Образовниот систем во РМ

  • Креатор на темата Креатор на темата Nedelkovski
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јули 2010
Мислења
111
Поени од реакции
23
КРИТИКИ И РЕШЕНИЈА ЗА ПРОБЛЕМИТЕ ВО ВРСКА СО ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ ВО НАШАВА ЗЕМЈА..

(за сите нивоа од основно до високото образование)
 
Критики ако земеме да пишуваме, ќе падне серверот на форумов... :toe: А решенија... освестување и развивање на критичната свест кај младината како би истата можела да се побуни и ги поправи работите. Апатија има насекаде и додека тоа не се смени, промени и решенија нема да има.
 
Моменталната состојба е слична како во здравството.

Да видиме-

 
Овој образовен систем губи една од поважните улоги,а тоа е да ги открие талентираните поединци,да ги одвои и да им овозможи развивање на нивниот потенцијал.

Тргнувајќи од основното образование каде што имаме предмети на кој се обврнува премногу внимание и предмети на кои не се обврнува толку внимание се занемаруваат од страна на наставниците и учениците.На пример предметот математика се смета за толку битен и сите креваат прашина околу него,голем дел од времето кое е издвоено за учење од страна на учениците му е посветено на математиката.Што е со предметите како спорт,ликовна и музичка уметност.Што доколку некое дете е талентирано токму за овие предмети,како тоа дете ќе го разоткрие и развие својот потенцијал кога како прво ни самите предметни наставници не се доволно ангажирани,ниту пак учениците доволно мотивирани да работат.Зошто да им се дава поголема шанса на оние на кои левата хемисфера им е поразвиена од десната?Зашто им се дава поголема шанса на оние со повисока когнитивна интелигенција,наспроти оние со повисока музичка,интелигенција за цртање,интраперсоналната итн..Зашто учениците кои се надарени за идни психолози немаат можности ниту во основното ниту пак во средното(мислам дека нема средно училиште за психологија).

Средното образование не е ништо подобро.Имаме стручни школи да,но каков е системот во нив.Каков е кадарот што предава во нив,какви се условите и на крај какви се учениците кои што учат некое стручно школо.Дали тоа се стварно надарени и ученици кои стварно ги интересира таа струка или пак се ученици со слаб успех од основно па единствената можност за задолжителното средно им се стручните училишта.Наместо стручните да бидат место на квалитетни ученици кои постојано ќе се надоградуваат,тие стручните школи се беда,затвори.Наспроти тоа,гимназиите кои се опремени со солидни услови,предаваат добри кадри и во нив учат солидни ученици тие се само гимназии и не се насочуваат учениците во никаков правец во никаква струка.Се учат многу општи и непотребни работи кои понатака би им биле потребни на работното место.Во гимназиите се создава добри карактери,но не и стручно квалификувани ученици.

Факултетите не се ништо подобро место за здобивање на некакво образование.Премногу теорија без никаква пракса.Корумпирани професори,студенти кои се запишуваат на факултет колку да го следат трендот и да имаат факултетска диплома,без разлика од која област е истата.Денес факултет да завршиш е повеќе како обврска,а не право на избор дали и што да студираш.Она што се студира на факултет,ама нема баш никаква врска со тоа што ќе ни го побараат работодавците.Знаењето од една струка економист,правник,компјутерски инжењер или што и да е 90% се стекнува од првиот ден на работа па натака,што не е правилно.Бидејќи сме дипломирани економисти или правници или инженери треба да сме веќе способни да го искористуваме знаењето а не тек да го стекнуваме...
 
Образованието ни е катастрофа. Се зависи од професорот, ако има авторитет, ок. Ако нема отиде предметот во неповрат, никогаш нема ништо да научиш. Треба да се почне од професорите, тие што не ги бива за предавање, дома. А такви се повеќе од половина, така да ни нема спас.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom