото.Би требало да почнеме од петто одделение, па до сега да завршиме.Пет години учиме Англиски, а неможеме да поминеме четири верзии - тоа се вика македонски образовен систем).Инаку кај нас наставниците по јазици (конкретно за Англиски зборувам) немаат факултети имаат само курсеви, а има и такви кои имаат дипломирано македонски јазик и книжевност али си предаваат Англиски и башка илегално настрана држат илегални курсеви по Англиски користејки го училишниот простор, греење, инвентар, прибор и сл.
 
Deam Team учевме во основно. Ама тоа зависи и до професорот што предава. Инаку, многу ми недостасуват содржините што биле на мода по почетокот на деценијава или покасно!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom