Нутриционизам (помош)

  • Креатор на темата Креатор на темата Dynamo
  • Време на започнување Време на започнување
D

Dynamo

Гостин
Планирам да се запишам на факултетот за Нутриционизам во Велес,дали има некој кој има одено на овој факултет и да ми даде неколку информации,колку се плаќа годишно,со колку години е факултетот и каде се може да се вработиш.
 
Запишување на семестар ти е 6.150 денари, во годината имаш два семестри така да 12.300 денари ти одат само за партиципација, плаќање за лабораторија е 500 денари и уште нешто ситно. Така да горе доле околу 15.000 денари годишно. Ова е само за упис, пријавувањето за испит (казнена сесија 500 ден од предмет и редовна сесија 300 ден од предмет) се башка, исто и за презапишување на предмети се плаќа 1.000 денари од предмет.

Факултетот ти е со четири години, вработување можеш да најдеш во болници каде што сервираат храна, и во многу други слични места, можеш и сам да си направиш бизнис и да си отвориш фирма каде што ќе одредуваш диети и слични такви работи на луѓе кои што им е потребна помош, но треба огромно искуство да имаш за сето ова.
Но има само една лоша страна, нутриционизамот во Македонија не е признат од страна на Министерството за Здравство, така да тоа е огромен минус, додека во другите држави како што се Србија и Хрватска е признат и доста кредитиран, Хрватска го имаат најдобриот факултет за Нутриционизам, најдобар во цела Европа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom